Ребел Вилсон во тајност во Италија се ожени со партнерката Рамона Агрума

Ребел Вилсон се ожени со Рамона Агрума овој викенд на Сардинија, Италија, пренесува магазинот People.

Фотографиите од венчавката се уште не се објавени, а сѐ било чувано во тајност.

Ребел и Рамона, дизајнерка на облека и накит, првиот заеднички одмор го поминаа во Италија, па не е изненадување што ја одбраа таа земја за овој важен ден. Неколку дена пред свадбата, Ребел на својата инстаграм приказна објави фотографија на која се држи за рака со Рамона во градот Порто Черво. Пред венчавката тие престојуваа во хотелот Кала ди Волпе.

Нивната врска стана јавна во јуни 2022 година, кога Ребел објави нивна фотографија со натпис: „Мислев дека барам принц на Дизни... Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцеза на Дизни“.

На крајот на 2022 година, Ребел објави дека има ќерка со помош на сурогат мајка. „Исклучително сум горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат“, напиша тогаш Ребел.

Тие се верија во февруари 2023 година пред замок во Калифорнија. „Рековме да“, ги навела Ребел на фотографиите од свршувачката. Вилсон подоцна објасни како ја запросила Рамона во нејзините мемоари Rebel Rising: A Memoir, објавени во април 2024 година.

„Рамона виде ливчиња од роза низ целиот под и рози во вазни. Ѝ кажувам колку е посебна за мене, а потоа се спуштам на едното колено и ја отворам кутијата со прстен. Завршувам со: „Значи, на овој клише, овој клише ден, Рамона Цитрус, ќе се омажиш ли за мене?' „Да“, вели таа низ солзи кои ѝ течат по лицето“, напиша актерката.

Пред Рамона Ребел беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирус. Тие за прв пат се појавија заедно во јавност на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.

Петар Арсовски „На кавга со Иван“

Опааааа, понеделничка кавга со човекот кој веднаш ве асоцира на СДСМ, а истиот не е нивен член…зошто?

Со Петар Арсовски ќе се кавгаме за тоа дали грешките од блиското минато ( читај оние на Заев и Ковачевски ) стануваат пранги на денешницата?

Зошто сме толку сервилни визави ЕУ? Зошто не почнеме да практикуваме конкретни чекори како што тоа го прават нашите источни несоседи па можеби ќе запалиме некоја црвена сијаличка во Брисел?

Има ли барем еден маж во државава за да го прогласи за persona non grata Бугарскиот амбасадор поради бахатоста на нивните политички великодостојници како и да му предаде демарш на албанскиот амбасадор поради ридикулните лекции на нивната претседателка на албанското собрание, која без пардон го учеше на ред нашиот прв Уставен Судија?

Кој тебе со “камен”, ти нему “два камена”? Европа очигледно веќе не препознава никаков “леб”.

Вечерва Петар Арсовски „На кавга со Иван" во 21.30ч на Youtube на каналот и 23 часот на Канал 5.

Мајка си ја застрелала ќерката, па со рана во вратот ја принудила да ја лаже полицијата (ВИДЕО)

Мајка од Мериленд е уапсена откако по расправија ја застрелала сопствената ќерка.

Американските медиуми објавија и видео кое е создадено откако девојката (13) била застрелана во вратот.

На него се гледа како малото девојче влече корпа за отпадоци кон влезот на куќата, пред мајката да отвори оган.

Полицијата го пронашла девојчето како крвари пред влезната врата, пишува Фокс.

Кога полицијата прашала што се случило, девојчето се обидело да ја заштити мајка си, велејќи им дека била застрелана од бездомник.

Пукањето се случило во семејната куќа во понеделникот.

Нејзината мајка Талечка Браун (32) е уапсена за обид за убиство од прв степен, што предвидува максимална казна доживотен затвор.

И покрај тоа што девојчето изјавило дека била застрелана од бездомник по упадот, полицајците ја отфрлиле приказната, по што девојчето рекло дека нејзината мајка ја принудила да ја лаже полицијата.

Девојчето изјавило дека се расправала со мајка ѝ кога ситуацијата излегла од контрола.

Девојчето сега се опоравува од повредите на интензивна нега, но најверојатно ќе ѝ треба уште операција бидејќи нејзината состојба се стабилизира и подобрува. Лекарите се среќни што таа сè уште може да оди со оглед на тоа каде ја погодил куршумот.

ЦЕРН отпушта речиси 400 руски научници

Речиси 400 руски научници ќе мора да ја напуштат Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) по завршувањето на соработката со Русија на крајот на ноември, соопшти денеска истражувачката лабораторија за физика на честички во Женева.

Во јуни 2022 година, ЦЕРН одлучи да ги раскине договорите за соработка со Русија и Белорусија поради војната во Украина, објави Le Matin.

Петгодишниот договор со Белорусија истече на 27 јуни, а со Русија ќе истече на 30 ноември и нема да биде продолжен, најави Арнауд Марсолие, портпарол на ЦЕРН. Така ЦЕРН ќе остане без 400 руски научници кои работеле за таа европска истражувачка лабораторија. Марсолие, сепак, додава дека соработката со руските научници кои работат за неруски институции ќе продолжи.

Околу 90 руски научници се приклучиле на други истражувачки институти. Одлуката за протерување на стотици руски научници нема да важи за вработените во Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања (JINR), меѓувладин центар во Дубна, Русија, на околу 110 километри северно од Москва.

ЈИНР се смета за „меѓународна организација“, објасни портпаролот на ЦЕРН.

Иако некои истражувачи веруваат дека соработката со ЈИНР го одржува научниот дух и обезбедува континуитет на истражувањето, украинските физичари и критичари ја нагласуваат поврзаноста на ЈИНР со руската влада, која финансира повеќе од 80 отсто од активностите на институтот. Тие посочуваат дека лабораторијата има блиски врски со руската армија, што го отвора прашањето за можна злоупотреба на научни информации за воени цели.

Заминувањето на руските научници сериозно ќе се одрази на проектите на ЦЕРН, вклучително и експериментите на Големиот хадронски судирач (LHC), бидејќи Русија учествувала со 4,5 отсто од пресметките за тие експерименти, т.е. придонесувал со 2,3 милиони швајцарски франци годишно.

LHC е најмоќниот акцелератор на честички во светот. LHC лежи во кружен тунел, 27 километри во обем, 175 метри под земја, под француско-швајцарската граница, недалеку од Женева, Швајцарија.

Иако многу научници успеаја да најдат нови позиции надвор од Русија, ќе се почувствува загубата на руската експертиза, како што признаа некои членови на заедницата, вклучително и оние кои се залагаат за продолжување на меѓународната научна соработка. Москва претходно вети дека ќе инвестира 40 милиони франци во модернизацијата на забрзувачот на честички.

притисни ентер