Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, бараат договор со Град Скопје

Од саемот во Белград, премиерот Христијан Мицкоски синоќа најави дека Владата ја разледува можноста за набавка на 100 до 120 електрични автобуси кои освен за Скопје, би биле распределени и во други градови во земјава во кои има јавен градски превоз.

Од понеделник и приватните превозници се враќаат на скопските улици. Наместо само во попладневните часови како што веќе подолг временски период сообраќаат, се враќаат од утринските, но не во полн капацитет туку како што велат само оние превозници кои имаат финансиски можности. Кажаа дека се охрабриле најмногу поради револтот кај граѓаните, но и од предлогот на градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на изминат километар, нешто што го бараат подолг период.. Бараат и да бидат плаќани преку градот, наместо како досега од ЈСП од каде нагласија дека им должат околу 650 илјади евра.

„Треба да не разберете, ситуацијата е таква, условите се такви затоа ги молиме советниците да излезат во пресрет заеднички да најдеме решение за нашиот проблем ние имаме како што знаете и 200 автобуси можеме да го покриеме недостатокот на автобуси кај ЈСП и целата оваа криза ќе заврши брзо.“

„Битни се граѓаните, да го опслужиме јавниот интерес, да ни се покачи цената и на плата да се смени да не бидеме плаќани преку ЈСП туку да бидеме плаќани директно од градот, пошто ние сега чекаме пари од нив а знаеме какво претпријатие е ЈСП и знаете ние како ги добиваме парите, на рати и не можеме да фукционираме.“

Проблемот со јавниот градски превоз владта размилсува да го реши со набавка на стотина електрични автобуси– најави премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од нив ќе бидат наменети за главниот град, а останатите за оние општини каде има организиран јавен градски превоз..

“Анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:30.

Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок..“

Колапсот со јавниот превоз во главниот град пред два дена беше надминат откако Владата одлучи да остапи 250 илјади литри гориво на ЈСП од државните резерви, за да се премости перидот додека се повтори тендерот за набвака што беше поништен. За хасот со јавниот превоз, вчера пред Град Скопје протестираа жителите на Шуто Оризари, учниците и студентите...

Се огласи Ѓоковиќ по веста дека Енди Мареј му е нов тренер: Време е за нашиот последен чин

Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ.

Еве зошто српскиот тенисер објави видео во кое го претставува „својот нов тренер“.

- Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мари е добредојден – изјави Новак Ѓоковиќ.

Руте идната недела ќе ги посети Анкара и Атина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина.

Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена индустрија, ќе ги посети капацитетите на турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ и ќе положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Аниткабир во Анкара.

На 26 ноември Руте ќе ја посети Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за одбрана Никос Дендиас, според соопштение од НАТО.

Хамас: Израелска заложничка загина во нападот на ИДФ, уште една е во критична состојба

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека израелска заложничка загинала во северниот дел на Газа, откако областа била нападната од израелските одбранбени сили.

„По обновувањето на контактот со борците на отпорот одговорни за заштита на израелските затвореници, потврдено е дека израелска затвореничка е убиена од силното израелско бомбардирање во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Хамас.

Портпаролот на бригадата Ал Касам, Абу Обаида додаде: „Уште една заложничка е критично“.

Тој рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата влада и воените лидери „ја сносат целосната одговорност за животите на заложниците“.

„Тие се оние кои инсистираат да им ги нанесат нивните страдања и смрт“, додаде тој.

ИДФ допрва треба да ги коментира овие тврдења.

Инаку, се верува дека во Газа се уште има 101 израелски заложник, кои Нетанјаху вети дека ќе ги лоцира.

притисни ентер