Трипуновски од Белград: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на секторот винарство

„Денеска Република Македонија се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. “

„Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“. Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Оваа е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани овде на саемот“, додаде министерот Трипуновски.

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.

„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски, соопшти МЗШВ.

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, бараат договор со Град Скопје

Од саемот во Белград, премиерот Христијан Мицкоски синоќа најави дека Владата ја разледува можноста за набавка на 100 до 120 електрични автобуси кои освен за Скопје, би биле распределени и во други градови во земјава во кои има јавен градски превоз.

Од понеделник и приватните превозници се враќаат на скопските улици. Наместо само во попладневните часови како што веќе подолг временски период сообраќаат, се враќаат од утринските, но не во полн капацитет туку како што велат само оние превозници кои имаат финансиски можности. Кажаа дека се охрабриле најмногу поради револтот кај граѓаните, но и од предлогот на градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на изминат километар, нешто што го бараат подолг период.. Бараат и да бидат плаќани преку градот, наместо како досега од ЈСП од каде нагласија дека им должат околу 650 илјади евра.

„Треба да не разберете, ситуацијата е таква, условите се такви затоа ги молиме советниците да излезат во пресрет заеднички да најдеме решение за нашиот проблем ние имаме како што знаете и 200 автобуси можеме да го покриеме недостатокот на автобуси кај ЈСП и целата оваа криза ќе заврши брзо.“

„Битни се граѓаните, да го опслужиме јавниот интерес, да ни се покачи цената и на плата да се смени да не бидеме плаќани преку ЈСП туку да бидеме плаќани директно од градот, пошто ние сега чекаме пари од нив а знаеме какво претпријатие е ЈСП и знаете ние како ги добиваме парите, на рати и не можеме да фукционираме.“

Проблемот со јавниот градски превоз владта размилсува да го реши со набавка на стотина електрични автобуси– најави премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од нив ќе бидат наменети за главниот град, а останатите за оние општини каде има организиран јавен градски превоз..

“Анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:30.

Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок..“

Колапсот со јавниот превоз во главниот град пред два дена беше надминат откако Владата одлучи да остапи 250 илјади литри гориво на ЈСП од државните резерви, за да се премости перидот додека се повтори тендерот за набвака што беше поништен. За хасот со јавниот превоз, вчера пред Град Скопје протестираа жителите на Шуто Оризари, учниците и студентите...

Во Белград продолжува Саемот на вино: од Македонија учествуваат 80 винарски визби

Во Белград продолжува саемот на вино, што се организира во рамки на Отворен Балкан...

Во Белград се одржува вториот ден од Саемот на вино винска визија во рамки на Отворен балкан.На Саемот присутни се 80 винарии од Македонија, 6 изложувачи на храна, ресторан со 3 готвачи. Изложувачите се задоволни од Саемот, велат овој саем им ги отовра вратите за понатамошна соработка и пласман на нивните вина и на пазарите во регионот и пошироко.

Македонија има најмногу изложувачи оваа година а ваквиот тип на промоција и тоа како им помага на нашиот производители порача министерот за земјоделие Цветан Трифуновски. Македоинија е 22најголем производител на вино и 29 извозник на вино во светот .

Саемот и официјално се отвори вчера каде обраќања имаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, кои порачаа дека инцијативата Опен Балкан е платформа за поврзување на регионот со светот. Премиерот Мицкоски пред отворањето на Саемот имаше и тетатет средби со Вичиќ и Вучевиќ на кој се разговарало за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици.

Вчера беше организиранаи Македонска вечер на која на која беа присутни голем број стопанственици бизнисмени дипломати, македонски и српски државници и голем број гости од регионт . Саемот завршува утре кога ќе биде и прогласено најдоброто вино.

Надал ја донесе првата деловна одлука по заминувањето во пензија

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

- Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово - се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.

притисни ентер