Средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамките на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, европските аспирации и состојбите во регионот.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од досегашниот развој на односите и соработката, кои ги карактеризира традиционално силно пријателство, идентични ставови по однос на развојот на меѓународната и регионалната соработка, со заеднички стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна очекувањето напредокот во македонска евроинтеграција да биде евалуиран праведно, врз основа на Копенхагенските критериуми и изрази очекување за споделување на експертизата и искуствата на црногорската администрација во преговорите со Унијата.

Таа истакна дека меѓу нејзините главни приоритети е регионалната соработка, посочувајќи дека преку почитување и поттикнување заедништвото во регионот, можеме да ја забрзаме интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Во таа насока, соговорниците предложија конкретни решенија: повторно воспоставување на директна авиолинија, формирање на културни центри во двете држави, како и што поскоро одржување на меѓувладина седница. Премиерот ја нагласи подготвеноста за споделување на досегашните црногорски евроинтеграциски искуства со македонските институции.

Соговорниците заклучија дека е потребен брз и голем исчекор во економската соработка која ќе ги следи одличните политички односи.

Со дрон е истурена боја врз руската амбасада во Стокхолм

Неидентификуван дрон рано утринава испуштил боја врз руската амбасада во Стокхолм, соопшти полицијата.

Засега никој не е уапсен, а истражителите се обидуваат да утврдат дали инцидентот е поврзан со вчерашниот вандализам на шведската амбасада во Москва.

Потоа, шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард ја повика Русија да ги заштити амбасадата и нејзиниот персонал.

Портпаролот на министерството изјави дека шведската мисија во Москва е во контакт со руските власти во врска со инцидентот.

Шведската полиција не сакала да открие каква боја одбрале напаѓачите.

Од денеска на осигурителниот пазар стартува со работа „Флекс Брокер“

Од денеска на осигурителниот пазар стартува со работа „Флекс Брокер“. 

Новиот осигурителен субјект ќе понуди широк спектар на услуги, а граѓаните ќе имаат можност за избор на низа осигурителни продукти кои треба да ја зајакнат оваа индустрија, која во земјава има голем потенцијал за раст, најавија од групацијата „Флекс“.

Со нови закони ќе се решава проблемот со бездомните кучиња

Со поголеми контроли против бездомни кучиња. Македонија со законски измени ќе го решава овој горлив проблем со кој се соочува години наназад. 

Во собраниска процедура повторно ќе се најде законот за заштита и благопсостојба на животните, чија цел е во земјава да нема бездомни кучиња..

Во однос на илегалното носење на кучиња од други градови и помали места, директорот на АХВ кажа дека има засилени контроли од МВР за спречување на оваа појава. Поддршка на законот дадоа и од Ветерринарната комора

Согласно законот за заштита и чување на домашни миленици, никој не смее да го напушти миленикот, а во 2019 година за првпат беше изречена казна од 500 евра за вакво дело. Исто така, забранети се и хируршки интервенции за модифицирање на изгледот на животните и скратување на опашка.

Во земјава нема официјални податоци колку бездомни кучиња има, па оттаму ниту се контролира нивното размножување. Според статистиките на ЈП „Лајка“, на улиците на Скопје има од 6.000 до 10.000 бездомни кучиња.

А нападите од најчесто бездомни кучиња се секојдневие и полициските билтени се полнат со вакви случаи , од кои само во Скопје се околу 600 годишно.

Дополнително ситуацијата ја отежнува и тоа што извесен број од сопствениците ги напуштаат своите миленичиња, а многу малку од нив за тоа се санкционирани.

притисни ентер