Тојота ја менува стратегијата, планираат значително поголемо производство во Кина

Јапонскиот автомобилски гигант Тојота планира да произведува најмалку 2,5 милиони возила годишно во Кина до крајот на деценијата, што означува промена во стратегијата што треба да ја врати изгубената позиција на најголемиот светски пазари.

Во последниве години, Тојота беше заменета во Кина од домашни играчи предводени од BYD, кои во меѓувреме започнаа силни напади на странските пазари. Јапонската компанија сега сака да го зголеми производството во Кина до три милиони возила годишно до крајот на деценијата, велат извори. Но, официјалната цел сè уште не е одредена, велат извори кои сакале да останат анонимни бидејќи планот се уште не е официјален.

Наведената бројка ќе претставува зголемување од 63 отсто во однос на рекордните 1,84 милиони возила произведени во Кина во 2022 година. Во 2023 година тие произвеле 1,75 милиони. Тојота информира некои добавувачи за планираното зголемување за да им испрати порака дека планира да продолжи да работи со азискиот гигант за да обезбеди снабдување, велат изворите.

„Со оглед на интензивната конкуренција на кинескиот пазар, ние постојано разгледуваме различни иницијативи“, сопшти Тојота како одговор на барањето на Ројтерс, истакнувајќи дека имаат намера да продолжат да работат на производство на „подобри автомобили“ за кинескиот пазар.

Јапонскиот гигант, исто така, сака да подготви терен за поблиска соработка меѓу производствените и продажните одделенија на двете компании што ги формираше во соработка со кинеските партнери со цел да се подобри ефикасноста, велат извори.

Тие, исто така, имаат намера да ја пренесат моќта на развојот на технологијата за електрични автомобили на работниците во Кина што е можно повеќе, бидејќи тие подобро ги знаат преференциите на кинеските потрошувачи.

Тинејџер убил девојче поради кавга за мече (ВИДЕО)

Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби 15- годишно девојче со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.

Тој ѝ го забодел ножот во вратот на Елиан, пријателката на неговата поранешна девојка, откако се расправале бидејќи тој одбил да ѝ го врати плишаното мече.

Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностицираниот аутизам, пренесува Sky News.

Сентаму, кој имал 17 години за време на убиството, рекол дека ја убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.

Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.

Судењето на тинејџерот продолжува пред судот во Лондон.

Божикна шега: На шефот му завиткале сѐ во канцеларијата со шарена хартија, тој збеснал (ВИДЕО)

Вработени во една компанија во Охајо решиле да ја направат ултимативната божиќна шега со нивниот шеф, кој се вратил на работа по девет дена одмор.

Тие ја завиткале целата негова канцеларија во хартија за завиткување со божиќна тема, вклучувајќи ги ѕидовите, компјутерот, тастатурата и секој пијалок во неговиот мини фрижидер, а потоа ја покажале неговата реакција кога влегол во канцеларијата.

„Ох, по ѓаволите“, извика шокирано од она што се случило со неговата канцеларија, а девојките се смеат во ходникот. Потоа рече: „Морам некако да најдам начин да работам овде... Знаете дека имам околу 800 мејлови“.

Девојките опишале како нивниот менаџер бил во „целосно неверување“ и дека следниот пат кога ќе оди на одмор треба да постави камера во канцеларијата.

Откако видеото стана вирално и собра речиси 9 милиони прегледи, девојките решија да изведат нов трик. Овој пат во канцеларија ставиле огромен диносаурус на надувување со божиќна капа. „После ова дефинитивно ќе постават камера“, велат девојките.

@lake.erie.arms Replying to @Micbreclo & the prank series continues! #workpranks #fired #officepranks #officehumor #prank #prankwars #employee #boss #fyp #officelife #humor #funny #worklife #employeeofthemonth #viralvideo ♬ Run, Rudolph Run - Chuck Berry

Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

притисни ентер