После колку време на жените им досадуваат интимните односи во врската

Еве после колку време на жените им досадуваат интимните односи во врската, а кога интерес губат мажите

Интересни резултати од една студија.

Темата за интимните врски отсекогаш предизвикувала различни коментари, а тоа е случај и со едно големо британско истражување кое покажало дека жените губат интерес за водење љубов веќе по првата година од врската, додека кај мажите најкритичен е периодот од 35-тата до 44-тата година.

Во студијата, спроведена од Универзитетот Саутемптон и Колеџот Лондон, учествувале 4.839 жени и 6.669 мажи, на возраст од 16 до 74 години.

Во споредба со мажите, жените губат интерес за интимни односи, во просек, веќе по првата година од врската.

Причините се различни:

Многумина од нив признале дека изгубиле интерес за интимни односи во првата година од раѓањето на детето, како и поради имањето деца помлади од пет години. Вообичаени причини за намалување на желбата се недостатокот на емоционална поврзаност со партнерот, лошата комуникација и здравствени проблеми.

Очекувано, луѓето кои не се среќни во врската биле многу понезадоволни од својот интимен живот. Исто така, различните ставови за тоа што сакаат, а што не сакаат во интимните односи, биле една од главните причини за падот на либидото кај жените.

За некои жени, причина било арогантното однесување на нивните партнери, но и новите тетоважи или пирсинзи по телото. Меѓу другите причини биле спомнати и лошите искуства во претходните интимни односи, па дури и насилното водење љубов.

Интересен е и податокот дека за разлика од мажите, женското либидо опаѓа многу подоцна, на возраст од 55 до 64 години.

Околу 34 % од жените испитаници признале дека изгубиле интерес за водење љубов, додека истото го изјавиле 15 % од анкетираните мажи, пренесува news-medical.net.

Извор: srecna.republika.rs

По врнежите, агрометеоролозите препорачуваат дополнителна претсеидбена обработка на почвата

 По врнежливиот период што ја зафати земјава, кај одредени есенски култури кои се во период на претсеидбена подготовка површината на почвата треба длабоко да се обработи.

По врнежливиот период што ја зафати земјава, кај одредени есенски култури кои се во период на претсеидбена подготовка површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по обработката треба да следи и дополнителна претсеидбена и површинска обработка, укажуваат агрометеоролозите од УХМР.

Како што објаснуваат, целта на дополнителната обработка е да создаде растресит и иситнет површински слој на почвата во кој ќе се посее семето.

-Паралелно со обработката на почвата треба да се изведе и основното ѓубрење, како важна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор на што треба да се посвети посебно внимание при ѓубрењето. Останатите земјоделски култури или во поголем дел, се наоѓат во фаза на берба, се собираат или веќе им се собрани плодовите. Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, напоменуваат агрометеоролозите.

Тие укажуваат дека според прогнозата, до утре ќе преовладува сончево и топло време. Во недела ќе има значителна промена со повремени врнежи од дожд, локална појава на грмежи и засилен северен ветер. Засилен ветер ќе има и во понеделник што ќе предизвика значителен пад на температурата.

Без вода дел од Маџари

Без вода денеска од 11:10 часот се дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ во населба Маџари.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради замена на затворач во шахта на ул.„Благоја Стефковски“бб (кај Спорт Лајф) во населба Маџари.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Мицотакис: Меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. 

Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја повтори грчката поддршка за европската перспектива, но и посочи дека Договорот од Преспа, Дејтонскиот договор и Договорот Белград – Приштина мора да се почитуваат и имплементираат.

Рече дека Грција, како најстара земја-членка на ЕУ во регионот, отсекогаш имала визија за Западен Балкан да биде дел од европското семејство, „визија која ќе ги намали тензиите и конфликтите и ќе ги вгради владеењето на правото и основните слободи, поттикнувајќи развој и просперитет за народите“.

Посочи дека „имаше напредок, но не беше доволен“, а 21 година по Солунската агенда „остануваат значајните предизвици“.

-Дозволете ми да бидам многу искрен: земјите од Западен Балкан треба да донесат дефинитивна одлука да го остават зад себе трауматичното наследство од минатото. И политичкото раководство на Западен Балкан треба, со дела, да избере да ја прифати својата европска иднина. Преку подобрување на демократското владеење, консолидирање на владеењето на правото и слободата на изразување, спроведување на тешки внатрешни реформи и многу важно посветеност на добрососедските односи. Заживувањето на националистичките наративи и агенди не треба денес да има место во регионот што е на прагот за членство во ЕУ. Да почнеме со основите работи: меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја, без разлика дали зборуваме за Дејтон, или за Преспа или за договорите Белград-Приштина, порача Мицотакис.

притисни ентер