Скопје домаќин на тенискиот фјучерс „Триглав Опен“

Со осум дуели од главните квалификации, како и шест натпревари од воведното коло, денеска на терените на Тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк официјално почнува фјучерсот „Триглав Опен“, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

На турнирот ќе настапат три македонски тенисерки, Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска и Ива Данева, додека преостанатите шест домашни тенисерки, не успеаја изминатиот викенд да го минат првото квалификациско коло.

Најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа, која е четврти носител, е слободна во првото коло, додека Стоилковска ќе го почне настапот против Лексие Стивенс од Холандија, а Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија.

Укината забраната за сообраќај за тешки возила на Стража

 Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината во 10:40 часот, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Надлежните апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

МВР: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија

Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. 

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се нервозни и исплашени поради страв од соочување со правдата

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

Настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.

СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација.

За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.

ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.

Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер