Судот пресуди дека суперѕвездата на боречките вештини мора да ѝ плати отштета од 248 илјади евра на дотичната жена.
Пресудата ги натера неговите многубројни непријатели и ривали, со кои со години се бори на социјалните мрежи, да го навредуваат, исмејуваат или едноставно да ја коментираат пресудата, а Џејк Пол дури го испровоцира на одговор, кој веднаш беше окарактеризиран како хомофобична омраза.
„Дејна Вајт удира жена, Конор е осуден за силување, но јас сум негативецот“, напиша Пол, не разбирајќи ја разликата помеѓу граѓански и кривичен судски случај. Конор одговорил со не толку суптилен одговор: „Не, ти си мал хомосексуалец“. Веднаш беше обвинет за хомофобија.
Англиски Мирор го пренесува неговиот одговор: „Кога ќе наречете некого геј и мислите дека сте му покажале, тоа само покажува колку кокаинот ви го испржил мозокот. Поздрав до сите глупаци“. Објавата со оваа кавга во коментарите оттогаш е избришана.
Мек Грегор всушност не беше осуден, тој само изгуби граѓански случај против жена која тврдеше дека тој и неговиот пријател Џејмс Лоренс ја силувале во хотелска соба во декември 2018 година. Конор тврдеше дека и двајцата имале секс со неа, но одделно и со нејзина согласност. Лоренс беше прогласен за невин.
Мек Грегор, кој ја дочека пресудата во судницата во друштво на своето семејство, вклучувајќи ја и партнерката Ди Девлин, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба.