Штипски пожарникар повреден при гасење пожар, добил опомена пред тужба за лекувањето во болница

За влакно се спасил, а потоа како што вели, добил непријатно изненадување. 

Штипски пожарникар, кој бил повреден при гаснење на пожар по што бил хоспитализиран, еден месец подоцна добил опомена пред тужба од клиничката болница во Штип. Како што објави самиот на фејасбук опомената од болницата ја добил вчера со известување дека за болнилчјата услуга на 30 јули, должи 1250 денари. Во болницата како што наведува бил донесен во бессознание..во болницата бил задржан четири часа, а веќе следниот ден повторно се вратил на бабот. Неговиот револт е заради тоа што службите на болницата воопшто не го информирале дека има долг, се до вчера.

По бурните реакции во јавноста, георгеивски утринава добил известување дека рудник од Пробиштип, го платил долгот, а од клиничката болница се правдаат дека морал да го плати долгот буидејки како што велат, георгиевски не бил ослобден од партиципиација...

-Во нашата установа секој пациент којшто е лекуван, наплатата се класифицира по ДГР системот и сите пациенти плаќаат одредена партиципација освен ако не се ослободени по некој друг основ. За пациентот по направениот увид, нема основ за ослободување од партиципација- ЈЗУ клиничка болница – Штип

Инаку, пожарникарите летово имаа преполни раце работа...а состојбата се уште е сериозна. Најкритично деновиве е во мариовскиот крај, каде има активен пожар, чија огнена линија е долга 20 километри.

Огнената стихија претставува закана за селата Крушевица, Бонче, Кале, Пештани и Дуње, па токму поради тоа, речиси сите државни ресурси се насочени кон гаснење на овој пожар.

Од ЦУК информираа дека над 190 луѓе се на терен и го гаснат огнот, со цел да не се дозволи истиот да влезе во некои од мариовските села.

Видео: Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj е е фатен од надзорната камера како спречува жена да скокне од работ на мостот во Нешвил.

Пејачот и пришол на жената околу 18 часот по локално време додека го снимал спот за негова песна.Тој ја убеди непознатата жена да се врати преку оградата на пешачкиот мост.

Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.

На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената.началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни“, пренесува дејли меил.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

Претседателската дебата меѓу Харис и Трамп привлече 57,5 ​​милиони гледачи

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.

Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.

Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.

Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

притисни ентер