Според него, обидите за ескалација и креирање на меѓуетнички тензии, нема да бидат последни, но повтори дека Владата ќе одговори жестоко на сите обиди за дестабилизација на државата. Апелираше до граѓаните да не подлегнуваат на провокации, а за случувањата рече дека ги информирал и стартешките партнери и меѓународната заедница
Ова нема да биде изолиран случај, ќе има вакви обиди и во иднина. Како правдата ќе затропа до криминалците, тие ќе стануваат понервозни и единствен начин да го одбранат криминалот ќе биде ваков, со креирање на етнички тензии. Апелирам до македонските граѓани на трезвеност, да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, оти ова е мала изолирана група која ги штити своите криминали. Сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого, секој оној кој го крши законот и Уставот ќе одговара
Мицкоски не посочи кој стои зад сценариото, но од ВМРо-ДПМНЕ прстот го вперија кон ДУИ и СДСМ.
„Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири. Ова сценарио е за предизвикување на етнички конфликти преку кои ДУИ и СДС би дошле на власт. Дали наместо протести кои ги најавуваше ДУИ добивме црно сценарио за провокации и етнички немири?“
Од ДУИ ги осудуваат како што велеат, индивидуалните акти на насилтво, но одговорноста за нив ја префрлаат кон Владата и полицијата..
„ А тоа што се случи вчера беше забрана на одредена етничка заедница да чествува во плоштад на главен град на Република Македонија и во еден од најголемите градови како што е Куманово, што е целосно потфрлување на МВР“.
Од СДСМ освен осуда, бараат и оставка од Тошковски, директорот на БЈБ и началникот на СВР Скопје, кои според нив потфрлиле, не дејствувале превентивно и не одговориле соодветно на вечрашните инциденти.
“Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија ваков понижување на Македонците и македонската држава? Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје? “.
Како неприфатливи и погревање на меѓуетнички тензии, вчерашните инциденти ги осудија и од владините коалициони партнери Вреди, од каде велат дека за време на прславата на Денот на албанското знаме кон крајот на денот се појавиле групи кои сакале да ја дестабилизираат државата.
„Коалицијата ВЛЕН најостро ги осудува овие неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња. Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја.“
И собранискиот спкер Гаши најсосто го осудува вчерашниот чин на дивеење.
„Насилството и дивеењето никогаш не може да бидат решение или одговор. Уште помалку може да се користат како алатка за провокација со намера за создавање тензии и дестабилизација“, се наведува во соопшението од Гаши.
Јавна осуда преку социјалните мрежи уапти и лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. „Да газиш, кинеш и уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала и вложувала во тебе е злосторство против истата и за тоа треба да се одговара“, напиша Димитриевски на Фејсбук.