Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа во слободна Македонија.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова оцени дека НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Таа изрази најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении, истакнувајќи дека нивното наследство, како што рече, е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Почитувани присутни,

Се согласувам со филозофот Клод Леви Строс кога вели дека : „ книгата е животна супстанца со која се храниме”. Признавам, ненаситна сум на книги.

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е океан на духовна храна, непресушен вруток на знаење, космос на идеи, вулкан на нови сознанија. Таа е светилник на умот и срце на мудроста.

Осум децении од првите чекори на оваа институција, тогаш со име Народна библиотека, со првичен фонд од 150.000 книги, 50 читатателски места и 12 вработени вљубеници во книгата, се осум децении на учење, борба, непокорност и истрајност во мисијата – чувар на македонскиот идентитет, култура и колективна меморија.

Од 1944 година, кога се круниса ослободувањето на таковината па до денешната дигитална ера, библиотеката континуирано ги надминува границите на просторот и времето.

Во историските мигови на раѓање на македонската државност, среде пепелта на војната, асномските визионери го положија темелот на народната библиотека – храм на словото, и речта, симбол македонската ренесанса. Во скромен, но свет простор, таа не собра само книги, туку и идеали, визии и надеж. Стана сонце на македонскиот дух, мост меѓу минатото и сегашноста, симфонија на мислите, буквите, речениците, сликите и мечтите.

Чекорењето на оваа легендарна институција беше тежок, трнлив, полн со премрежја и предизвици пат. Катастрофалниот земјотрес не го разурна само убавиот град Скопје, туку и најголемиот дом на книгите-библиотеката, но не и духот на библиотеката и библиотекарите. Над половина милион книги го изгубија животот. Со истрајност и несебична пожртвуваност, библофилите се бореа за секој ракопис, секоја книга, секој збор – свесни дека го спасуваат не само културното наследство, туку и душата на еден народ.

Во годините потоа, по привремениот престој во Даут Пашин Амам и монтажниот објект, библиотеката, во 1971 година, се всели во својот нов дом, граден со љубов и почит, небаре културен храм. Растеше, се развиваше и иновираше. Создаваше непроценливи збирки - онаа за старословенските ракописи или ориенталните ракописи, ретките книги и периодика, кредибилни историски сведоци.

Секој дел од библиотеката е зрак од нашето културно сонце, причина за гордост, инспирација.

Замислете си град со три милиони жители - библиотечни единици, сведоци и чувари на минатото, творци на новите вредности. Потсетете се на првите луѓе на библиотеката, меѓу кои врвни писатели, интелектуалци, ерудити, заколнати пријатели на книгата!

Со дигитализацијата на своите богатства, оваа институција зачекори кон нова ера. Старословенски ракописи, музичките партитури, ретките карти и книги, сега, сите се на сигурно, во дигитална форма, непокорно пркосејќи му на заборавот и на времето. Македонската култура, овековечена во овие дигитални артефакти, денес е достапна насекаде, носејќи ја нашата историја, музика и мисла ширум светот.

Тука, во овие ѕидови исполнети со вековна мудрост, приказните на нашите предци се пренесуваат од генерација на генерација, а делата на нашите современици ја осветлуваат патеката кон иднината.

Почитувани,

НУБ „Св. Климент Охридски“ е не само духовна ризница, туку и амбасадор на македонската културна историја, чувар на македонскиот идентитет и симбол на вечноста.

Дозволете ми, да им изразам најдлабока благодарност на сите кои со својата пожртвуваност, љубов и визија, го градеа и се вградија во ова културно светилиште во изминатите осум децении. Нивното наследство е наш завет – да ја чуваме и славиме мудроста на словото.

Не случајно и не попусто НУБ „Св. Климент Охридски“ е лауреат на: Орденот „Заслуги за народ“, наградата „11 Октомври“, Повелбата на културата „Климент Охридски“!

Не случајно и не попусто во овој дом се вдомиле и : „Британскиот совет“, „Гетеовиот институт“, Кинескиот културен центар „Конфуциј“.

Не случајно, и јас сум домувала овде работејќи на магистерскиот труд и докторатот, уживајќи во светот на книгите. Можеби затоа, проблемите со кои се соочуваше оваа уникатна институција секогаш ги доживував како свои, се солидаризирав се со книгите и нивните врвни и верни пријатели.

Нека оваа значајна годишнина биде наша заедничка гордост, инспирација и поттик за постојана и силна грижа за библиотеките и книгите, уверени дека нашата култура е највисокиот израз на нашето постоење!

Заеднички да продолжиме да ја пишуваме и читаме оваа приказна – овој роман „река“, што велат Французите, во кој е документирано минатото, насликана сегашноста, антиципирана иднината!

Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна НУБ „Св. Климент Охридски“, под негова закрила.“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Климатскиот самит пред колапс- претставниците на сиромашните земји ги напуштија преговорите

Трпението е при крај, а тензиите зовреа на климатските разговори COP29 во Азербејџан, кои требаше да завршат вчера, но продолжуваат.

Претставниците на десетици острови чувствителни на климата и африканските земји излегоа од разговорите откако го отфрлија нацрт-договорот за пари што ќе им помогнат да се справат со климатските промени. По две недели напната дипломатија, повеќе од 190 земји собрани во главниот град Баку се уште се обидуваат да договорат нова финансиска спогодба за да ги насочат парите кон посиромашните земји за да се прилагодат на климатските промени.

Најмалку развиените земји како Мозамбик и островските држави како Самоа се бесни што нивните повици за удел во фондот се игнорирани. Самоанскиот министер за природни ресурси и животна средина, Тулесулусулу Седрик Шустер е еден од претставниците кои ја напуштија дебатата.

„Тука сме да преговараме, но заминавме. Во овој момент чувствуваме дека таму не нè слушаат“, рече тој во име на повеќе од 40 мали островски земји и земји во развој, чии крајбрежја исчезнуваат поради порастот на нивото на морето.

Набргу потоа, тој се закани дека целосно ќе го напушти COP29: „Не сакаме ништо повеќе освен да продолжиме со нашиот ангажман, но процесот мора да биде инклузивен."

Еванс Њева, кој претседава со групата на повеќе од 40 најмалку развиени земји, рече дека сегашниот договор е „неприфатлив“. „Мораме да разговараме со другите земји во развој и да одлучиме што да правиме“, рече тој.

Во последниот официјален нацрт, до 2035 година беа предвидени 250 милијарди долари годишно. Ова е двојно повеќе од договорената сума пред 15 години. Но, ни блиску до годишните 1,3 трилиони долари за кои се залагаат експертите за клима. Но, групата од 77 земји во развој кои преговараат како блок изгледа не сакаат да прифатат нешто помалку од 500 милијарди долари.

Земјите во развој се бесни не само на финансиските разговори, туку и на неуспехот да се договорат како да се постигне напредок во минатогодишното ветување за „транзиција на фосилни горива“.

Земјите во развој ги обвинија богатите дека се обидуваат да ги постигнат своите цели преку методот на трошење. И малите островски нации, кои се особено ранливи на влошените ефекти од климатските промени, го обвинија претседателството на земјата домаќин дека ги игнорирало две недели.

Земјите во развој се лути не само поради преговорите за финансирање, туку и поради тоа како да се постигне напредок во минатогодишниот договор за укинување на фосилните горива. Самоанскиот министер рече дека напредокот мора да биде видлив.

„Мораме да видиме напредок и да ја следиме транзицијата од фосилните горива за која се договоривме минатата година. Од нас беше побарано да заборавиме на сè на овој COP, како да не сме во критична деценија“, рече тој.

Над 1,4 милиони илегални мигранти во САД добиле налог за депортација, никој не е протеран

Околу 1,4 милиони илегални имигранти во САД добиле наредба да бидат депортирани од страна на федералниот суд за имиграција.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе спроведе програма за масовна депортација.

Од оние кои добиле наредба да се вратат во матичните земји, околу 13.000 моментално се во притвор, објави „Фокс њуз“.

Со само неколку илјади од нив во моментов во притвор, голем број остануваат илегално во САД, и покрај наредбите за депортација. Не се достапни податоци за тоа колкумина се во локален или државен притвор.

„Бројката од 1,4 милиони значи дека на овие луѓе им биле разгледани и решени случаите за имиграција. Некои од нив можеби сè уште имаат можност да поднесат жалба“, рече службеникот, кој сакал да остане анонимен.

Овој број опфаќа неколку години, преку различни претседателски администрации, и се менува бидејќи некои илегални имигранти се депортирани, а други добиваат наредби за депортација.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе изврши масовни депортации, со првичен фокус на криминалците кои се илегални имигранти, кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари. Тексас ѝ нуди на претстојната администрација над 1.400 хектари во регионот на долината Рио Гранде, во близина на границата, за да спроведе операција за масовна депортација.

Како одговор на ветувањето на Трамп, некои градови ветија дека ќе ги заштитат илегалните имигранти од таквите рации и дека нема да соработуваат со федералните имиграциски власти.

Во вторникот, градските лидери на Лос Анџелес гласаа за формално усвојување на уредба за градот светилиште како одговор на Трамп. Неколку минути по гласањето на Градскиот совет, Унификуваниот училишен округ во Лос Анџелес исто така донесе одлука да стане „област за светилиште“, што значи дека на вработените во областа им е забрането доброволно да соработуваат со имиграциските власти, вклучително и споделување информации за имиграцискиот статус на учениците.

Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот Андон Сарамандов се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.

„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.

Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.

Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари, соопштуваат од Министерството.

притисни ентер