Петар Арсовски „На кавга со Иван“

Опааааа, понеделничка кавга со човекот кој веднаш ве асоцира на СДСМ, а истиот не е нивен член…зошто?

Со Петар Арсовски ќе се кавгаме за тоа дали грешките од блиското минато ( читај оние на Заев и Ковачевски ) стануваат пранги на денешницата?

Зошто сме толку сервилни визави ЕУ? Зошто не почнеме да практикуваме конкретни чекори како што тоа го прават нашите источни несоседи па можеби ќе запалиме некоја црвена сијаличка во Брисел?

Има ли барем еден маж во државава за да го прогласи за persona non grata Бугарскиот амбасадор поради бахатоста на нивните политички великодостојници како и да му предаде демарш на албанскиот амбасадор поради ридикулните лекции на нивната претседателка на албанското собрание, која без пардон го учеше на ред нашиот прв Уставен Судија?

Кој тебе со “камен”, ти нему “два камена”? Европа очигледно веќе не препознава никаков “леб”.

Утре Петар Арсовски „На кавга со Иван" во 21.30ч на Youtube на каналот и 23 часот на Канал 5.

Менаџерот на Шумахер, кој бил како член на семејството, не бил поканет на свадбата на ќерка му

Ќерката на Михаел Шумахер, Џина, се омажи вчера на Мајорка и имаше голема свадба, но сите беа прилично изненадени од фактот што долгогодишниот менаџер на нејзиниот татко и голем семеен пријател Вили Вебер не беше поканет на свадбата.

Познатиот менаџер практично беше дел од семејството, бидејќи покрај на Михаел, тој беше и менаџер на неговиот брат Ралф, па оваа информација дополнително ги вознемири фановите од светот на Формула 1.

За ова за магазинот „Билд.де“ зборуваше со мало чувство на незадоволство, но и со оправдување дека да беше поинаку, немаше да оди .

- Не бев поканет, но и да бев, немаше да присуствувам на свадбата. Моето здравје не е најдобро во моментов. Немав желба да летам за Мајорка - изјави 82-годишниот Вебер.

Вебер беше клучен во обезбедувањето спонзори и договори за Михаел Шумахер, вклучувајќи го и оној со тимот на Бенетон, кој ги постави темелите за успехот на Шумахер.

Неговиот менаџерски стил и врски значително придонесоа за растот на кариерата на Шумахер, со што стана еден од најуспешните возачи во историјата на Формула 1.

Вебер бил близок со семејството на Шумахер, но во подоцнежните години нивните односи станале заладени.

Експлозии и пожари во повеќе руски области, на удар и воен камп (ВИДЕО)

Руските телеграмски канали објавија експлозии во регионот Краснодар и во регионите Ростов, Воронеж и Волгоград.

Телеграмскиот канал Астра објави дека се слушнале експлозии во близина на воениот камп во Јејск и дека нападот најверојатно бил извршен со беспилотни летала.

„Луѓето од Јејск и Краснодарскиот регион зборуваат за експлозии што одекнаа во близина на воениот камп, каде што се наоѓа и аеродромот на руската морнарица - 859-от центар за борбена употреба и преквалификација на персоналот за летање на поморската авијација и 190-от мешан авијациски полк за обука на морнарицата “, тврди Астра, пренесува „Украинска правда“.

Експлозии се регистрирани и во Цимлијанск во Ростовската област. Русите претходно објавија дека десетици дронови на украинските вооружени сили се движат кон енергетски и стратешки важни воени објекти во регионите Волгоград, Тамбов, Ориол, Липецк, Тула и Саратов.

Гувернерот на Краснодарската област тврди дека во селото Шабелскоје, соборен дрон удрил во дрво и експлодирал, скршејќи ги прозорците и вратите на блиската куќа и оштетувајќи автомобил. Гувернерот на Ростовската област изјави дека силите за противвоздушна одбрана уништиле четири беспилотни летала во областа Азов.

Гувернерот на Воронежската област извести дека неколку соборени дронови слетале во Воронеж, предизвикувајќи пожари. Локалните жители известија дека слушнале најмалку 10 експлозии. Подоцна, каналите Телеграм објавија повеќе експлозии во Воронеж, како и експлозии и пожари во регионот на Волгоград.

Спасовски: Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално и не е добар за државата

Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално, сите разговори се водени од опозиција, има сомнежи за корупција и дека парите се всушност кинески, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

-Ние ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека ваквото задолжување не е добро. Беше договорено вонинституционално. Вие имате партија и лидер во опозиција кој најавува и преговара дека ќе има одредено задолжување од 1 милијарда евра. Сите разговори и договори се одвиваа вонинституционално. Тоа јасно покажува, ако работите ги правите вонинституционално не се во интерес на државата, рече Спасовски.

Второ, укажувавме и на одредбите кои стојат во делот на провизиите и трошоците кои воопшто не се дефинирани во законскиот текст и можат да бидат од до одредена сума која секако може да биде коруптивна, додава Спасовски.

-Најважно е што сите сомнежи дека тоа се во суштина пари од Кина, кои ги има земено Унгарија и понатаму се пласирани во државата. И во тој аспект, сметаме дека апсолутно ниту е добро, ниту е поволно, ниту ќе допринесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

притисни ентер