Ова жена ги руши предрасудите, а еве што ѝ било најтешко

Родила бебе на 51 година со 15 години помлад маж...

Грејс Колинс открива како кон крајот на својата 5-та деценија одлучила по трет пат да стане мајка.

Во медицинските кругови со децении се води полемика за тоа колку е ризична бременоста во подоцнежните години од животот и дека жената би требало да се оствари во улогата на мајка пред 35-тата година. Грејс Колинс од Јужен Тексас со споделување на својата приказна ги разбива сите предрасуди во врска со бременоста во 5-тата деценија.

Во своето ексклузивно интервју за магазинот „People“, Грејс открива како во својата трета бременост влегла внимателно и се погрижила да биде доволно здрава пред да се подложи на третмани за вонтелесно оплодување. Оваа мајка на три деца, која е 15 години постара од својот сопруг, со кого е во брак 11 години, открива дека не се двоумела да забремени иако била на возраст кога зачнувањето и раѓањето на дете се исклучително тешки.

- Ги направив сите потребни прегледи - мамографија, колоноскопија, пап тест, ехокардиограм, анализа на крвта и сè останато што беше потребно за да се уверам дека сум целосно здрава и подготвена за уште едно бебе. Исто така, внимавав на тежината и бев физички активна. Секоја моја бременост имаше свои предизвици, но со секоја наредна ми беше полесно – ја започнува својата исповед оваа мајка.

Таа признава дека децата ја одржуваат млада и дека нејзиното тело сфатило како да се справи мајчинството.

- На 44 години, кога бев бремена, се чувствував поуморно отколку кога имав 50 години - открива таа во објавите на Тикток.

Доцната бременост со себе носи одредени ризици

Колинс на Тикток споделила детали од нејзината бременост, објаснувајќи им на жените со што се соочила за време на нејзината доцна бременост. Таа не крие дека многумина ја напаѓале, а некои жени ѝ признале дека се плашат да не завршат како неа.

-Сакам да нагласам дека ова не е спонтано зачнување. Долго време се обидувам да забременам, но на моја возраст е многу тешко да забременам по природен пат. Сите мои бремености беа резултат на ин витро оплодување и сите беа однапред испланирани – рекла таа, а пренесува „People“.

Со оглед на тоа што го запознала сопругот кога имала 40 години, јасно било дека доцна ќе го започне мајчинството и дека најверојатно ќе има проблем со неплодноста. Како што изјавила, поради возраста отишла на ин витро оплодување.

Првото дете го добила на 44 години, а второто две години подоцна. Тоа не ја спречило да забремени по трет пат како што планирала, на 50-годишна возраст.

Таа чувствувала потреба да го сподели своето искуство

Колинс на жените им порачува дека е свесна оти не е вообичаено да се раѓаат деца во подоцнежна возраст, но дека нејзиниот пример е надеж за многу жени кои сакаат да се остварат како мајки во подоцнежни години. Споделувајќи детали од својата бременост на социјалните мрежи, таа ги навела и позитивните аспекти од доцното раѓање деца.

- Би било одлично ако можете да замрзнете јајце-клетки пред 35-тата година. Тоа многу ги олеснува работите. Покрај тоа, мора да најдете проверена клиника за плодност каде ќе се чувствувате опуштено - им советува Колинс на сите жени кои планираат бременост во подоцнежни години.

Покрај сите овие работи, таа објаснила колку е важно да се грижите за себе, пред се физички.

@southtexasmom Turned 51 yesterday and currently 29 weeks pregnant. #advancedmaternalage #geriatricpregnancy #oldermom #over35andpregnant #over40andpregnant #over45andpregnant #over50andpregnant #over50andfabulous #pregnant #pregnantlife #pregnanttiktok #pregnacy #oldermomsoftiktok #fyp ♬ original sound - Southtexasmom

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер