Реакција на битолскиот муфтија Амит Расимовски: Нашиот став за Јени џамија не е променет

Битолскиот муфтија Амит Расимоски реагира на вчерашната изјава на првиот човек на Завод и музеј Битола, Зоран Николовски, околу нивниот состанок за Јени џамијата...

Муфтијата вели дека средбата била побарана од нивна страна уште пред еден месец, но за сосема други тековни и идни проекти на Битолското муфтивство.

-По завршувањето на службениот состанок, директорот зборуваше за неговите работи. Во меѓувреме спомна дека Јени џамија одлучил да ја промовира како Музеј на христијанската и исламската култура. Јас го прашав како ќе го направи тоа, кога со Закон и решение на државата е именувана како Галерија на уметностите и ние немавме никаква службена информација, на што тој одговори дека таа повеќе никогаш нема да биде галерија. Нормално дека за ова го известив поглаварот на ИВЗ, заменик министерот за култура и турската амабсада која имаше и реакција. Нашиот став за Јени џамијата воопшто не е променет и е јасен, бараме да и се врати на вистинскиот сопственик, ИВЗ – стои во демантот на битолскиот муфтија Амит Расимовски..

Вчера, директорот на Битолскиот завод и музеј, Зоран Николовски, во изјава за Канал 5 кажа дека пред две недели го информирал битолскиот муфтија за музејската поставка, а тој бил воодушевен од идејата и поради тоа отстапил два стари Курани на реверс на една година..

Погребална фирма во САД осквернавела 190 тела, на семејствата им давале цемент наместо пепел

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура.

Сопствениците на погребната куќа „Враќање во природата“ во Колорадо, Џон и Кери Халфорд пред судот се изјаснија за виновни по обвиненијата дека оставиле 190 тела на нивниот имот да се распаѓаат на собна температура, а на семејствата на починатите им бил даден сув цемент во урните наместо пепел.

Според договорот за признавање на вината меѓу обвинетите и обвинителите, се очекува Џон Халфорд да биде осуден на 20 години затвор, а Кери Халфорд од 15 до 20 години затвор, пренесува АП.

Во спогодбата, семејството Халфорд се согласило да им плати реституција на семејствата, чиј износ ќе биде одреден подоцна, а обвиненијата за кражба, фалсификување и перење пари ќе бидат отфрлени според договорот.

Од 2019 година, тие чуваат трупови во трошна зграда во близина на Колорадо Спрингс и им даваат на семејствата на починатите сува бетонска маса наместо кремирани останки, објави АП.

Со текот на годините, семејството Халфорд потрошило пари од клиентите и речиси 900.000 долари за време на пандемијата на коронавирус на луксузни предмети, како што се скапи автомобили, патувања во Лас Вегас и Флорида. Според судските документи, тие инвестирале повеќе од 30.000 долари во криптовалути и други луксузни предмети.

Минатиот месец, сопружниците се изјаснија за виновни за обвиненијата за измама и се соочуваат со повеќе од 200 обвиненија, вклучувајќи злоупотреба на трупови, кражба, фалсификување и перење пари.

Телата, за кои обвинителите тврдат дека биле несоодветно складирани, биле откриени минатата година кога соседите пријавиле непријатен мирис од зграда во градот во близина на Колорадо Спрингс.

Откритието предизвикало законски промени, бидејќи прописите на Колорадо за погребните услуги претходно биле меѓу најслабите во земјата, соопшти агенцијата.

Оваа година пратениците ги заостриле регулативите, воведувајќи задолжителни инспекции и барања за обука за вработените во погребалните претпријатија.

Шефот на украинските разузнувачи: Русите имаат листи за отстрел- на нив се учители, свештеници

Шефот на военото разузнавање на Украина, генерал-полковник Кирило Буданов, изјави дека Киев е свесен за постоењето на руски „списоци за убиства“ на учители, новинари, украински свештеници и други.

„Списоците за егзекуција вклучуваат наставници по украински јазик, литература, историја, ветерани на антитерористичката операција, новинари, научници, писатели, свештеници на Православната црква на Украина и други кои ја поддржуваат Украина, јавни и политички личности и шефови на државни органи и самоуправа“, рече Буданов.

„Бевме сведоци на страшни масовни злосторства врз украинските граѓани, чии детали станаа познати на целиот свет. Злосторствата на единиците на руските вооружени сили во Бородјанка, Буча, Хостомел, Изум, Мариупол и многу други украински населби покажаа дека овие синхронизирани дејствијата се засноваат на јасни доктринарни принципи, руската геноцидна политика на владата и военото раководство“, рече тој.

Шефот на разузнавачката служба нагласи и дека „украинофобијата“ навлезе во целото руско општество. „Геноцидот врз Украинците не е само државна политика на Руската Федерација, туку и задолжително општествено верување наметнато одозгора“, рече Буданов.

Изјавите на Буданов доаѓаат по неколку значајни настани во конфликтот меѓу Русија и Украина во изминатата недела.

Во вторникот, Москва лансираше хиперсонична ракета кон централниот украински град Днипро, чија цел беше воен објект. Нападот беше извршен со помош на експерименталната хиперсонична ракета Орешник, ракета со среден дострел за која се вели дека е способна да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.

Во телевизиско обраќање, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нападот е одговор на употребата на ракети со долг дострел од страна на Украина од САД и Велика Британија, кои биле користени за напад на цели во Русија. „Никој друг во светот нема вакво оружје“, рече Путин.

Овој напад уследи по неодамнешната одлука на американскиот претседател Џо Бајден да одобри употреба на американски тактички ракетни системи (ATACMS) за напади на руска територија.

„ATACMS значително ќе ја зголемат способноста на Украина да ги наруши руските операции длабоко зад фронтот“, изјави за Фајненшл Тајмс Андриј Загородњук, поранешен министер за одбрана на Украина. „Овие проектили ни овозможуваат да гаѓаме цели со висока вредност до кои другите системи не можат да стигнат.“

Атрактивна олимписка шампионка се пофали со тетоважите на интимно место на телото (ФОТО)

Не сметајќи ги спортските резултати, луѓето најмногу ја познаваат американската атлетичарка Шакари Ричардсон по специфичните нокти кои оваа спринтерка ги носи и привлече внимание.

Сепак, во последно време една од најбрзите жени на светот го користи својот атрактивен изглед за промоција на социјалните мрежи. Како што беше случај неодамна.

Имено, Ричардсон на својата Инстаграм стори објави провокативна фотографија на која се гледа тетоважата која ја има на интимен дел од телото – меѓу градите.

Американката има 25 години, на Инстаграм ја следат околу 4,2 милиони луѓе, додека таа во 2019 година стана професионалец на 100 и 200 метри во категоријата „track and field“.

За овие пет години таа успеа да освои шеесет медали, меѓу кои и титулата светски шампион во 2023 година на СП во Будимпешта во две дисциплини, како и златен медал на Олимписките игри во Париз во штафетата. Таа освои и сребро на 100 метри.

притисни ентер