Суспендирани се над 10.000 ученици во Грција поради употреба на мобилен за време на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Опен“, Пиеракакис рече дека конкретната мерка воведена за првпат оваа година е целосно поддржана како од професорите и наставниците, така и од родителите на учениците.

-Според едно истражување 86 отсто од јавното мислење ја поддржува мерката. Во пракса, мерката ја прифатија и просветните работници, затоа и е успешна, ја прифатија и професорите и наставниците и родителите, истакна Пиеракис.

Во однос на изречените над 10.000 суспензии, посочи дека тоа „не е доказ за успешност, туку доказ дека мерката се спроведува“, а главната цел е заштита на децата.

На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.

Фудбалер на Баерн е фатен како вози пијан во Ламборџини од 216.000 евра

Фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис, денеска во раните утрински часови бил запрен од полицијата во Минхен.

Левиот бек на германскиот тим бил фатен како вози пијан. Дејвис го возел своето Lamborghini Urus, вредно 216.000 евра, а полицијата по алкотестирањето утврдила дека возел со 0,6 промили алкохол во крвта, пренесува Bild.

Канаѓанецот бил фатен околу два часот по полноќ, а по алкотестот морало да го земе лице од доверба. Дејвис за овој прекршок се соочува само со прекршочна казна бидејќи во Германија е кривично дело возење со повеќе од 0,8 промили алкохол во крвта. Дејвис ќе мора да плати казна од 500 евра. Билд наведува дека и покрај инцидентот, Дејвис утрово најнормално тренирал со тимот. Баерн се уште не ја коментирал целата ситуација.

Да потсетиме, Дејвис е на излезната врата од германскиот клуб. Инсајдер на Билд, Кристијан Фалк, наведува дека Баерн му понудил продолжување на договорот, додека Дејвис ги договорил условите со Реал Мадрид. Агентот на Канаѓанецот се уште е во преговори со Манчестер Јунајтед и некои други клубови кои би можеле да му понудат подобри услови.

Заменик министерот за внатрешни Исени, ќе го казни полицаецот, кој вчера фрлил албанско знаме

Ќе има дисциплинска постапка против службеникот на МВР кој го фрлаше знамето на Албанците. 

Секој службеник на МВР има обврска да ги почитува законите и симболите на сите заедници во Македонија. Непочитувањето на тие обврски ќе биде санкционирано без исклучок.

Законите ќе се применуваат подеднакво за сите, а институциите ќе бидат гарант за почитување на меѓусебната толеранција и правата на сите заедници.

Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Нема да дозволам ваквото однесување, особено кога доаѓа од вработен во Министерството за внатрешни работи, да остане несанкционирано.

Како заменик министер за внатрешни работи, јас недвосмислено го осудувам секое сквернавење или неуважување на државните и националните симболи на Македонија, без разлика дали станува збор за знамињата на Македонците, Албанците или на која било друга заедница.

Вчера сите заедно го осудивме чинот на сквернавење на државното знаме на Македонија, потврдувајќи ја нашата посветеност на соживотот и меѓусебното почитување. Денес исто така го осудувам и потврдувам дека ќе има одговорност за службеник на Министерството за внатрешни работи кој постапил на навредлив и неприфатлив начин кон знамето кое е национален симбол на Албанците, знаме кое е законски регулирано за употреба согласно важечките правни норми во нашата држава, објави на ФБ заминик министерот за внатрешни работи , Астрит Исени.

Двајца вооружени ограбиле продавница во Градскиот парк во Скопје, веднаш потоа се уапсени

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во Градскиот парк во Скопје.

Од МВР информираат дека, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер