Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиска држава

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш.

Седумгодишно момче е убиено во државата Утар Прадеш во северна Индија за време на ритуално принесување жртва за да му „донесе среќа на своето училиште“, поради што се уапсени пет лица, меѓу кои таткото на момчето и директорот на училиштето во кое тоа одело.

Телото на момчето било пронајдено во угостителскиот објект каде што живеело во Хатрас, во близина на Таџ Махал на северот од земјата, изјави полицискиот службеник Брам Синг, јави денеска француската телевизија БФМ.

Покрај таткото на момчето и директорот на училиштето, уапсени се и тројца наставници. Како што соопшти полицијата, сите уапсени го признале делото и се во притвор.

„Момчето требаше да биде запалено на клада како дел од ритуалот, но е убиено пред да заврши ритуалот“, прецизира локалната полиција.

Директорот на училиштето е осомничен и дека имал намера да го изврши истиот ритуал врз друго дете. Индискиот Национален завод за статистика на криминални дела забележа 103 ритуални убиства во земјата од 2014 до 2021 година.

Експерти: Пораките од Брисел се јасни, нема напред без уставни измени

Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

Одвојувањето на Албанија од Македонија од европскиот преговарачки пакет е очекуван потег кој не доведува во позиција на статус-кво смета универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, според кого, од таквата ситуација може да излеземе со директно соочување со проблемите бидејќи времето не работи во наша полза,. Според него нереално е да се очекува промена на Преговарчаката рамка и условите за Македонија, и од тие причини потребно е да се обезбеди национален консензус за што поскоро откочување на преговорите. Предолгото чекање вели Марковиќ може да влијае врз стабилноста на македонското општество и меѓуетничките односи.

-Сепак ќе мора да се фатиме во костец со проблемите ако сакаме ова да го надминеме, а тоа подразбира непријатен процес на само делот кој се однесува на бугарското малцинство во уставот, туку и делот на историската комисија, за заендичкото чествување, теми кои кај нас се многу сензитивни, теми со кои доведени до степен на невратичност на општеството, теми кои ниедна политчка елите не сака да се занимава, ако од друга страна не мислам дека позицијата на статус кво нешто добро ќе ни донесе во перспектива.- Ненад Марковиќ – Универзитетски професор

Дека во моментов е речиси невозможно да се очекува промена на Преговарачката рамка за Македонија, но и обезбедување на гаранции од Европската унија дека Бугарија нема понатаму да има нови условувања кон нас, смета и официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер – Даниел Браун.

„ Не можеме да очекуваме дека Европската унија би добила било какво прилагодување или документ за да се спречи понатамошното влијание кое го има Бугарија. Во иднина Македонија може да преземе иницијативи за да се регулираат одредени аспекти во однос на јазикот и историјата но не постои можност да се гарантира било што од ЕУ дека може било што да влијае на тој процес. “-Даниел Браун – Офиц. Претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.

Министерката со македонско потекло Стојменова-Дух поднесе оставка во словенечката влада

Таа пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија.

Како што објави словенечката национална телевизија, за нејзиниот случај денеска требало да се расправа во словенечкиот парламент и да и се гласа за доверба, но премиерот Голоб ги информирал патениците дека таа веќе поднела оставка.. Таа се најде во фокусот на јавната дебата поради наводни неправилности при набавка на 13 илјади компјутери, но и поради тоа што недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за Женева.

Стојменова-Дух која ги негираше ваквите информации, е родена во Виница, а во Словенија се преселила како тинејџерка.

Пред две години стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Орбан му понуди на Мицкоски Унгарија да посредува, ќе чека одговор од Бугарија

Премиерот на унгарија Виктор Орбан, дошол во земјава со конкретен план како да се реши спорот меѓу Македонија и Бугарија, за да се одблокира европскиот пат на земјава до крајот на годинава.

На денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по одржаната меѓувладина седница во Охрид, одвојувањето на Албанија од Македонија околу преговорите за членство унгарскиот премиер го нарече огромна грешка на Унијата и изрази подготвреност да биде посредник меѓу Скопје и Софија. Во Охрид е Ивана стојановска.

Има ли некакви информации што содржи планот на Орбан?

притисни ентер