Со дрон е истурена боја врз руската амбасада во Стокхолм

Неидентификуван дрон рано утринава испуштил боја врз руската амбасада во Стокхолм, соопшти полицијата.

Засега никој не е уапсен, а истражителите се обидуваат да утврдат дали инцидентот е поврзан со вчерашниот вандализам на шведската амбасада во Москва.

Потоа, шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард ја повика Русија да ги заштити амбасадата и нејзиниот персонал.

Портпаролот на министерството изјави дека шведската мисија во Москва е во контакт со руските власти во врска со инцидентот.

Шведската полиција не сакала да открие каква боја одбрале напаѓачите.

Зеленски именува нов командант на Копнените сили на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-мајор Михаил Драпатиј за нов командант на копнените сили на Украина.

Драпатиј ќе го замени Александар Павлиук, кој ја извршуваше таа функција од февруари 2024 година, објави Киев Индипендент. Зеленски го пофали Драпатиј за неговата улога во организирањето на одбраната во регионот Харков.

Иако не наведе конкретни причини за промената, претседателот на Украина ги истакна заслугите на Драпатиј во воениот сектор. Драпатиј беше командант на 58-та одделна моторизирана пешадиска бригада на Украина од 2016 до 2019 година.

Од овој мај тој е на чело на оперативната група сили во регионот на Харков, додека од септември ја презеде оперативно-тактичката група сили во регионот на Луганск.

Навивачите згрозени од глетката на стадионот „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа против Бода Глимт во петтото коло од Лигата на Европа, но сликата која се создаде по натпреварот ги запали социјалните мрежи.

Еден од навивачите на домашниот тим под своето седиште на „Олд Трафорд“ фотографирал бара со нечиста вода и мртов стаорец во неа, што ги згрозило сите навивачи на овој клуб.

Иако е едно од поевтините седишта на „Театарот на соништата“ кое може да се плати по 66 фунти, ова е без сомнение необична сцена на стадионите во Англија, особено кога зборуваме за легендарниот Олд Трафорд.

Што се однесува до Манчестер Јунајтед, нивниот следен натпревар е против Евертон во Премиер лигата на 1 декември.

ДУИ: Итно барање за оставка на министерот за внатрешни работи

Демократската унија за интеграција итно ја бара оставката на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и без преседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме. 

Оваа интервенција не само што ги попречи мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвика непотребни тензии и инциденти кои ја нарушија меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер