Пол позиција за Расел во Лас Вегас, Верстапен останува прв на табелата

Британскиот возач Џорџ Расел по четврти пат во кариерата ќе започне трка во Формула 1 од пол-позицијата, откако беше најбрз во квалификациите за неделната трка за Големата награда на Лас Вегас, ноќна трка по улиците на градот.

Расел го извозе кругот со својот Мерцедес за 1:32.212 минути, 98 илјадитинки побрзо од Карлос Саинц во Ферари. Зад нив од вториот стартен ред ќе стартуваат Пјер Гасли (Алпин) и второто Ферари со Шарл Леклер на волан, а од третиот последните двајца преостанати кандидати за титулата - Макс Верстапен (Ред Бул Рејсинг Хонда) и Ландо Норис (Мекларен Мерцедес).

Впрочем, Норис е само тоа на хартија, бидејќи на последните три трки од сезоната би требало повеќе од чудо да го престигне водечкиот Верстапен. Холанѓанецот има 62 поени предност, што значи дека во Лас Вегас му е доволно да биде пред Норис, па дури и да освои два бода помалку од него, за да ја обезбеди четвртата шампионска титула.

Трката започнува утре во 7 часот по средноевропско време, а доколку Верстапен ја освои титулата таму, формалноста ќе биде одложена за една недела, кога ќе вози во Мексико, или во најлош случај за уште една недела и последната трка од сезоната во Бразил.

Уапсен е Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата.

Според нашите информации Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар. Настанот за Курир го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, одговорија од МВР за Курир.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да изврпат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

Возач на Формула удри во оградата и направи штета од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)

Британцот Џорџ Расел во Мерцедес ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Формула 1 во Лас Вегас, откако беше најбрз во квалификациите, обележани со жесток судир на возачот на Вилијамс, Франко Колапинто, во заштитната ограда.

Колапинто сам го напуштил автомобилот, и веднаш бил однесен на лекарски преглед. На прегледот лекарите ќе утврдат дали е подготвен за трката, а работа ќе имаат и механичарите по штетата која коментаторите ја процениле на околу 1,5 милиони евра, а можеби и повеќе.

Големата награда на Лас Вегас почнува од 7 часот по средноевропско време.

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со градоначалничката којашто тие ја промовираа како најголема менаџерка.

Скопјани се жртви на нивната неспособност и меѓусебни пресметки.

Истот тој Мицкоски, кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџерка го слушаме со нови најави за автобуси. Ова е такво поигрување со граѓаните, такво потценување на интелигенцијата на скопјани, што е невидено безобразно.

Видовме ветувањата на Мицкоски за автобуси и за бесплатен превоз како завршија, секој ден гледаат и граѓаните и студентите и учениците кои не можат автобус да начекаат. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, воопшто нема автобуси. Колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП.

Тоа учинкот на Мицкоски во Скопје и неговите ветувања на изборите кои скопјани многу добри ги паметат.

Наместо нови лаги со честичката „ќе“ Мицкоски да ја преземе одговорноста, да им се извини на граѓаните и конечно да почне нешто да работи за Скопје и за скопјани, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

.

притисни ентер