САД: Подготвени сме во краток рок да испратиме дополнителна војска на Блискиот Исток

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.

„Остин ја зголеми подготвеноста за дополнителни американски сили да се распоредат, за да можеме подобро да одговориме на различни непредвидени ситуации“, објави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер во соопштението.

„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.

Во соопштението на Пентагон се вели дека може да распореди сили на краток рок и дека САД се уште се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.

Најмалку четворица загинати во израелскиот напад на Јемен, гори важно пристаниште (ВИДЕО)

Министерството за здравство на Хутите во Јемен штотуку објави четири смртни случаи по денешните израелски напади.

Уште 29 лица се повредени, се вели во соопштението,објави Скај Њуз.

Израелската војска претходно соопшти дека користела десетици авиони, вклучително и борбени авиони, за да ги нападне електраните и пристаништата Рас Иса и Ходеида.

„Во текот на изминатата година, Хутите дејствуваа под раководство и финансирање од Иран и во соработка со ирачките милиции со цел да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на движење“, се вели во соопштението.

Жителите изјавија дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во повеќето делови на пристанишниот град Ходеида.

Милитантите Хути истрелаа проектили врз Израел во последните два дена.

Црногорец отишол во Германија како турист, а се врати како херој- спасил деца од пожар (ВИДЕО)

Сенад Шутковиќ од Рожаје учествувал во спасувањето на деца од пожар во станбена зграда во Есен, Германија.

Случајно се нашол на тоа место, но ни за момент не помислил дали ќе помогне, пишува РТЦГ.

Како што раскажал Шутковиќ, бил во посета како турист во Есен, Германија, се движел во близина на станбена зграда кога се случил инцидент каде, како што подоцна се дознало, Сириец наводно подметнал пожар. Пред таа зграда, Сириецот наводно запалил куќа, а потоа со своето комбе влетал во неколку продавници и се заканувал со мачета.

Според германските медиуми, во инцидентот е повредено 31 лице, меѓу кои и две деца кои се во критична состојба.

„Забележав оган и многу чад, а потоа најдов скала со која се качував до прозорецот што го скршив и влегов во станот. Беше непријатна ситуација, слушнав деца како врескаат, плачат. Спасив неколку деца , потоа отидов на последниот кат и спасив уште неколку деца со друг Сириец“, рече Шутковиќ.

Тој истакна дека прв дошол до тие деца и си го ризикувал животот.

Според Противпожарната служба и полицијата, околу 17 часот и 10 минути Сириец запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа на друга улица, пишува весникот „Билд“. После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.

Според Билд, полицијата на само неколку метри од продавницата за зеленчук успеала да го уапси сторителот кој имал изгореници на рацете.

Нормализиран е сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Крива Паланка од 17.30 часот е нормализиран, по прекинот од речиси седум часа, поради сообраќајка помеѓу две товарни возила кај населеното место Стамболици, во атарот на село Конопница, кривопаланечко.

Од околу 10 часот изутрината сообраќајот беше во целосен прекин, а од Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово потврдија дека станува збор за товарни возила со приклучни приколки.

Во времето на прекин на сообраќајот на магистралниот пат А2, патничките моторни возила се пренасочуваа кај село Т'лминци кај Пролетерски гаражи по локалниот пат низ село Конопница, но тешките товарни возила и автобусите беа заглавени во повеќекилометарска колона.

притисни ентер