Словенечки тениски судија суспендиран десет години поради обложување

Словенечкиот тениски судија Марко Дуцман е суспендиран на период од 10 години и шест месеци поради обложување и манипулирање со податоци на натпреварите на кои самиот бил арбитер, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

„Дуцман, официјален меѓународен судија, призна четири случаи на кршење на Тениската програма за борба против корупцијата (ТАЦП), вклучувајќи обложување на тениски натпревари и манипулирање со податоци на натпревари на кои самиот судел, а со цел да го олесни обложувањето“, се наведува во соопштението на ИТИА.

Дуцман е казнет и парично до 75.000 евра.

ИТИА наведе дека словенечкиот тениски судија „во целост соработувал во истрагата“ и ја прифатил казната, одрекувајќи се од правото на жалба. /МИА

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со Крис Бартон, Комесар за трговија на Обединетото Кралство.

За време на средбата биле разменети мислења и предлози за натамошно зајакнување на трговската соработка меѓу двете земји, како и за можностите за поголема интеграција на Република Северна Македонија во регионалните и глобалните трговски мрежи.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски го запознал Бартон со економските приоритети на Владата на Република Северна Македонија и изразил задоволство од континуираниот раст на трговската размена со Обединетото Кралство. Укажал дека постојат цврсти основи за нејзино зголемување во иднина и го подвлекол значењето на јакнењето на меѓусебната соработка на полето на инвестициите.

Комесарот Бартон го истакнал интересот на Обединетото Кралство за поддршка на британските инвестиции во нашата земја и продолжување на развојот на економските односи преку подобрување на деловната клима.

- Двајцата соговорници разговараа и за продлабочување и проширување на соработката согласно Договорот за партнерство, трговија и соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалните области на соработка, особено развојот на новите технологии, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, размена на добри практики во полето на дигиталната и еколошката трансформација, се наведува во соопштението.

Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 мил. евра од комбе во близина на Атина

Уапсени сторителите на вооружениот грабеж на 1,2 милиони евра од комбе со пари во близина на Атина.

Шест лица се уапсени за вооружениот грабеж на речиси 1,2 милиони евра од комбе за трансфер на пари, извршен пред два месеци во атинското предградие Лаврио, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека вкупниот износ што го одзеле е 1.185.226 евра, а кај уапсените биле пронајдени и запленети 211.490 евра, како и оружје.

Меѓу шестемина уапсени е и вработен во компанија за приватно обезбедување, членовите на криминалната организација уште од јуни годинава се здружиле со цел вршење кражби врз комбиња при трансфер на пари, а точно ги знаеле карактеристиките на конкретните возила во сопственост на приватна компанија за обезбедување.

-Од спроведената прелиминарна истрага, произлезе дека членовите работеле повремено и добивале социјална помош, со што трансакциите што ги вршеле, како и нивниот начин на живот не биле оправдани, соопштија од грчката полиција.

Грабежот се случи на 26 септември во попладневните часови пред позната продавница за играчки, каде што бил паркирано комбето, а сега веќе уапсените, со маски на лицата му пришле на возачот и под закана со оружје ги одзеле парите по што фрлиле боја на шофершајбната, ги дупнале гумите на комбето и побегнале.

Шпигел: Германското Министерство за одбрана купува четири подморници за 4,7 милијарди евра

Германското министерство за одбрана има намера да купи четири подморници 4,7 милијарди евра,  пари што треба прво да ги одобри Комисијата за расходи од Паралментот, објави Шпигел. 

Во барањето доставено до Комитетот за доделување средства, Министерството за одбрана наведува дека подморниците се набавуваат по барање на НАТО.

Набавката на подморници е неопходна за Германија да ги исполни барањата на НАТО за подобра заштита на северното крило на Алијансата, наведува германскиот весник врз основа на увид во доставениот документ.

притисни ентер