Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на соопштението од ДУИ

ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор. Така владееја над 20 години. 

ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот.

Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

АМСМ информира дека од 12:10 часот има забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.

Британска министерка поднесе оставка поради лага за украден телефон

Британската министерка за транспорт Луиз Хеј поднесе оставка откако призна дека ја измамила полицијата во врска со службен телефон за кој лажно пријавила дека е украден.

Хеј во писмо до премиерот Киер Стармер изјави дека во 2013 година пријавила дека телефонот бил украден за време на „ужасен грабеж“, но подоцна сфатила дека го заборавила дома.

„Инцидентот беше вистинска грешка од која немав никаква корист,“ напиша Хеј, додавајќи дека оставката е потребна за да се избегнат одвлекувања од работата на владата.

Премиерот Стармер ѝ се заблагодари за нејзината работа, но оставката претставува нов удар за неговата влада, чиј рејтинг паѓа поради обвинувања за злоупотреба на фондови и зголемување на даноците.

Градоначалникот Никола Најдовски нов претседател на Советот на Пелагониски плански регион

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, избран е за нов претседател на Советот на пелагонискиот плански регион.

Во мандатниот период Најдовски ќе се фокусира на комуникациската стратегија на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион 2024-2026 година, информираа од Општина Демир Хисар.

-Благодарам на колегите градоначалници на општините од регионот за укажаната доверба. Локалниот и регионалниот развој се нераскинливо поврзани во својата функција и намена, а и нивната цел е заедничка, а тоа е подобар живот за граѓаните. Моите заложби и посветеност ги ставам на располагање за преку заедничка соработка со сите релевантни чинители. Со покренување на нови иницијативи, како и со креирање на нови проекти да придонесеме кон развиен и успешен Пелагониски регион, истакна Најдовски.

Во Советот на пелагонискиот плански регион членуваат градоначалниците на општините Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.

притисни ентер