Швјонтек ја декласираше Пегула во ВТА финалето во Канкун

 Полската тенисерка Ига Швјонтек прв пат во кариерата ја освои титулата на ВТА финалниот турнир кој оваа година се одржа во мексиканскиот град Канкун.

Швјонтек во финалето синоќа беше убедлива против Американката Џесика Пегула со 6-1, 6-0, за помалку од еден час игра.

Со триумфот во Канкун на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во светот, 22-годишната Швјонтек се врати на врвот на ВТА листата и ќе ја заврши 2023 година на лидерското место пред Белорусинката Арина Сабаленка која претходно ја совлада во полуфиналето.

Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле со гас дома, најстарото не преживеало

Едно дете починало, а три се во критична состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош, објави Катимерини.

За жал, не долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно ѝ претходело поставување резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето.

22- годишен возач и неговата 21- годишна сопатничка загинаа во сообраќајка кај Ботун

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. 

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, соопштуваат од СВР Охрид.

Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот на Шпанија, Сориано Ортиз

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз.

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката, со посебен акцент на развојот на обновливите извори на енергија и зелената енергија. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста од размена на искуства и знаења во овие области, особено во контекст на глобалните напори за енергетска транзиција и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Министерката Божиновска изрази благодарност за поддршката што Кралството Шпанија ѝ ја дава на Македонија, како во рамките на Европската Унија, така и преку различни билатерални иницијативи. Амбасадорот Сориано Ортиз ја потврди подготвеноста на Шпанија за продолжување и унапредување на оваа соработка, особено преку нови заеднички проекти во енергетскиот сектор.

„Македонија и Шпанија ги поврзуваат 30 години на богати дипломатски односи и традиционално пријателство. Овие односи се базирани на искрена соработка и споделена визија за одржлив развој и просперитет,“ истакна министерката Божиновска, додавајќи дека двете земји ќе продолжат да работат на зајакнување на своето партнерство во различни области.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

притисни ентер