Почна Самитот на европската политичка заедница

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премиерот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ.

Започна петиот Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта каде присуствува и премеирот Мицкоски, заедно со уште 40-тина шефови на држави, премиери и преставници од ЕУ кои денеска и утре дискутираат пред се за случувањата во Украина и на Блискиот Исток. Мицкоски во Будмпешта е придружуван од шефот на дипломатијата Муцунски. Според него Самитот ја потврдил важноста од меѓусебна соработка и споделување на решенија за клучни прашања како економската сигурност и регионалната поврзаност.

„Со мое учество на сесијата за економска сигурност, се потврдија нашите напори за продлабочување на економските врски и создавање на поинтегриран и безбеден европски простор. Како држава посветена на европската интеграција, продолжуваме активно да придонесуваме за силната и стабилна иднина на Европа“, напиша премеирот во статус на Фејсбук.

Самиот кој се одржува во фудбалската арена „Пушкаш“ во Будимпешта на едно место ги обедни лидерите на Европската Унија и нејзините земји членки, лидерите од Западен Балкан, како и претставници од Велика Британија и Турција како и украинскиот претседател Зеленски. Во Будумпешта допатува и шефот на НАТО Марк Руте. Посакувајќи плодна дискусија домаќинот Орбан порача дека мора да се изнајде начин за враќање на мирот во Европа.

Пред почеток на Самиот, пак главниот фокус на учесниците беше ставен на изборниот резултат во САД и победата на Доналд Трамп. А челниците на ЕУ ја потврдија и поддршката на Унијата кон Украина.

Освен Украина и Блискиот Исток на дневен ред на Самиот се и миграцијата, глобалната трговија, климатските промени и економската стабилност. По завршувањето на Самитот на Европската политичка заедница, доцна попладнево во Будимпешта предвидена е и неформална средба на лидерите на ЕУ на која ќе се разговара за нов договор за конкурентност на Унијата.

Арсовски: Не знаеме што ќе одлучи Уставен, нејасно е зошто ДУИ протестира

Протестот на ДУИ повеќе наликува на обид за враќање на политичката сцена, оценува за Канал 5 политичкиот аналитичар Петар Арсовски..

Според него, без разлика каква ќе биде одлуката на Уставен, не е реално да се случи поголема дестабилизација, со оглед дека Македонија е членка на НАТО..

Дафина Стојановска:Мицкоски ми кажа дека Австрија и Франција имаат разбирање за нашите позиции

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција.

Освен Унгарија и Хрватска, разбирање за позииците на владата за одложено дејство на уставните измени покажувале и Австрија и Франција, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, која е гостинка во новото издание на поткастот „На кавга со Иван“ што ќе се емитува вечерва...

Малолетник на 14 години и мажи на 71 и 66 години се жртвите во трагедијата во Црвени брегови

Македонија вчера ја потресе веста за три починати лица, пронајдени во неготинското село Црвени брегови, од кои едно дете.

Трагедија го потресе неготинското село Црвени Брегови, каде беа пронајдени беживотни тела на еден малолетник и на две лица на возраст од 71 и 66 години. Телата биле пронајдени вчера попладнето во мала куќа во селото која се користела како импровизиран верски објект. Од ОЈО Кавадарци соопштија дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство, а оттаму издадена е и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле во објектот ..Од СРВ Велес информираат дека телата на починатите се дадени на обдукција.

„На 08.12.2024 година во 16:35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во куќа во с.Црвени Брегови Неготинско биле пронајдени починати Ј.Ј (71) од Битола, Ф.Е (66) од Ресен и малолетник од с.Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. “

Според директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ретко се случува трагедија со смртни последици да настане од плин. Можно сценарио, според него, е труење заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид во воздухот, предизвикано од некаков извор во просторијата кој го трошел кислородот..Сепак тој вели она што со сигурност ќе покаже што се случило е обдукцијата.

„Сега се што зборуваме може да се протолкува како шпекулација, додека не заврши истрагата, обдукцијата со која што ќе се утврди точната причина, меѓутоа повеќе стои можноста дека е труење со јаглероден моноксид.. Плинот многу ретко може ваква трагедија да предизвика. Можно е да имало некој извор при кој што горел плин кој што го трошел кислородот во просторијата каде што престојувале за жал тројцата настрадани. Најчесто ваква смрт настапува заради зголемена концентрација на јаглероден моноксид кој е гас без мирис и кој што убива без предупредување.. “

Од СВР Велес соопштија и дека увид на лице место извршиле екипи од ОЈО Кавадарци и од неготинската полиција и дека истрагата за целосно расчистување на случајот, односно дали станува збор за задушување или други околности кој довеле до трагедијата е во тек.

притисни ентер