"Среќна сум што успеав да останам фокусирана, да ги надминам условите и да играм добро. Но, морам да кажам дека ВТА ме разочара многу, како и моето претходно искуство во финалето на ВТА. Како што кажав на прес конференцијата, како играч не чувствувам дека ВТА ме почитува. Мислам дека повеќето од нив се чувствуваат така“, напиша Сабаленка на својот Инстаграм профил.
„Ова не е нивото на организација што го очекуваме за финалето. Искрено, на овој терен често не се чувствувам безбедно кога се движам, одбивањето на топката воопшто не е рамномерно, а до саботата не добивме можност за вежбање на овој терен.
Кога има толку многу на коцка и кога влогот е толку голем, тоа за мене е неприфатливо“, додаде 25-годишната Белорусинка, која се бори за статусот најдобра играчка на последната ВТА ранг листа за оваа година со Полјачката Ига Швијатек.
Сабаленка, сепак, изрази благодарност до локалните организатори за напорот што го вложиле во подготовката на турнирот и теренот, со оглед на краткиот рок што го имале, бидејќи Канкун беше домаќин на финалето на ВТА пред помалку од два месеци.
„Знам дека тие не се виновни за ова и сакам да знаат, исто како и мексиканските тениски фанови, дека ги сакам и ценам. Многу сум среќна што сум во Мексико, само лута сум поради ВТА и ова ситуација“, изјави Сабаленка.
Во 2019 година, ВТА потпиша повеќегодишен договор со кинескиот Шенжен за домаќин на финалето на ВТА, но пандемијата на корона и прекинот на врските меѓу ВТА и Кина по исчезнувањето на кинескиот тенисер Пенг Шуаи доведоа до прекин на тој профитабилен договор.
Така, финалето на ВТА 2021 година се одржа во Гвадалахара, Мексико, а минатата година како домаќин стапи американскиот град Форт Ворт во државата Тексас, каде што имаше забележлив недостаток на интерес кај гледачите за настапите на најдобрите тенисерки на светот.
Во последните недели имаше бројни непотврдени извештаи дека Саудиска Арабија ќе биде следниот домаќин на финалето на ВТА, што е многу можно со оглед на тоа што Канкун има договор за домаќин само за оваа година.