Посетата на папата на Белгија во сенка на скандалот со сексуална злоупотреба

Посетата на папата на Белгија во сенка на скандалот со сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници .

Улогата на Европа на глобално ниво во услови на разгорување на конфликтите во разни делови на светот, се очекува да биде главна тема на тридневната посета на папата Франциск на Белгија, која официјално почнува денеска.

Папата синоќа допатува во Белгија од Луксембург, каде престојуваше во еднодневна посета, при што го осуди, како што рече, „повторното појавување на раздорот и непријателствата, дури и на европскиот континент“, кои резултираат со „отворени непријателства, што водат кон уништување и смрт“. Тој апелираше и за „чесни преговори за надминување на разликите“, што би довеле до „почесни компромиси“ врз основа на кои би „можеле да се изградат безбедност и мир за сите“.

Покрај средби со високи белгиски политички и општествени претставници, папата в недела ќе одржи миса на стадионот „Крал Бодуен“ (поранешен „Хејсел“) во Брисел, за која билетите беа распродадени за само неколку часа.

Но, посетата одново ја актуализираше темата за сексуалната злоупотреба на малолетници од страна на католички свештеници во Белгија во минатото.

Оваа тема предизвика голем скандал во Католичката црква во Белгија по минатогодишното прикажување на документарниот филм „Заборавив на Бога“ за трауматските искуства на лицата кои биле жртви на злоупотреба од страна на свештеници.

Свесен за негативното влијание на овој скандал врз Црквата, папата за време на посетата на Белгија ќе се сретне и со 15-мина од жртвите на сексуалната злоупотреба на страна на свештениците.

За овој скандал беа поведени парламентарни истраги, па се појавија обвинување дека Католичката црква во Белгија ја користи посетата на папата за да го оттргне вниманието на јавноста од истрагата.

За денеска е најавена средба на папата Франциск со лидерите на водечките белгиски партии во градот Лувен, но првите луѓе на партиите Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), Прогрес (Вуројт), Отворени Фламански либерали и демократи (ВЛД) и Зелени уште вчера соопштија дека нема да присуствуваат на средбата.

Лидерот на ЦДВ, Семи Махди изјави дека е крајно разочаран од начинот како Ватикан се справува со проблемот со сексуална злоупотреба од страна на црквени претставници.

- Затоа претпочитам да не ја прифатам поканата за средба со папата, рече Махди.

Лидерот на социјалдемократската партија Вуројт, Конер Русо, образложувајќи ја својата одлука да не присуствува на средбата, порача дека Црквата мора да спречи каква било форма на злоупотреба од страна на нејзини претставници, со што би се избегнале идни жртви.

Копродуцентката на „Заборавив на Бога“, Ибе Даниелс вели дека жртвите на злоупотребите од страна на свештениците „се особено повредени од посетата на папата“.

- Многу се нервозни, повторно се вознемирени, повторно лути. Минуваат низ тежок период, рече Даниелс.

Според неа, средбата на папата со дел од жртвите е „чисто симболична“ и нема да помогне да почувствуваат дека нивниот глас е слушнат.

- Подобро ќе беше папата да ги покани сите жртви на стадионот и да одржи говор пред нив, додаде таа.

Првиот човек на Конференцијата на белгиските бискупи, мехеленско-бриселскиот надбискуп Лук Терлинден признава дека Црквата требало да направи повеќе за жртвите.

- Да, во минатото постоеше политика на тајност и молк во Католичката црква, што ја направи секоја од овие трагедии уште потешка, рече надбискупот Терлинден, додавајќи дека средбата на папата со жртвите на сексуална злоупотреба од страна на свештеници претставува „важен симболичен потег“.

Документарецот „Заборавив на Бога“, кој се емитуваше во септември минатата година, беше снимен врз основа на книга на белгиски свештеник во која се пренесени сведоштва на сто лица, кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници во детството.

Филмот предизвика жестоки реакции во јавноста, што резултираше со формирање анкетни комисии во белгискиот Федерален парламент и во регионалниот фламански Парламент со задача да го истражат целиот случај.

Комисијата на фламанскиот Парламент во мај годинава објави конечен извештај од истрагата со над 100 препораки за справување со злоупотребата на децата и со сексуалното насилство во Црквата и во општество во целина.

Како одговор на препораките, Католичката црква во Белгија во јуни најави спроведување на анкета, со цел „да ги слушне жртвите на злоупотреба од страна на свештениците“ и да добие сознанија за случувањата од „најширока можна група на жртви“.

140 деца добиле труење со храна во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

140 деца од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од прво до трето одделние со повраќање, диајреа и висока температура останале на домашно лекување поради сомнеж од труење со храна.

Според изјавите на родителите децата од вечра вчерта се пожалиле на болки во стомакот и повраќање. Родителите во меѓусебна комуникација разбрале дека цели одделнија имаат исти симптоми. Првично сомнеж за труењето е добавувачот на храна во училиштето. Вчера на мени децата јаделе мусака и бомбици. Денеска главна тема во училишниот двор беше труењето со храна на децата. Директорот на училиштето Александар Филипчев објасни дека биле инспектори на терен и земале мостри од храната и кујната.

Од државниот санитатрен и здравствен инспекторат објаснија дека имаат сознанија дека има труење со храна во основното училиште. Од ДСЗИ велат дека веќе се координарани агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и инстиутот за јавно здравје. Од институот за јавно здравје потврдија дека веќе се направени лабораториски испитувања и во наредните 48 часа ќе имаат првични резултати.

Одделението за епидемиологија за труењето е известено од страна на матичен лекар со образложение ученици од истото училиште се јавиле на преглед според ова ќе бидат доставени пријави за заразно заболување со дијагноза за токсична инфекција.

Пред десетина дена со знаци на труење имаше и припадници на воената академија кои беа прегледани на инфективанта клиника. Од испитувањата се покажа дека тие се заразиле од површините каде била подготвувана храната.

Експерти: Пораките од Брисел се јасни, нема напред без уставни измени

Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

Одвојувањето на Албанија од Македонија од европскиот преговарачки пакет е очекуван потег кој не доведува во позиција на статус-кво смета универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, според кого, од таквата ситуација може да излеземе со директно соочување со проблемите бидејќи времето не работи во наша полза,. Според него нереално е да се очекува промена на Преговарчаката рамка и условите за Македонија, и од тие причини потребно е да се обезбеди национален консензус за што поскоро откочување на преговорите. Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

-Сепак ќе мора да се фатиме во костец со проблемите ако сакаме ова да го надминеме, а тоа подразбира непријатен процес на само делот кој се однесува на бугарското малцинство во уставот, туку и делот на историската комисија, за заендичкото чествување, теми кои кај нас се многу сензитивни, теми со кои доведени до степен на невратичност на општеството, теми кои ниедна политчка елите не сака да се занимава, ако од друга страна не мислам дека позицијата на статус кво нешто добро ќе ни донесе во перспектива.- Ненад Марковиќ – Универзитетски професор

Дека во моментов е речиси невозможно да се очекува промена на Преговарачката рамка за Македонија, но и обезбедување на гаранции од Европската унија дека Бугарија нема понатаму да има нови условувања кон нас, смета и официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер – Даниел Браун.

„ Не можеме да очекуваме дека Европската унија би добила било какво прилагодување или документ за да се спречи понатамошното влијание кое го има Бугарија. Во иднина Македонија може да преземе иницијативи за да се регулираат одредени аспекти во однос на јазикот и историјата но не постои можност да се гарантира било што од ЕУ дека може било што да влијае на тој процес. “-Даниел Браун – Офиц. Претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.

Министерката со македонско потекло Стојменова-Дух поднесе оставка во словенечката влада

Таа пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

Како што објави словенечката национална телевизија, за нејзиниот случај денеска требало да се расправа во словенечкиот парламент и да и се гласа за доверба, но премиерот Голоб ги информирал патениците дека таа веќе поднела оставка.. Таа се најде во фокусот на јавната дебата поради наводни неправилности при набавка на 13 илјади компјутери, но и поради тоа што недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за Женева.

Стојменова-Дух која ги негираше ваквите информации, е родена во Виница, а во Словенија се преселила како тинејџерка.

Пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

притисни ентер