Мицевски:Владата има зголемен буџет за реформи во МВР, а во времето на Спасовски имаше криминал

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива.

„Колега како што слушнавте овој амандман се одбива, оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, во центарот за обука само зголемување од 61% во однос на 2024 годин. Конкретно за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано“, изјави Мицевски.

Тој исто така истакна дека Спасовски додека бил на функција не направил ништо добро за државата, туку баш во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.

Во однос на тоа, Мицевски образложи дека апсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина,а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.

„Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира. Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер, дел технички дел министерство МВР? Највеќе криминални пресметки и убиства и нерешени случаеви во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи“, рече Мицевски, се наведува во партиското соопштение.

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна сите три гола на натпреварот против Аугсбург (3:0).

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна сите три гола на натпреварот против Аугсбург (3:0), со што стана играчот на кого му требаа најмалку натпревари за да стигне до 50 гола во германското првенство.

Два добро изведени пенали и гол во петтата минута од судиското надополнување беа 48-ми, 49-ти и 50-ти за Кејн во Бундеслигата. За тој подвиг му требаа 43 натпревари.

Претходниот рекордер кој го презеде Кејн беше актуелниот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кому му беа потребни 50 натпревари за да стигне до 50 гола во Бундеслигата.

Кејн во Баерн пристигна летото минатата година и досега за славниот германски клуб на 62 натпревари постигна 64 гола. Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација (69 гола на 103 натпревари) и во историјата на Тотенхем (280 гола на 435 натпревари), вториот стрелец во Премиер лигата на сите времиња (213 гола на 320 натпревари) и сега рекордер во Бундеслигата, не освои ниту еден трофеј во кариерата. Досега постигнал 440 гола.

Трамп објави низа номинации за раководни позиции во својата идна администрација

Новоизраниот американски претседател Доналд Трамп го составува персоналниот крстозбор на неговата администрација.

Новоизраниот американски претседател Доналд Трамп го составува персоналниот крстозбор на неговата администрација, па вчера, покрај изборот на Скот Бесент за нов министер за финансии, објави и серија номинации за многу други водечки позиции на неговата социјална платформа „Truth Social“.

Поранешниот конгресмен и лекар Дејв Велдон е изборот на Трамп да раководи со Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), сеопфатна агенција со буџет од 17,3 милијарди долари.

ЦДЦ ги следи и реагира појавите на заразни болести, вклучувајќи препораки за лиценцирани вакцини, како што се рутински вакцини за деца и оние кои се даваа за време на пандемијата COVID-19.

„Дејв гордо ќе го врати ЦДЦ на неговата вистинска цел и ќе работи на ставање крај на епидемијата на хронични болести“, рече Трамп.

Директорот на ЦДЦ известува до секретарот за здравство и човечки услуги, а за таа улога Трамп го избра Роберт Ф. Кенеди Џуниор, отворен скептик за вакцините и критичар на ЦДЦ.

За шефот на американската Администрација за храна и лекови, највлијателниот светски регулатор за лекови (ФДА) со буџет кој надминува седум милијарди долари, новиот/стариот претседател на САД го предлага хирургот и писател Мартин Макари.

Во изјавата при објавување на неговиот избор, Трамп истакна дека Макари е потребен „да се поправи и преориентира Агенцијата“. Тој верува дека Макари „ќе ја намали бирократијата во Агенцијата за да обезбеди Американците да ги добијат медицинските лекови и третмани што ги заслужуваат“.

FDA ги регулира лековите за луѓе и ветеринарните лекови, медицинските помагала и вакцините и одобрува нови третмани и гарантира дека тие се безбедни и ефективни пред да влезат на најголемиот и најпрофитабилен пазар на здравствена заштита во светот. Агенцијата е одговорна и за безбедносните стандарди за храна, тутун и козметика.

Тој ја избра лекарката по семејна медицина и соработничка на Фокс њуз, Џенет Нешејват, да биде врвна докторка, повторно покажувајќи ја својата предност за телевизиската личност како лице на новата администрација.

„Д-р Нешејват е жесток застапник и силен комуникатор за превентивната медицина и јавното здравје. Таа е посветена да обезбеди Американците да имаат пристап до прифатлива, квалитетна здравствена заштита и верува во зајакнувањето на поединците да преземат одговорност за сопственото здравје за да живеат подолг и поздрав живот. “, рече Трамп.

Главниот лекар на САД е националниот лекар кој на Американците им ги дава најдобрите достапни научни информации за тоа како да го подобрат своето здравје и да го намалат ризикот од болести и повреди.

Во неговата идна влада, Трамп ја сака и конгресменката Лори Чавез-ДеРемер, која ја номинира за секретар за труд и за која посочува дека работела „неуморно“ со бизнисите и работниците за да ја изгради американската работна сила и да ги поддржи Американците.

„Со нетрпение очекувам да работам со неа за да се создадат огромни можности за американските работници, да се прошири обуката и стажирањето, да се зголемат платите и да се подобрат работните услови, да се вратат нашите работни места во производството“, рече Трамп.

Ветеранот на НФЛ, Скот Тарнер, кој беше првиот извршен директор на Советот на Белата куќа за можности и ревитализација за време на првиот мандат на Трамп, е номиниран за секретар за домување и урбан развој, а поранешниот државен секретар Алекс Вонг е номиниран за заменик советник за безбедност.

Вонг, кој беше заменик специјален претставник за Северна Кореја за време на првата администрација на Трамп, „помогна да се преговара за мојот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун“, се вели во соопштението на Трамп.

Тој го избра Себастијан Горка да служи како висок директор за антитероризам во Белата куќа, велејќи дека има повеќе од 30 години искуство во националната безбедност.

Трамп, исто така, повторно го назначи Расел Турлоу Воут, клучен архитект на „Проектот 2025“, контроверзниот конзервативен план за преобликување на американската политика, за директор на Канцеларијата за управување и буџет на САД, моќна агенција која помага во одлучувањето за приоритетите на политиката на претседателот и како да плати за нив.

Вот, кој ја предводеше канцеларијата за време на мандатот на Трамп 2017-2021 година, ќе игра голема улога во поставувањето на буџетските приоритети и спроведувањето на предизборното ветување на Трамп за укинување на владините регулативи.

Откако Трамп ја напушти функцијата, Воут е длабоко вклучен во „Проектот 2025“, серија детални политички предлози за вториот мандат на Трамп, изготвени од стотици високи конзервативци.

Меѓу другите мерки, „Проектот 2025“ повикува на широко проширување на претседателските овластувања преку зголемување на бројот на политички назначувања и зголемување на авторитетот на претседателот врз Министерството за правда. Проектот, исто така, предлага имплементација на закони за забрана на испраќање апчиња за абортус преку државните линии, криминализирање на порнографијата и укинување на Министерството за образование.

притисни ентер