Премиерен грен – слем трофеј за Гауф

Американската тинејџерка Коко Гауф го освои првиот грен – слем трофеј во кариерата, откако помогната од своите навивачи и нивната френетична поддршка ја совлада со пресврт Белорусинката Арина Сабаленка со 2-1 во синоќешното финале на УС Опен.

Гауф со загуби првиот сет со 2-6, а на самиот старт на вториот сет Сабаленка имаше две брејк топки, но американската тенисерка се извлече од ситуацијата и тоа што пресвртен момент во натпреварот.

Деветнаесетгодишната Гауф ги освои преостанатите два сета со 6-3, 6-2 и ја освои премиерната титула во своето второ грен – слем финале, по ланското на Ролан Гарос, кое го загуби од Ига Швјонтек.

Сабаленка остана на една грен – слем титула, која ја освои на почетокот на оваа година на Австралија Опен.

И покрај поразот, 25-годишната белоруската тенисерка од утре ќе го запоседна првото место на ВТА листата. /МИА

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила два патни правца

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услови. Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.

АМСМ информира дека е нормализиран сообраќајот на излез од Гостивар кон Стража и дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај е умерен и без задржувања на граничните премин. Умерен е и на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимателно управување со возилата се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Граѓаните најавуваат дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември.

Ѓоковиќ за ангажманот на Мареј: Ми требаше тренер кој поминал исто што и јас

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објасни зошто го повикал Енди Мареј во неговиот тим.

- Размислував за следната сезона и се обидував да сфатам што ми треба во оваа фаза од мојата кариера. Во март ја прекинав долгогодишната и успешна соработка со Горан Иванишевиќ. Така, ми требаа шест месеци добро да размислам дали ми треба тренер, и ако е така, кој ќе биде тој. Погледнав низ различни имиња и сфатив дека идеален тренер за мене сега би бил некој што го поминал исто искуство како мене. Можеби ова е повеќекратен победник на Грен слем и поранешен светски рекет број еден. Одеднаш помислив на Енди Мареј. Малку го изненадив зашто не го очекуваше тоа. Но, брзо стапивме во контакт и неколку дена подоцна тој се согласи. Многу сум среќен поради ова. Тој беше еден од моите главни ривали. На иста возраст сме, игравме на најголемите сцени во нашиот спорт. Едвај чекам да излезам на теренот и да почнам да се подготвувам за следната сезона, изјави Ѓоковиќ.

Пред една недела беше објавено дека Мареј ќе го тренира Ѓоковиќ за време на претсезонските тренинзи, како и до крајот на Австралија Опен во 2025 година.

Пуштено во употреба метрото во Солун

По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција.

По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно се одржа свечена церемонија со присуство на државниот врв, додека пак пред дел од метро станиците беа насобрани граѓани кои и покрај дождот, чекаа да се отворат станиците за да го видат метрото и да се повозат.

Главната линија на метрото е во должина од 9,6 километри со два независни тунели со една насока, има 13 модерни станици, ќе сообраќаат 18 најсовремени автоматски метроа без возач, но со придружник, максималниот капацитет е 18.000 патници на час во еден правец.

Процените се дека дневниот патнички сообраќај ќе биде околу 240.000 патници, но и дека на солунските улици секојдневно ќе сообраќајот 57.000 возила помалку.

Со метрото, за 17 минути ќе се стигнува од едниот на другиот крај на градот, билетот ќе чини 60 центи и ќе важи 70 минути.

Дополнително, на станиците ќе бидат вклучени и археолошките откритија пронајдени за време на изградбата, а на станицата „Венизелос“ се на површина од 1.260 метри квадратни, со што, како што информираа од грчката Влада е меѓународно најголемиот археолошки локалитет вклучен во голем технички проект.

Во ноември 2025 година ќе се заврши продолжувањето на метрото до Каламарија, што на мрежата ќе додадат уште 4,8 километри железничка пруга и пет нови станици.

притисни ентер