Ваквата тенденција е нотирана и во Центарот за справување со обезност, вели раководителот, д-р Недеска Минова, каде е зголемен бројот на пациенти. Причината за тоа ја гледа во достапноста на премногу нездрава храна, прекумерно консумирање на истата и физичка неактивост. Според нејзе, обезноста која веќе има епидемиски размери особено е алармантна кај малолетната популација која се повеќе го има овој проблем од кој страда целиот организам.
-За жал тоа се случува и во детската популација, што е многу поаларманто отколку кај возрасната популација, бидејќи децата кои што се справуваат со проблем дебелина понатаму стануваат во текот на животот наши пациенти. Мултисистемска болест, страда целото тело, започнувајќи од коскено зглобниот систем, најголем број од овие пациенти во текот на животот развиваат дијабетес мелитус тип-2 имаат покачен и нерегулиран крвен притосок, кардиоваскуларни компликации, проблеми со дишењето, психички проблеми, така да, едно мултисистемско засегање,- Д-р Наташа Недеска Минова – Раководител на одделение за ендокринологија и дијабетес.
Од отворањето на овој центар каде најобезниот пациент во моментов има 210 кг до сега се направиле 800 прегледи, а половина од нив се појавиле и на контролен преглед, што е позитивен тренд според Недеска Минова. Сепак, покрај упорност и волја за за лечењето на обезноста како болест која е хронична и тешка за лекување, потребни се и пари, оти фондот не го покрива лекувањето. Недеска Минова вели дека како центар прават кампањи за подигање на свеста, но решението го гледа во создавање на национална стратегија.
-Меѓутоа како завршуваат овие пациенти, се судираат со проблем со терапија. Терапија има, фармаколошка терапија постои, меѓутоа не е на товар на фондот и тоа пациентите треба да го сносат од својот буџет, а тоа не е малку. Потоа, како поддршка е потребно да имаат структуирана нутриција, односно план за исхрана кој што е направен од професионалци, нутриционисти, кои што исто така приватно ги плаќаат и структурирана физичка активност која исто така треба професионалец да ја направи, а тоа се за жал е недостапно од страна на државата,- Д-р Наташа Недеска Минова – Раководител на одделение за ендокринологија и дијабетес.
Според податоците на СЗО, наjoбезна нација во светот е американска Самоа, каде дури ¾ од возрасните се смета дека имаат прекумерна тежина. На Островите Тонга и Наури во Тихиот Океан исто така 70% од населението има прекумерна тежина. Во последните три децении во Европа со помала стапка на обезност можат да се пофалат Франција и Шпанија, додека пак ситуацијата во Британија и САД е загрижувачка.