Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес.

Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на 1 мегават час струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истата е 133 евра за мегават час.

Зошто е тоа така?

Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа.

А што се случува потоа? Цената од година во година расте за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават час, а во 2024 година 133 евра за мегават час.

Растот на цената е причинет од не копањето на сопствен јаглен, и скапиот увозен јаглен.

Бизнис интересот на СДС и ДУИ сега го плаќаме сите ние.

Цената на произведен мегават час струја може да се намали и веќе раководството на ЕСМ работи на тоа. Последиците кои СДС и ДУИ ги причинија уште некое време ќе се чувствуваат.

Набргу од денес ЕСМ ќе биде целосно консолидирана и вратена во нормала, а производствената струја повторно ќе биде по далеку пониски цени од времето на СДС и ДУИ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Се санираат последиците во невремето во Битола, Штип и Охрид – ветрот дувал со над 100км/час

Службите во Битола, Охрид и Штип и денеска ги расчитуваат последиците од силниот ветер што вчера зафати поголем дел од државава и одвеа покриви, сруши огради и откорна дрвја.

Најмногу последици има во Битола каде што дувал силен ветар со над 60 километри на час. Нема информации за повредени, но направена е материјална штета.

Ветрот откорна покрив од зграда кој падна врз автомобил на улицата „Леринска“, а урна и ограда на градежен плац во старата битолска касарна.

Градоначалникот Тони Коњановски кој ги посети локациите, информираше дека екипите на локалните јавни претпријатија и пожарникарите ќе извршат санација на местата каде е предизвикана штета.

Од УХМР информираа дека ветерот најсилно дувал во Штип, со брзина од над 100 километри на час.... Засилен ветер очекуваат и денеска, особено долж Повардарието..

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, бараат договор со Град Скопје

Од саемот во Белград, премиерот Христијан Мицкоски синоќа најави дека Владата ја разледува можноста за набавка на 100 до 120 електрични автобуси кои освен за Скопје, би биле распределени и во други градови во земјава во кои има јавен градски превоз.

Од понеделник и приватните превозници се враќаат на скопските улици. Наместо само во попладневните часови како што веќе подолг временски период сообраќаат, се враќаат од утринските, но не во полн капацитет туку како што велат само оние превозници кои имаат финансиски можности. Кажаа дека се охрабриле најмногу поради револтот кај граѓаните, но и од предлогот на градоначалничката Арсовска за зголемување на цената на изминат километар, нешто што го бараат подолг период.. Бараат и да бидат плаќани преку градот, наместо како досега од ЈСП од каде нагласија дека им должат околу 650 илјади евра.

„Треба да не разберете, ситуацијата е таква, условите се такви затоа ги молиме советниците да излезат во пресрет заеднички да најдеме решение за нашиот проблем ние имаме како што знаете и 200 автобуси можеме да го покриеме недостатокот на автобуси кај ЈСП и целата оваа криза ќе заврши брзо.“

„Битни се граѓаните, да го опслужиме јавниот интерес, да ни се покачи цената и на плата да се смени да не бидеме плаќани преку ЈСП туку да бидеме плаќани директно од градот, пошто ние сега чекаме пари од нив а знаеме какво претпријатие е ЈСП и знаете ние како ги добиваме парите, на рати и не можеме да фукционираме.“

Проблемот со јавниот градски превоз владта размилсува да го реши со набавка на стотина електрични автобуси– најави премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од нив ќе бидат наменети за главниот град, а останатите за оние општини каде има организиран јавен градски превоз..

“Анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:30.

Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок..“

Колапсот со јавниот превоз во главниот град пред два дена беше надминат откако Владата одлучи да остапи 250 илјади литри гориво на ЈСП од државните резерви, за да се премости перидот додека се повтори тендерот за набвака што беше поништен. За хасот со јавниот превоз, вчера пред Град Скопје протестираа жителите на Шуто Оризари, учниците и студентите...

Во Белград продолжува Саемот на вино: од Македонија учествуваат 80 винарски визби

Во Белград продолжува саемот на вино, што се организира во рамки на Отворен Балкан...

Во Белград се одржува вториот ден од Саемот на вино винска визија во рамки на Отворен балкан.На Саемот присутни се 80 винарии од Македонија, 6 изложувачи на храна, ресторан со 3 готвачи. Изложувачите се задоволни од Саемот, велат овој саем им ги отовра вратите за понатамошна соработка и пласман на нивните вина и на пазарите во регионот и пошироко.

Македонија има најмногу изложувачи оваа година а ваквиот тип на промоција и тоа како им помага на нашиот производители порача министерот за земјоделие Цветан Трифуновски. Македоинија е 22најголем производител на вино и 29 извозник на вино во светот .

Саемот и официјално се отвори вчера каде обраќања имаа македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на Србија, Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, кои порачаа дека инцијативата Опен Балкан е платформа за поврзување на регионот со светот. Премиерот Мицкоски пред отворањето на Саемот имаше и тетатет средби со Вичиќ и Вучевиќ на кој се разговарало за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици.

Вчера беше организиранаи Македонска вечер на која на која беа присутни голем број стопанственици бизнисмени дипломати, македонски и српски државници и голем број гости од регионт . Саемот завршува утре кога ќе биде и прогласено најдоброто вино.

притисни ентер