Пол го провоцираше Конор за пресудата за силување- доби безобразен одговор

Конор Мекгрегор вчера беше прогласен за виновен за силување во Граѓанскиот суд во Даблин, чија порота утврди дека во 2018 година тој имал сексуален однос со тужителката Никита Ханд во хотел без согласност.

Судот пресуди дека суперѕвездата на боречките вештини мора да ѝ плати отштета од 248 илјади евра на дотичната жена.

Пресудата ги натера неговите многубројни непријатели и ривали, со кои со години се бори на социјалните мрежи, да го навредуваат, исмејуваат или едноставно да ја коментираат пресудата, а Џејк Пол дури го испровоцира на одговор, кој веднаш беше окарактеризиран како хомофобична омраза.

„Дејна Вајт удира жена, Конор е осуден за силување, но јас сум негативецот“, напиша Пол, не разбирајќи ја разликата помеѓу граѓански и кривичен судски случај. Конор одговорил со не толку суптилен одговор: „Не, ти си мал хомосексуалец“. Веднаш беше обвинет за хомофобија.

Англиски Мирор го пренесува неговиот одговор: „Кога ќе наречете некого геј и мислите дека сте му покажале, тоа само покажува колку кокаинот ви го испржил мозокот. Поздрав до сите глупаци“. Објавата со оваа кавга во коментарите оттогаш е избришана.

Мек Грегор всушност не беше осуден, тој само изгуби граѓански случај против жена која тврдеше дека тој и неговиот пријател Џејмс Лоренс ја силувале во хотелска соба во декември 2018 година. Конор тврдеше дека и двајцата имале секс со неа, но одделно и со нејзина согласност. Лоренс беше прогласен за невин.

Мек Грегор, кој ја дочека пресудата во судницата во друштво на своето семејство, вклучувајќи ја и партнерката Ди Девлин, изрази незадоволство од пресудата и најави жалба.

Во Белград продолжува Саемот на вино: од Македонија учествуваат 80 винарски визби

Во Белград продолжува саемот на вино, што се организира во рамки на Отворен Балкан...

Во Белград се одржува вториот ден од Саемот на вино винска визија во рамки на Отворен балкан.На Саемот присутни се 80 винарии од Македонија, 6 изложувачи на храна, ресторан со 3 готвачи. Изложувачите се задоволни од Саемот, велат овој саем им ги отовра вратите за понатамошна соработка и пласман на нивните вина и на пазарите во регионот и пошироко.

Македонија има најмногу изложувачи оваа година а ваквиот тип на промоција и тоа како им помага на нашиот производители порача министерот за земјоделие Цветан Трифуновски. Македоинија е 22најголем производител на вино и 29 извозник на вино во светот .

Саемот и официјално се отвори вчера каде обраќања имаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, кои порачаа дека инцијативата Опен Балкан е платформа за поврзување на регионот со светот. Премиерот Мицкоски пред отворањето на Саемот имаше и тетатет средби со Вичиќ и Вучевиќ на кој се разговарало за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици.

Вчера беше организиранаи Македонска вечер на која на која беа присутни голем број стопанственици бизнисмени дипломати, македонски и српски државници и голем број гости од регионт . Саемот завршува утре кога ќе биде и прогласено најдоброто вино.

Надал ја донесе првата деловна одлука по заминувањето во пензија

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

- Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово - се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.

Силно невреме направи хаос низ Британија, делови се оковани во снег и мраз: Ќе биде полошо

Бурата Берт носи хаос во Британија, со некои патишта веќе затворени поради снег, додека обилните врнежи од дожд и ветер се очекува да предизвикаат дополнително нарушување на патувањата и потенцијални поплави.

Денеска беше издадено предупредување за снег за Шкотска и уште едно за снег и мраз во североисточна Англија. Уште шест жолти предупредувања за дожд и ветер се во сила низ Британија. Метеоролошката канцеларија ја нарекува бурата Берт „повеќе од опасен временски настан“.

Железничките компании ги повикаа патниците да избегнуваат патување во одредени области, додека голем број линии се затворени.

Низ југозападна Англија и Велс, предупредувањето од Метеоролошката служба вели дека денеска може да падне дожд од 50 до 75 мм. Најобилниот и најупорниот дожд ќе падне во јужен Велс и југозападна Англија, каде би можеле да паднат и до 150 мм дожд - што би било целиот просечен ноемвриски дожд за само еден ден.

Жолто предупредување за обилен снег и мраз ќе биде во сила меѓу 7 часот наутро и 17 часот по локално време денеска за области низ Шкотска, со потенцијално паѓање од 20 до 40 сантиметри на повисоките места.

„Овој снег ќе се акумулира густо и брзо, со пет до 10 сантиметри на пониските нивоа и дури 20 до 40 сантиметри на ридовите придружени со силен ветер“, предупреди Метеоролошката канцеларија.

притисни ентер