Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

-Германскиот канцелар ја потврди непрекината и континуирана солидарност со Украина и гарантираше дека ќе продолжи германската воена помош за Украина, во координација со европските и меѓународните партнери, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрај

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски во дополнителна германска воена помош, во нивниот прв телефонски разговор откако германскиот канцелар неодамна разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

-Германскиот канцелар ја потврди непрекината и континуирана солидарност со Украина и гарантираше дека ќе продолжи германската воена помош за Украина, во координација со европските и меѓународните партнери, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Зеленски, како што беше соопштено, му се заблагодарил на Шолц за воената помош, особено во однос на противвоздушната одбрана.

Двајцата лидери изјавиле дека ќе продолжат со „конструктивната размена на идеи, исто така со поглед на можните патишта кон праведен мир во Украина“.

Ова е првиот официјален разговор меѓу Шолц и Зеленски откако германскиот канцелар пред две недели телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски потоа го критикуваше разговорот со Путин изјавувајќи дека тој ја отвори „Пандорината кутија“ што ги поткопа напорите да се изолира Путин и да се заврши војната во Украина со „праведен мир“.

Шолц го бранеше разговорот со Путин, нивната прва директна комуникација по речиси две години, објаснувајќи дека едночасовниот разговор со рускиот челик е неопходен за да се потврди од прва рака дека Германија нема да се поколеба во помошта за Украина.

Британскиот парламент го изгласа законот за евтаназија- има строги правила

Парламентот во Велика Британија денеска гласаше за нов закон со кој ќе се легализира потпомогнатото умирање.

Законот се однесува на терминално болните луѓе кои сакаат да стават крај на својот живот со помош на медицински персонал и под строги услови, пренесува Би-Би-Си.

По дискусијата во Долниот дом на Парламентот, која траеше пет часа, „за“ законот гласаа 330 пратеници, а „против“ 275.

Лабуристичката пратеничка Ким Ледбетер, која го претстави нацрт-законот, рече дека очекува процесот да потрае најмалку уште шест месеци пред конечно да биде усвоен законот.

Трагедија во Грција: Четири деца се задушиле со гас дома, најстарото не преживеало

Едно дете починало, а три се во критична состојба по истекување на гас во семејна куќа во Ксанти, Грција.

Според медиумите, момчето (16) го загубило животот, две од неговите сестри биле интубирани, додека третата сестра исто така е во тешка состојба. Децата утрово биле пронајдени во куќата без свест. Според медиумите, родителите спиеле во горната соба, додека децата биле на приземје. Кога утрово мајката се симнала, забележала дека ниту едно од децата не се движи и веднаш повикала брза помош, објави Катимерини.

За жал, не долго откако сите биле префрлени во болница, лекарите можеле само да констатираат смрт на момчето. Неговите три сестри на возраст од 15, 18 и 20 години се во исклучително тешка состојба.

Во болница се хоспитализирани и таткото и мајката, но според грчките медиуми не биле забележани здравствени проблеми.

На трагедијата наводно ѝ претходело поставување резервоар за плин од надворешната страна на куќата. Се уште не е познато како дошло до истекувањето.

22- годишен возач и неговата 21- годишна сопатничка загинаа во сообраќајка кај Ботун

На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. 

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, соопштуваат од СВР Охрид.

притисни ентер