Претставата „Земја на штркови“ во режија на Роберт Ристов во Свети Николе

Претставата „Земја на штркови“ во режија на Роберт Ристов вечер премиерно ќе биде изведена во Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе.

Работена е по мотиви од текстот „Топлината во ноември“ на Јана Добрева, а Роберт Ристов се потпишува и зад адаптацијата и сценографијата на претставата.

- „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до каде - тоа сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!, информираат од Театар Провокација – Скопје.

Во претставата играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски. Продукцијата е на Театар Провокација – Скопје. Автори на музиката се Оливер Јосифовски и Давор Јордановски. Вокал е Вера Милошевска, а кореографијата е на Кренаре Невзати - Кери. Костимите се креација и спонзорство на Елена Лука.

Претставата е делумно поддржана од Општина Охрид и од неколку општествено одговорни македонски компании и медиумски покровители.

„Земја на штркови“ на 18 овој месец беше изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Следните изведби на претставата се на 26 ноември 2024 година во Пробиштип, на 6 декември во Велес, на 10 декември вторпат ќе биде изведена во Охрид. Скопската премиера ќе биде на 11 декември 2024 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Во буџетот предвидено е зголемување на средствата за МВР, одбрана...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на враќање на довербата на граѓаните во институции, на подобрување на услугите кои институциите ги даваат на граѓаните, како и на враќање на безбедноста во државата.

И за таа цел, во буџетот за следната година предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.

За зголемување на јавната безбедност предвидени се околу милијарда денари за вложување во опрема и машини, со цел модернизација и осовременување на капацитетите на МВР.

Значајни инвестиции ќе има и за модернизација на армијата, така што со буџетот за следната година за одбрана се предвидени до 4,5 милијарди денари.

Со цел модернизација, набавка на опрема и подобрување на здравствените услуги за граѓаните, како и условите за работа на медицинскиот кадар со буџетот од 2024 година предвидени се 7.5 милијарди денари. Тоа е зголемување од 25% во споредба со буџетот за здравство за годинава кој го подготви СДС и кој изнесувал 5.9 милијарди денари.

Зголемување од 5% на средствата со буџетот за 2025 година има и во земјоделие, со цел вложување во модернизација на наводнувањето и враќање на достоинството на земјоделецот.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра.

Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе, се наведува во партиската реакција.

Мицевски:Владата има зголемен буџет за реформи во МВР, а во времето на Спасовски имаше криминал

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски.

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива.

„Колега како што слушнавте овој амандман се одбива, оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, во центарот за обука само зголемување од 61% во однос на 2024 годин. Конкретно за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано“, изјави Мицевски.

Тој исто така истакна дека Спасовски додека бил на функција не направил ништо добро за државата, туку баш во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.

Во однос на тоа, Мицевски образложи дека апсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина,а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.

„Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира. Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер, дел технички дел министерство МВР? Највеќе криминални пресметки и убиства и нерешени случаеви во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи“, рече Мицевски, се наведува во партиското соопштение.

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна сите три гола на натпреварот против Аугсбург (3:0).

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна сите три гола на натпреварот против Аугсбург (3:0), со што стана играчот на кого му требаа најмалку натпревари за да стигне до 50 гола во германското првенство.

Два добро изведени пенали и гол во петтата минута од судиското надополнување беа 48-ми, 49-ти и 50-ти за Кејн во Бундеслигата. За тој подвиг му требаа 43 натпревари.

Претходниот рекордер кој го презеде Кејн беше актуелниот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кому му беа потребни 50 натпревари за да стигне до 50 гола во Бундеслигата.

Кејн во Баерн пристигна летото минатата година и досега за славниот германски клуб на 62 натпревари постигна 64 гола. Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација (69 гола на 103 натпревари) и во историјата на Тотенхем (280 гола на 435 натпревари), вториот стрелец во Премиер лигата на сите времиња (213 гола на 320 натпревари) и сега рекордер во Бундеслигата, не освои ниту еден трофеј во кариерата. Досега постигнал 440 гола.

притисни ентер