Сестрите Славица и Лила креираат уникатни хеклани чанти

Младите мора да научат да прават ракотворби

Децата се најголем извор на свеж ум и енергија, а за да ги поттикнеме треба и ние да им служиме како пример. Верувам дека со личен пример и мотивација можеме да направиме промена, со повеќе креативни работилници во училиштата и креативни курсеви за млади, зашто, кога ќе направиш нешто со свои раце, свое дело - на радоста ѝ нема крај, вели Славица Стоименова, креативец од чии вешти раце откако памети за себе, се раѓаат разни креации и ракотворби. Од вешта дама позната по слаткарскиот занает, денес, речиси секојдневно изработува хеклани чанти во разни бои и големини, кои никого не оставаат рамнодушен.

Љубовта кон плетењето ја носи уште од дете, а по посетата на работилници за хеклање, од неодамна се навраќа кон матичното ракотворење со иглата и конецот и буквално, ужива во креирањето убавини што ги усреќуваат другите.

- Плетев и го сакав плетењето уште од детството. Од мали нозе имав голема пасија за креативни работи и учев разни техники со кои понатаму изработував облека и слики, а подоцна, уживав и во креативната работа како слаткар. Изработував детски и свадбени торти, колачиња со интересни фигури и нацрти. Од скоро по првична идеја на мојата ќерка, се мотивирав за изработка на плетени ташни. Вака започна приказната: посетив краток курс за плетење, подоцна се усовршував гледајќи видеа на интернет, за да денес изработувам ташни речиси секој ден. Секоја ташна што е единствена, и на секоја нова се радувам како на првенче, зошто, секоја е уникат сама по себе, а е мое дело, вели Славица.

Хеклањето е техника на изработка ракотворби со трикотажен конец или макраме, 100 отсто памук, се работи со една игла и се плете на извлекување. Потекнува од традиционалните ракотворби во Арабија, Јужна Америка или Кина, кога најверојатно наместо игла се користеле прстите односно свиткан показалец, а како техника достинува популарност во Европа во 19 век. Познато е дека првата печатена шема за хеклање или штиркање се појавила во холандско списание на почетокот на 19 век. Денес повторно се реактуализира, а покрај достапните курсеви за плетење, и на интернет можат да се најдат бројни видеа со разновидни идеи за изработка.

- На почетокот изработував ташни од видеата кои ги гледав, но подоцна почнав да креирам свои модели. Ташните ги изработувам сама, а во идејата за изработки најмногу ми помага мојата ќерка и таа е личноста со која најмногу се консултирам кога бирам бои и модели, вели Славица, која со тек на времето ја пренесува својата љубов кон плетењто ташни и на сестра си.

По примерот на Славица и нејзината сестра Лила се инспирирала да ѝ се придружи во ова ново хоби. Лила научила да хекла и вели, сѐ што прави е со многу љубов. Одушевена од изработките на сестра си, уникатни и модерни, за млади девојки, и таа веќе длабоко е навлезена во тајните на креации со конецот.

- Ден по ден, ја усовршував работата, учев од неа, но и од светски примери достапни на интернет. Со многу работа, трпение и пред сѐ, љубов, успеав, иако речиси и немав некое значајно искуство со плетење. Никогаш не сум сонувала дека ќе изработувам чанти. Тоа е доказ дека доколку нешто сакаме и се вложиме, успехот е на дофат на рака, потребни се верба и посветеност, зачинети со љубов, раскажува Лила.

За една чанта да биде готова потребни се некоку денови, а некогаш може и помалку. Се работи со високо квалитетен конец, внимателно, игла по игла, за да се добие посакуваниот модел, што подоцна се украсува со рачка или синџирче, во зависност од желбата на клиентите. Чантите се изготвуваат во сите бои и големини, а најголемо задоволство за креаторките се пофалбите и позитивните коментари од задоволните купувачи.

Според Славица, интерес за рачно изработените ташни има сѐ повеќе, а со постојаната, масовна продукција и различен квалитет, луѓето сѐ повеќе го ценат рачниот труд. Не крие дека е неопходна и добра промоција, а најдобра реклама, според неа се задоволните корисници.

-Може и да се заработи од ова, хоби, како и од секоја работа, особено кога нештото го работиш со љубов. Навистина задоволството е големо да создаваш нешто уникатно и различно, со свој личен печат, во ова време на дигитална ера, вели Славица. Нејзината порака до младите е да бидат мотивирани за учење и совладување вакви или друг вид вештини на ракотворење.

Како ракотворец што целиот свој живот успешно креира со своите раце и креативност, Славица порачува младите да ги учат вештините на различни видови ракотворење. Цврсто верува дека со поттикнување и мотивација на младите можеме да направиме промена.

-Со повеќе креативни работилници во училиштата и креативни курсеви за млади или летни школи, младите можат да научат многу, да ја продолжат традицијата, да создаваат свои дела. Децата се најголем извор на свеж ум и енергија, а за да ги поттикнеме, треба и ние да им дадеме личен пример. Со повеќе читање, повеќе време во природа, низ семејни работилници и друштвени игри, со комуникација и охрабрување, сигурна сум дека ќе можеме да поттикнеме што повеќе млади да учат вештини на изработки со раце, со што истовремено ќе го развиваат и умот, порачува Славица.

За неа плетењето е јога за умот, своевидна медитација, засолниште од стресовите и пребрзата динамика на секојдневието. Затоа, повеќе и не ги брои изработките, задлабочена во она што е веќе нејзина пасија, речиси секојдневно изработува барем по една ташна, а бидејќи е голем љубител на природата и зелената боја, секогаш зелените ташни ги доживува со посебна радост што ја асоцира на мир, пролет, ново раѓање.

Порачува во животот да бидеме љубопитни и храбри за откривање и развој на личниот потенцијал, бидејќи во секој човек спие некој талент, а единствено упорноста и вербата можат да го донесат до совршенство./МИА

Дневен хороскоп за 12. септември 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 12. септември 2024 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол.

Кариера

Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува.

Кариера

Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност.

Здравје и совет

Толерирајте ги недостатоците на другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците.

Кариера

Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа.

Здравје и совет

Надевајте се на подобро.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом.

Кариера

На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни.

Кариера

Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо.

Кариера

Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете.

Здравје и совет

Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна.

Кариера

Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа.

Здравје и совет

Размислете за својата дисциплина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус.

Кариера

Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин.

Здравје и совет

Победувате со издржливост.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси.

Кариера

Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување.

Здравје и совет

Прво размислете , па потоа зборувајте.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Дами и господа вечерва во првото Само Интервју за оваа сезона ќе гостува професорот Љубомир Цуцуловски.

Што се случува во гостиварско Галате- изолиран инцидент или дел од сценарио за сеење на етничка и верска нетрпеливост? Колку се сериозни најавите од Мицкоски за можна дестабилизација есенва? Дали Охридскиот договор е завршен проект или отворено прашање?

Власта не се откажува од ЕУ, ама бара нов Договор... Колку се реални надежите дека во Софија ќе дојде пофлексибилна влада... Што ново ќе донесе промената на кадрите во историската комисија?

Пред избори се ветуваше жестока битка со криминалот и корупцијата – ќе остане ли само на најави и прес-конферецнии или некој ќе заврши и во Идризово.. колку владата ги оправда очекувањата на граѓаните за промени и реформи ?

Во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Љубомир Цуцуловски, вечерва веднаш по вестите во 18 часот...

Џенифер Лопез почна да ги реди поранешните партнери?

 „Ако не ѝ успее со Родригез, Марк Антони нека се подготви, тој е на ред“!

Алекс е среќен што поранешната свршеница ја дочека карма.

Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, наводно се радува на неуспехот на нејзиниот брак со Бен Афлек, верувајќи дека судбината и донела „карма“ за минатите настани. Извори блиски до поранешниот бејзбол играч тврдат дека Родригез ужива додека се распаѓа врската на неговата поранешна свршеница и актерот.

Џенифер и Алекс беа во врска четири години, од 2017 до 2021 година, а беа свршени последните две години. Двојката планираше венчавка, но таа беше одложена двапати поради пандемијата. Сепак, врската не го издржа притисокот, па во април 2021 година официјално објавија дека се разделуваат, наведувајќи дека се подобри како пријатели.

Меѓутоа, според некои извори, работите не биле толку пријателски како што двајцата ги прикажувале во јавноста.

- Да се ​​види како Џенифер добива дел од кармата е прилично слатко, иако Алекс не би го признал тоа јавно. Неговите пријатели знаат дека тој чекал работите помеѓу неа и Бен да се смират - открива изворот за „In Touch Weekly“.

По раскинувањето со Родригез, Лопез бргу ѝ се врати на својата поранешна љубов, Афлек, со кого се венчаше само една година подоцна. Од друга страна, Родригез по раскинувањето извесно време се држеше подалеку од очите на јавноста, кога беше во прашање неговиот љубовен живот. Неодамна, во јануари 2022 година, тој беше виден со фитнес инфлуенсерката Кетрин Паџет, а моментално е во врска со основачот на брендот „JacFit“, Жаклин Кордеиро, со која е во врска од октомври 2022 година.

– Сега е многу среќен во оваа врска, но сепак чувствува задоволство поради ситуацијата во која се нашла неговата поранешна свршеница – вели изворот.

Еден од блиските пријатели на поранешниот бејзбол играч тврди дека Родригез смета дека „избегнал куршум“ со тоа што не се оженил за поп-ѕвездата.

- Тој сè уште кон неа чувствува доста горчина и чувствува дека има право на тоа. Иако е среќен во сегашната врска, тој не пропушта прилика да ужива во „излегувањето на возот од контрола“ кога станува збор за Џенифер и Бен, додава изворот.

Во екот на гласините за разводот на пејачката и актерот, како и за наводно среќната врска на Родригез, на Инстаграм се појавија фотографии од Џенифер и Алекс, рака под рака.

– Според гласините, пејачката од Бронкс и Доминиканецот наводно се обидуваат да ја обноват нивната врска откако Џеј Ло раскина со актерот Бен Афлек, пишуваат американските медиуми во описот на фотографиите. Иако многу нејзини обожаватели истакнаа дека станува збор за стари фотографии, кога Лопез и Родригез сè уште биле пар.

Фановите ѝ порачуваат само една работа.

- И Марк Ентони треба да се подготви, ако ова со Родригез повторно не успее, тој е на ред!

Пејачката и поранешниот бејзбол играч сè уште не се изјасниле по овој повод.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер