Реакција на Македонското археолошко друштво во врска со ископувањата во село Корошишта

Археологијата и археолошките истражувања и пронајдоци да не се етнизираат и да не злоупотребуваат за ширење на меѓуетнички тензии, порачува претседателот на македонското археолошко друштво Орданче Петров. 

Ваквите апелии на Петров доаѓаат по одредени тврдења дека последното арехилошки откритија пронајдени во струшко наводно припаѓале илириско племе наречено Енкелејди, кое подоцна го создало Илириското царство. Во изјава за Канал 5 Петров вели дека станува забор за археолоши пронајдоци од досега непознатата некропола, кое доправа ќе се истражуваат. Сите тврдења за потеклото артефактите изнесени досега, според него се само на ниво на шпекуалција.

Целиот процес на археолошките ископувања во струшкото село Корошишта се одвивал транспрантно, тврди првиот човек на Македонското археолошко друштво, кој стравува дека ваквите шпекулации за потекло на археолошки пронајдоци лессно може да доведат до подгревање на меѓуетнички тензии во државата. Во стручниот археолошки тим кој работел нма ископите во струшко присутен бил и археолог припадник на албанската националност, вели Петров, но не заради националноста, туку поради неговата стручност и професионалност. На повикот од еден од лидерите на Вреди Таравари

Археолошки наоди кои датираат од 6 век п.н.е. биле откриени на приватно земјоделско земјиште во охридско-струшкиот регион. Станува збор за 80-ина архелошки предмети меѓу кои златна маска; златни прстени и други вреди пронајдоци. Истите преде десетина дена беа презентирани пред јавнсноста на прес конференција од страна на археолозите кои учествувале во ископувањето и од минситерот за култура Љутков, кој истакна дека станува забор за најголемото археолошко откритие Македонија во последните 100 години.

Реакција на битолскиот муфтија Амит Расимовски: Нашиот став за Јени џамија не е променет

Битолскиот муфтија Амит Расимоски реагира на вчерашната изјава на првиот човек на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски, околу нивниот состанок за Јени џамијата...

Муфтијата вели дека средбата била побарана од нивна страна уште пред еден месец, но за сосема други тековни и идни проекти на Битолското муфтивство.

-По завршувањето на службениот состанок, директорот зборуваше за неговите работи. Во меѓувреме спомна дека Јени џамија одлучил да ја промовира како Музеј на христијанската и исламската култура. Јас го прашав како ќе го направи тоа, кога со Закон и решение на државата е именувана како Галерија на уметностите и ние немавме никаква службена информација, на што тој одговори дека таа повеќе никогаш нема да биде галерија. Нормално дека за ова го известив поглаварот на ИВЗ, заменик министерот за култура и турската амабсада која имаше и реакција. Нашиот став за Јени џамијата воопшто не е променет и е јасен, бараме да и се врати на вистинскиот сопственик, ИВЗ – стои во демантот на битолскиот муфтија Амит Расимовски..

Вчера, директорот на Битолскиот завод и музеј, Зоран Николовски, во изјава за Канал 5 кажа дека пред две недели го информирал битолскиот муфтија за музејската поставка, а тој бил воодушевен од идејата и поради тоа отстапил два стари Курани на реверс на една година..

Објавен е списокот на најпродаваните нови автомобили во Европа

Најпродаваните модели се добор познати, а забележителен е и пораст на продажбата на одредени германски марки.

Продажбата на нови автомобили во Европа се стабилизира на нешто повеќе од милион возила месечно, што е на ниво на истиот период минатата година. Сепак, тоа не значи дека сите производители постигнале подеднаков успех.

Групацијата Volkswagen во октомври продала 287.000 автомобили, што е зголемување од 11%, објави Јато. И во исто време, треба да се има предвид дека Audi потфрли. Неверојатно е што главната причина за успехот е растот на продажбата на електричните модели. Така, Škoda Enyaq стана најпродаваниот електричен модел во Европа, заменувајќи го Tesla Model 3.

Во октомври, групацијата Volkswagen имаше 27,6% од пазарот на Стариот континент, што е буквално најдобар резултат во последните четири години. Овде вреди да се спомене дека најпродавана марка во Европа е Volkswagen, пред Toyota и Skoda.

Стелантис, од друга страна, има причина да се грижи. Нивната продажба се уште е во минус. Plug-in хибридите забележаа особено голем пад од дури 64%. Вкупниот минус во последниот месец изнесуваше забележителни 17%.

Евтиниот Sandero останува омилен избор на европските купувачи. Sandero го избраа 21.740 клиенти, а вреди да се спомене и новиот Duster, кој со продадени 14.235 примероци забележа раст на продажбата од дури 44%. Одличен резултат постигна и второпласираниот Peugeot 208, кој со 20.389 продадени примероци порасна за 40%.

Третопласираниот Тигуан беше одлично прифатен од европската публика. Иако е нешто поскап модел од ривалите од рангирањето, растот на продажбата од 72% го донесе семејниот теренец на третото место.

Да споменеме уште некои интересни појави на пазарот на нови автомобили. Volvo EX30 забележа повеќе од 5.300 продадени единици, Porsche Macan забележа пораст од 142% во единиците поради доаѓањето на новата електрична генерација, а Fiat Abarth 600 забележа раст на продажбата од 304 во октомври 2023 година на повеќе од 4.169 единици минатиот месец .

Стојаноски: Правиме клучни чекори во областа на енергетиката, со многу пониска цена за гасот

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски .

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и истакна неколку работи во однос на областа на енергетиката, односно што е наследено и што ќе биде како нова стратегија за функционирање во тоа поле.

Тој наведе и со која агенција е склучен договор за соработка и набавка на гас, со тоа што ќе има многу поволна и пониска цена за набавката на гас.

„Во овој момент се преземени неколку работи, прво е склучено партнерство за набавка на гас со aзербејџанската Сокар. Таа е една агенција која што снабдува во овој моментот, мислам дека, шест земји на ЕУ со гас. Имаме отприлика 20 евра пониска цена за набавка, мислам дека во оваа сезона ќе успееме уште дополнително да ја направиме таа цена поевтина, за да можеме барем тоа производство на гас да го покриеме од тој начин“, рече Стојаноски.

Исто така, тој ги истакна позитивните работи кои што Владата ги прави во енергетскиот сектор, со оглед на тоа што е наследено од претходната власт и дека тој ја подржува иницијативата за енергетска ефикасност.

„Она коешто е позитивно е дека 300 илјади тони јаглен, мислам дека, се депонирани на депото. Кредитот за ЕСМ се зема само заради една работа, 5 милијарди долг имаше кога новото раководство го наследи и се направи еден финансиски пакет кој што беше финансиран од домашните банки, со многу поволен грејс период и каматна стапка се расчисти. Претпријатието во моментот има нула долгови по тој основ. Во периодот од тие три или четири години, колку што е грејс периодот, претпријатието ќе застане на нозе, ќе се врати долгот кон банките и практично ќе може да влезе и во плус како што го оставивме. Така да, јас подржувам иницијативи за енергетска ефикасност, енергетска независност ,но тоа, како што кажа заменик министерот, во овој момент е предвидено во буџетот“, вели Стојаноски, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер