Светот во 2024: Срамот треба да го чувствува другата страна

 Според официјалните податоци на УНИЦЕФ, повеќе од 370 милиони девојки и жени, кои и денес се живи, биле жртви на сексуално насилство пред да наполнат 18 години

Според официјалните податоци на УНИЦЕФ, повеќе од 370 милиони девојки и жени, кои и денес се живи, биле жртви на сексуално насилство пред да наполнат 18 години, што значи дека една од осум, биле жртви на силување или сексуален напад пред да станат полнолетни. Ако се вбројат и случаите на „неконтактни“ облици на сексуално насилство, како насилство на интернет и вербално вознемирување, тогаш бројката е 650 милиони односно секоја петта жена била жртва на сексуално насилство.

Сексуалното насилство ги надминува географските, културните и економските граници и е присутно ширум светот. Но, голем број од нападите врз девојчињата и жените не се пријавени, поради срам, страв од осуда на околината, која често вината ја гледа кај жртвата, а не кај напаѓачот, како и долгите судски процеси.

Но, по 19 декември има надеж дека сето тоа може да се смени, пред сè благодарение на храброста на една Французинка, но и Судот во Авињон, кој за рекордно кратко време од 3,5 месеци го заврши судењето за масовното силување на Жизел Пелико.

Во овој случај никој не може да инсинуира дека жртвата „сама си го барала“, бидејќи таа била дрогирана и во бессознание. Уште помонструозно е тоа што главниот организатор на речиси една деценија силување е сопругот, со која била 50 години во брак.

Во септември, Франција, но и светската јавност беше згрозена од обелоденето злосторство врз жена која девет години била дрогирана и околу 200 пати силувана во нејзиниот дом од различни мажи додека била во бессознание. Но, јавноста ја поздрави и ја поддржа храброста на Жизел судењето против 51 маж, вклучително и нејзиниот, сега веќе, поранеше сопруг, да биде отворено за јавност.

- Одлучив да не се срамам, бидејќи не направив ништо лошо. Тие се тие кои треба да се срамат, изјави Пелико на почетокот од судењето.

Доминик Пелико од 2011 до 2020 година во храната на Жизел ставал лек против анксиозност и таблети за спиење и смирување. Кога ќе се онесвестела таа била жртва на силување на непознати мажи, регрутирани преку интернет од нејзиниот сопруг. Во тој период Жизел го губела помнењето, почнала да и паѓа косата и да губи тежина, но лекарите не можеле ја откриле причината за нејзината нарушена здравствена состојба.

Таа одлучи да се откаже од анонимноста како жртва на сексуален напад со цел да ја подигне свеста за употребата на дрога за силување и сексуална злоупотреба.

- Секоја жена која ќе се разбуди едно утро, а не се сеќава на претходната ноќ, треба да запамти што реков. Жените повеќе не би требало да станат жртви на хемиска потчинетост. Бев жртвувана на олтарот на гревот и ние мора да зборуваме за тоа, посочи Жизел на судењето.

Таа апелира да не се банализираат сексуалните напади.

- Време е мачо патријархалното општество да го смени ставот за силувањето. Патријахалното општество го банализира силувањето и тоа мора да се смени, истакна Пелико пред судот во Авињон.

Случајот Пелико иницираше дебата како во Франција, така и во други земји, за дефиницијата што е силување и дали во законот треба да биде одредено што е недвосмислена согласност на сексуален чин.

- На судењето слушнав дека речиси е безначајно да се силува. Видов луѓе кои го негираат силувањето и тие кои го признаваат. Сакам да ги прашам, кога влеговте во мојата спална соба, во кој момент ви дадов согласност, ги праша Жизел обвинетите за време на судскиот процес.

Во септември 2020 година Доминик Пелико е приведен поради вознемирување на жени односно снимал жени под здолниште во супермаркет. При претресот во неговиот телефон и компјутер пронајдени се вкупно 20.000 видео-снимки и фотографии од сексуалните напади врз Жизел. Иако на снимките се појавуваат 83 мажи, полицијата успеала да идентификува само 51 маж.

Најмладиот силувач имал 22 години, додека најстариот 68 години, од кои голем број биле во врска или во брак и имаат деца. Соучесниците на Доминик се со различни професии од пожарникари, фармацевти, работници и новинари. Сите тие живееле во радиус од 50 километри од домот на Жизел во село Мазан.

Против нив беа подигнати обвиненија за силување под дејство на дрога, но 35 од нив негирале дека се виновни. Некои од обвинетите се бранеа дека мислеле оти тоа е дел од сексуалната игра на сопружниците, а други тврделе дека не е силување ако дозволил сопругот, што укажува на патријархалниот став оти сопругата е сопственост на мажот. Некои обвинети тврдеа и оти не знаеле оти Жизел е дрогирана, но Доминик во сведочењето негираше дека мажите ги довел во заблуда, истакнувајќи оти точно знаеле што прават.

Јас сум силувач како и другите во оваа соба, изјави 71-годишниот Доминик Пелико.

На 19 декември судот во Авињон ги прогласува за виновни Доминик и 50 мажи, од кои 46 се виновни за силување, двајца за обид за силување и двајца за сексуален напад. Еден маж, кој не ја силувал Жизел е осуден поради силување на неговата сопруга со помош на Доминик. Друг маж е осуден во отсуство бидејќи е во бегство.

Но само Доминик кој е осуден на максимална затворска казна, согласно француските закони, неговите соучесници добија помали затворски казни од тоа што бараа обвинителите. Тие се осудени од три до 15 години за силување на Жизел додека била во несвесна состојба.

Доминик, покрај за силување е прогласен за виновен и за производство и дистрибуција на сексуални слики на својата возрасна ќерка Каролин и жените на неговите синови. Тој е осуден на максимална казна затвор од 20 години.

Жизел изјави дека нема да се жали, а се претпоставува дека и осудените нема да е жалат на судската одлука.

- Кога се почна на 2 септември, сакав да се осигурам дека општеството ќе види што се случува и никогаш не зажалив за таквата одлука. Сега имам доверба во нашата способност заедно да создадеме иднина во која сите, жени и мажи, можат да живеат во хармонија со почитување и меѓусебно разбирање, изјави Жизел по изрекувањето на пресудите.

Таа истакна дека судењето било многу „тежок испит“ за неа и за нејзините три деца и нејзините внуци, но оти тоа го направила за нивната иднина. Пелико ги поддржа и жртвите на сексуално насилство чии приказни не се раскажани.

- Мислам и на сите други семејства погодени од овој случај и на непризнаените жртви во приказните кои често се во сенка. Знајте дека водиме иста борба, наведе Жизел.

Таа повтори дека не жали поради одлуката судењето да биде јавно бидејќи само така општеството може да види што се случило.

Судењето ја откри темната страна на човекот. Експертите треба да дадат одговорат што доведе до масовно силување – дали неказнивоста или малите казни за сторителите, патријархалното општество, дплгите судски процеси, ревиктимизацијата на жртвата, осудата од јавноста што е насочена кон жртвата. Како толкав број на мажи на мал простор од 50 километри сакале да учествуваат во перверзиите на Доминик. Неколку мажи кога виделе за што се работи одбиле да не учествуваат, но не пријавиле во полиција. Исто така загрижувачко е што интернет-страницата каде Доминик регрутирал мажи за своите перверзии, што е затворена минатата година, имала 500.000 посетители месечно.

Годината што изминува ќе остане запомнета по храброста на Жизел Пелико, а нејзината изјава „Срамот треба да го чувствува другата страна“ стана мото на глобалната борбата против сексуалното насилство и неправдата кон девојчињата и жените.

Канал 5 ви посакува Среќна Нова 2025 година

2025 да ни донесе нова надеж, успеси во домот, на работното место и насекаде каде што се наоѓате.

Просперитет, не само личен, туку и на целото општество и државата.

А пред сѐ љубов, здравје и многу насмевки и взаемна почит кон блиските и меѓу сите нас.

Канал 5 Ви посакува СРЕЌНА НОВА 2025. ГОДИНА!!!

Финансиски хороскоп за 2025. – на кои знаци парите ќе им паѓаат од небо?

2025 година ни носи возбудливи финансиски аспекти и предизвици за секој хороскопски знак.

Со значајни планетарни движења, оваа година ветува дека ќе биде година на раст, трансформација и внимателно планирање на парите. Додека некои знаци може да доживеат непрогресивни финансиски придобивки, други можеби ќе треба да се фокусираат на преструктуирање и помудро управување со нивните ресурси.

Дознајте кој дел од годината го чека вашиот знак на полето на финансиите и дали сте меѓу среќните ѕвезди.

Овен

Транзитот на Сатурн во 2025 година советува внимателен пристап кон финансиските одлуки. До март, Сатурн е во вашата 11-та куќа на добивки и стратешки инвестиции. Ова е најдобриот период за планирање долгорочни финансиски проекти, деловни сојузи и нискоризични потфати како фиксни депозити, обврзници или заеднички фондови. Иако изгледа дека е постигнат мал напредок, напорите ќе се исплатат и планирањето ќе биде доследно. Почнувајќи од април, Сатурн се преселува во вашата 12-та куќа, поради што е важно да ги контролирате вашите трошоци и да заштедите пари. Итни трошоци, вклучувајќи патни, медицински или верски трошоци, може да настанат во секое време. Држете се до потребните трошоци и не инвестирајте во она што може да биде висок ризик.

Бик

Во 2025 година, енергијата на Сатурн е фокусирана на заштеди и инвестиции. До март, Сатурн во вашата десетта куќа ќе донесе благодет и ќе ви помогне да работите повеќе и подобро да планирате. Ова е добро време да планирате унапредување, да платите за образование или која било друга долгорочна инвестиција. Треба да се избегнуваат ризични инвестиции, а диверзификацијата треба да биде редот на денот за да се воспостави силна финансиска основа. Од април, Сатурн се сели во вашата 11-та куќа на добивките. Оваа фаза гарантира дека има добри деловни партнерства и инвестиции во имот или групни активности. Обидете се да ги зголемите приходите во текот на годината.

Близнак

2025 година претставува планирање и бавен, но стабилен финансиски напредок за вас. Сатурн продолжува да ја транзитира вашата деветта куќа на високото образование и филозофија до март; затоа, добро време е да ги поврзете вашите финансиски цели со вашата визија. Ова е најдобро време да се изгради човечки капитал преку образование и обука или да се инвестира во основни средства. Избегнувајте да се занимавате со ризични операции и барајте да стекнете искуство. Почнувајќи од април, Сатурн се преселува во 10-тата куќа и се фокусира на паричните придобивки поврзани со професионалниот живот. Колку повеќе работа, колку повеќе труд се вложува во тоа, толку е подобар приносот. Инвестирањето во бизнис или вештини ќе биде многу ефикасно.

Рак

Во 2025 година, Раковите треба да бидат внимателни кога ракуваат со пари. До крајот на март, Сатурн ќе минува низ осмата куќа; затоа, внимавајте на заедничките финансии, долгови и обврски. Ова е вистинско време да ги решите нерешените финансиски прашања, особено семејните средства и да ги редизајнирате плановите за да ги направите постабилни. Не вклучувајте се во високоризични инвестициски операции, туку држете се до производите како фиксни депозити или планирање за пензионирање за да изградите силна основа. Сатурн се сели во 9-та куќа во април и го истакнува долгорочното финансиско планирање. Образованието, развојот на вештини или инвестирањето во меѓународниот бизнис може да донесе добар принос.

Лав

Лавови, 2025 година е година на финансиска одговорност и ефективно финансиско планирање. До март, Сатурн во седмата куќа укажува на деловно или лично партнерство и меѓусебна соработка во монетарните работи. Ова е добро време да ги разгледате заедничките вложувања и договори и да се осигурате дека тие се стабилни и добро дефинирани. Владеењето на Сатурн во оваа област од животот значи дека најверојатно ќе бидете повнимателни и со помала веројатност да дејствувате импулсивно. Почнувајќи од април, Сатурн се преселува во осмата куќа. Овој период бара некаква финансиска реорганизација поврзана со заеднички средства, долгови и даноци. Фокусирајте се на акумулација и заштита на семејните ресурси.

Девица

Транзитот на Сатурн во 2025 година ќе го одреди вашето финансиско однесување. Сатурн во шестата куќа до март е за да научите како да живеете во рамките на вашите можности, да ги плаќате сметките и да создадете солидна финансиска рамка. Ова е време да бидете внимателни и штедливи, за секој потрошен денар да биде неопходен трошок. Сатурн помага мирно да се справите со монетарните работи, овозможувајќи ви да стекнете контрола над парите. Од април Сатурн се преселува во седмата куќа, која се занимава со партнерски и заеднички финансиски обврски. Време е да се развие доверба во заедничките вложувања и да се осигура дека сите аранжмани се добро дефинирани.

Вага

Вага, 2025 година ќе биде баланс на имагинација и логично размислување. До март, Сатурн во петтата куќа дава одобрение за безбедно инвестирање и умерено преземање ризик. Ова е период во кој треба внимателно да ги планирате финансиските планови и да избегнувате непромислено трошење или ризични инвестиции. Иновативноста и креативноста ќе доведат до неконвенционални можности за инвестирање и финансиски раст, но тоа не значи дека инвестицијата ќе успее без планирање и напорна работа. Од април, Сатурн преминува во шестата куќа и го менува правецот кон трошоци, долгови и стабилност. Оваа фаза бара многу дисциплина, правилно управување со ресурсите и постепено финансиско планирање за иднината.

Шкорпија

2025 година е добро време да се постават темелите за иднината со грижа за имотот, поправка на куќата или грижа за финансискиот аспект на семејството. Енергијата на Сатурн ни помага да бидеме мудри и да работиме напорно, па затоа е најдобриот период да анализираме стратегии, да заштедиме пари, да ги исплатиме долговите и да воспоставиме итни фондови во текот на првиот дел од годината. Почнувајќи од април, планетата на трансформацијата, Сатурн, се преселува во вашата петта куќа на креативноста, инвестициите и личната работа. Оваа фаза се карактеризира со преземање ризици кои имаат поголема веројатност да се исплатат, а долгорочните проекти ќе бидат корисни. Ако некој е дисциплиниран, можно е да оствари добар финансиски профит.

Стрелец

Стрелец, 2025 година е година на финансиско истражување и раст, особено затоа што Јупитер во Близнаци - во вашиот партнерски сектор - во првата половина од годината носи можности за соработка со другите за да се создаде богатство. Ова може да изгледа како заеднички потфат, деловни потфати или дури и преземање финансиски ментор. Вашиот природен оптимизам ќе биде награден, но важно е да се погрижите да не се раширите премногу слабо бркајќи премногу можности одеднаш.

Јарец

Сатурн во втората куќа на почетокот на 2025 година ги тера Јарците да се фокусираат на финансиската одговорност и управувањето со богатството. Ова е време да ги отплатите сите ваши долгови, да заштедите пари и да инвестирате во нискоризични, безбедни форми на инвестирање. Сатурн ја прави личноста дисциплинирана за парите и ја подготвува потребната рамка за финансиска стабилност на долг рок. Почнувајќи од април, поради движењето на Сатурн во третата куќа, фокусот ќе биде ставен на користење на комуникациските вештини, социјалните мрежи, патувањата и планирањето. Ова е добра можност да барате нови извори на приход преку диверзификација или развивање на нови вештини.

Водолија

За родените во знакот Водолија, 2025 година започнува со Сатурн во првата куќа, што ги прави поодговорни, дисциплинирани и логични во финансиските прашања. Ова е време да размислите за вашето однесување на трошење и финансиската дисциплина што мора да ја усвоите за да ја изградите вашата иднина. Првиот квартал од годината е најдобро време за реорганизација и позиционирање. Енергијата на Сатурн може да изгледа ограничена, но ќе предизвика таа да остане на вистинскиот пат. Од април, Сатурн се пресели во втората куќа, повикувајќи на мудри инвестиции и фискална дисциплина. Размислете двапати пред да инвестирате. Инвестирањето во земјиште и недвижен имот може да биде плодно по длабинска анализа.

Риби

Новата година започнува со Сатурн во 12-тата куќа за луѓето Риби, што значи дека ќе мора да го преиспитаат својот финансиски живот. Оваа фаза се фокусира на концентрација на средства, отплата на долгот и умерено ниво на расходи. Дополнителните трошоци што може да се појават вклучуваат медицински трошоци и патни трошоци. Затоа, треба да се внимава при подготовката на буџетот. Позицијата на Сатурн не е поволна за преземање големи ризици; затоа, ова е време да се изгради силна финансиска иднина преку бавни и постојани напори. Сатурн се преселува во првата куќа од април, а фокусот се префрла на личните напори и навременото донесување одлуки. Преземете одговорност за вашите финансиски одлуки за да воспоставите долгорочна стабилност.

Пронајдени украдените луксузни часовници на Кијану Ривс

Актерот Кијану Ривс доби одлична вест пред крајот на годината, бидејќи полицијата успеа да врати три луксузни часовници кои му беа украдени.

Имено, во Чиле се пронајдени три рачни часовници, меѓу кои и еден ролекс чија вредност се проценува на 9.000 евра.

Тие беа украдени од неговиот дом во Лос Анџелес за време на грабеж пред една година.

Вредни додатоци биле пронајдени во источниот дел на Сантијаго при полициска акција. На еден од часовниците е изгравирано името на познатиот актер и пораката „2021, JW4, благодарам, The John Wick Five“.

Инаку, полицијата соопшти дека е уапсен и маж осомничен за кражба, кој моментално е во притвор, пишува „АБЦ њуз“.

притисни ентер