Роналдињо постигна неверојатен гол и потсети на времињата кога беше ѕвезда (ВИДЕО)

Легендите на Реал Мадрид и Барселона одиграа пријателски натпревар во Катар, пред околу 30.000 гледачи, а натпреварот заврши со резултат 2:2.

На теренот беа играчи како Луис Фиго, Кларенс Сидорф, Ривалдо, но најголема ѕвезда беше Роналдињо, кој уште еднаш покажа дека има магија во нозете.

Славниот Бразилец постигна неверојатен гол од слободен удар во 16. минута при резултат 1:0 за Барселона и ја удвои предноста. Голот е без сомнение вистинско ремек дело.

Иако Барселона имаше два гола предност, Реал успеа да израмни, по што пеналите требаше да го решаваат победникот. На крајот славеше каталонскиот тим.

Да потсетиме, Роналдињо во својата голема кариера настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Фламенго, а убедливо најголем успех го имаше во Барселона со која во 2006 година ја освои Лигата на шампионите. За каталонскиот клуб одигра 145 натпревари и постигна 70 голови. Тој го освои и Светското првенство со Бразил во 2002 година.

Тинејџер убил девојче поради кавга за мече (ВИДЕО)

Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби 15- годишно девојче со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.

Тој ѝ го забодел ножот во вратот на Елиан, пријателката на неговата поранешна девојка, откако се расправале бидејќи тој одбил да ѝ го врати плишаното мече.

Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностицираниот аутизам, пренесува Sky News.

Сентаму, кој имал 17 години за време на убиството, рекол дека ја убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.

Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.

Судењето на тинејџерот продолжува пред судот во Лондон.

Божикна шега: На шефот му завиткале сѐ во канцеларијата со шарена хартија, тој збеснал (ВИДЕО)

Вработени во една компанија во Охајо решиле да ја направат ултимативната божиќна шега со нивниот шеф, кој се вратил на работа по девет дена одмор.

Тие ја завиткале целата негова канцеларија во хартија за завиткување со божиќна тема, вклучувајќи ги ѕидовите, компјутерот, тастатурата и секој пијалок во неговиот мини фрижидер, а потоа ја покажале неговата реакција кога влегол во канцеларијата.

„Ох, по ѓаволите“, извика шокирано од она што се случило со неговата канцеларија, а девојките се смеат во ходникот. Потоа рече: „Морам некако да најдам начин да работам овде... Знаете дека имам околу 800 мејлови“.

Девојките опишале како нивниот менаџер бил во „целосно неверување“ и дека следниот пат кога ќе оди на одмор треба да постави камера во канцеларијата.

Откако видеото стана вирално и собра речиси 9 милиони прегледи, девојките решија да изведат нов трик. Овој пат во канцеларија ставиле огромен диносаурус на надувување со божиќна капа. „После ова дефинитивно ќе постават камера“, велат девојките.

@lake.erie.arms Replying to @Micbreclo & the prank series continues! #workpranks #fired #officepranks #officehumor #prank #prankwars #employee #boss #fyp #officelife #humor #funny #worklife #employeeofthemonth #viralvideo ♬ Run, Rudolph Run - Chuck Berry

Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

притисни ентер