Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа

 Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштиле пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Според Министерството, во центрите за привремено сместување има околу 6.000 луѓе.

Како што изјави претставник на руското Министерство за вонредни ситуации во регионалниот оперативен штаб на брифингот одржан во Курск, жителите си заминале „самостојно и во организирани колони“. Според него, во регионот континуирано пристигнува хуманитарна помош.

„Денеска е планирано пристигнување на уште пет конвои со хуманитарна помош, кои ќе испорачаат шатори, постелнина ... како и друга опрема неопходна за работа на центарот за привремено сместување“, изјави претставникот на Министерството.

Најмалку 13 лица беа повредени ноќеска во градот Курск, Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што беше погодено од руската противвоздушна одбрана паднаа врз станбена зграда од девет ката, соопштија претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.

Вршителот на должноста шеф на областа Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека две повредени лица се во тешка состојба.

Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск./МИА

Видео: Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj е е фатен од надзорната камера како спречува жена да скокне од работ на мостот во Нешвил.

Пејачот и пришол на жената околу 18 часот по локално време додека го снимал спот за негова песна.Тој ја убеди непознатата жена да се врати преку оградата на пешачкиот мост.

Според полицискиот оддел во Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта додека 62-годишниот музичар снимал видео спот на патеката.

На видеото, објавено од локалната полиција, може да се види како Бон Џови и приоѓа на жената со уште едно лице. Потоа се наведнува на оградата од мостот и ја подига жената.началникот на полицијата ја пофали постапката на рок ѕвездата.„Сите треба да си помогнеме едни на други да останеме безбедни“, пренесува дејли меил.

Комеморација за актерката Снежана Стамеска

Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.

Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште. Дипломирла на Театарската академија во Белград во 1970.

Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.

Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.

Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во одумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Сина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова '49 (1985), и Паца во Викенд на мртовци (1985).

Претседателската дебата меѓу Харис и Трамп привлече 57,5 ​​милиони гледачи

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

Претседателската дебата меѓу демократската потпретседателка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп привлече 57,5 ​​милиони телевизиски гледачи на седум телевизиски мрежи, покажуваат прелиминарните податоци на агенцијата „Нилсен“ објавени доцна синоќа.

Дебатата што се одржа завчеравечер беше прва тет-а- тет средба на кандидатите за претседателските избори на 5 ноември.

Дебатата привлече повеќе гледачи од онаа во јуни меѓу Трамп и тогашниот претседателски демократски кандидат, актуелниот претседател Џо Бајден, која ја следеа околу 51 милион луѓе.

По лошиот настап во оваа дебата, Бајден се повлече од изборната трка.

Бројките за гледаност на „Нилсен“ не ги вклучуваат луѓето кои ја следеле дебатата онлајн и низ баровите и рестораните. Конечните податоци што ќе ги вклучи и овие бројки ќе бидат објавени подоцна.

Рекордна гледаност досега е забележена во претседателската дебата во 2016 година, кога 84 милиони луѓе го следеа дуелот меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

притисни ентер