СДСМ: Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк.

Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво.

Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски.

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ.

Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка.

СДСМ

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти чија цел е заштита на личните и бизнис интереси, институциите ќe реагираат жестоко.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме.

Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите.

СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност.

Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава.

И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле.

Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот.

Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови.

Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум.

Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС.

БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ПРАТЕНИК

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сириската армија привремено се повлекува од Алепо

Сириската армија денеска соопшти дека „привремено ги повлекува војниците“ од градот Алепо, со цел да се подготви за контраофанзива против „терористите“.

Во соопштението се посочува дека повлекувањето е дел од напорите за прегрупирање пред да пристигне засилувањето за да започне контраофанзива.

Според сириската армија изминатите денови во борбите со бунтовниците во Алепо и во Идлиб загинале и повредени се десетици војници.

Претходно Сириската опсерваторија за човекови права објави дека бунтовниците предводени од исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТЦ) и нивните сојузници зазеле поголем дел од Алепо.

Бунтовниците пред три дена извршија упад во десетина градови и села во северозападната провинција Алепо, која е под контрола на Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Тие тврдат дека почнале офанзивата за „да ја одвратат агресијата“, обвинувајќи ја Владата и сојузничките милиции за ескалација на непријателствата.

Организацијата со седиште во Лондон, наведе дека од 27 ноември до денеска во борбите шпомеѓу владините сили и бунтовниците убиени се 277 луѓе, од кои над 20 биле цивили.

И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека и утре ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а наместа во западните и јужните делови пообилни со над 30 l/m.

На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини.

притисни ентер