Сега и официјално: Рафаел Надал се враќа на терените

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не играше долго време, но сега е готово.

Рафа преку својот Инстаграм потврди дека многу брзо, во наредните денови ќе се врати на терените и дека дури подоцна ќе открие каде ќе игра.

Надал последен пат играше на Австралија опен оваа година, а потоа го пропушти остатокот од сезоната поради повреда. Неодамна најави дека ќе се врати на терените.

Рафаел Надал објави слика од себе на тренинг со краток опис.

- Вчера потврдив дека ќе се вратам. Следете ме деновиве кога со мојот тим ќе одлучам каде и кога – напиша Надал на својот Инстаграм профил.

Инаку, Надал моментално е на 664. место на АТП листата.

Вонредна седница на Совет на град Скопје за барањата на приватните превозници

Советот на Град Скопје попладнево одржува вонредна седница за предлог одлуката за зголемување тарифата за приватните превозници, откако тие синоќа се договорија со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Договорено е наместо 70, да добиваат по 100 денари за изминат километар. Седницата ја следи Дејан Трајковски.

Дејан, како тече расправата, дали има мнозинство за одлуката да биде потврдена и приватниците да се вратат на улиците од понедленик?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Влада: Скептични сме дека се можни гаранции од Брисел дека нема да има нови услови за ЕУ

Премиерот Мицкоски е скептичен на последните сигнали од Брисел дека Европската Унија работи на некаква форма на гаранции дека во иднина нема има нови билатерални пречки од Бугарија. 

Вели не знае кој може да даде такви гаранции, ако се има предвид, како што рече катастрофалната преговарачка рамка во која веќе се инкорпорирани билатерални прашања. Мицкоски потенцира дека црвените линии за уставни измени со одложено дејство им се познати на европските партнери, а ако некој во Брисел планира да биде заложник на политичари од средниот век, тогаш ќе се чека да се создадат услови за разговор во кој ќе се цени принципот на дела, а не на билатерализација.

-Не знам кој е тој што ќе даде гаранции дека ќе нема блокади со билатерални договори во преговарачката рамка. Единсвената гаранција која ние ја дадовме е претставена пред нашите партнери и тоа е максимум што можеме да направиме. Спремни сме да разговараме со секого, ако тие не се спремни, ќе чекаме кога ќе бидат спремни, изјави Христијан Мицкоски, претседател на владата.

За поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов дипломатските сигнали од Брисел за некакви гаранции се позитивен импулс, но вели во дипломатијата никогаш не можете да бидете сигурни, особено кога се знае цврстиот став на Софија, искажан од сите бугарски официјални претставници години наназад.

-Во политиката често тоа не е возможно бидејќи еднаш добиен став си се чува. Никогаш не можеме да бидеме сигурни 100 % дека нешто е сигурно. И нагли промени на состојбата во Украина или со светот можат да извршат несакан притисок и врз Бугарија и врз ЕК да се чујат работи што ги посакуваме. Но, да се чека Бугарија само да се смени состојбата, таму може да има избори за една, три години, и не може да биде единствена варијабла на која ќе ја засноваме нашата надворешна политика, изјави Ѓорѓи Филипов, поранешен амбасадор.

Премиерот Мицкоски во вторник патува за Брисел, каде ќе има билатерална средба со новиот претседател на Европскиот Совет, Антонио Кошта. Долгогодишниот португалски премиер денеска имаше примопредавање на должноста со Шарл Мишел, а функцијата ќе ја преземе на 1 декември. Тој лани како премиер беше во посета на Скопје, кога порача дека Лисабон ја поддржува Македонија на европскиот пат.

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

-Германскиот канцелар ја потврди непрекината и континуирана солидарност со Украина и гарантираше дека ќе продолжи германската воена помош за Украина, во координација со европските и меѓународните партнери, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрај

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски во дополнителна германска воена помош, во нивниот прв телефонски разговор откако германскиот канцелар неодамна разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

-Германскиот канцелар ја потврди непрекината и континуирана солидарност со Украина и гарантираше дека ќе продолжи германската воена помош за Украина, во координација со европските и меѓународните партнери, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Зеленски, како што беше соопштено, му се заблагодарил на Шолц за воената помош, особено во однос на противвоздушната одбрана.

Двајцата лидери изјавиле дека ќе продолжат со „конструктивната размена на идеи, исто така со поглед на можните патишта кон праведен мир во Украина“.

Ова е првиот официјален разговор меѓу Шолц и Зеленски откако германскиот канцелар пред две недели телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски потоа го критикуваше разговорот со Путин изјавувајќи дека тој ја отвори „Пандорината кутија“ што ги поткопа напорите да се изолира Путин и да се заврши војната во Украина со „праведен мир“.

Шолц го бранеше разговорот со Путин, нивната прва директна комуникација по речиси две години, објаснувајќи дека едночасовниот разговор со рускиот челик е неопходен за да се потврди од прва рака дека Германија нема да се поколеба во помошта за Украина.

притисни ентер