Ова природно средство што го имате во вашата кујна ги штити вашите билки од инсекти!

Разни мушички, полжави, црви може да ја уништат вашата градина, предизвикувајќи оштетување на разни култури, нивно гниење и венење. Ако вашите билки изгледаат нездраво, тоа може да биде резултат на наезда од штетници.

Жолти и струткани лисја, појава на мувла или дупчиња по листовите на вашата билка, обично значи дека вашето растение има проблем со штетници. Повеќето луѓе во вакви ситуации веднаш одлучуваат да користат хемиски пестициди за да се ослободат од паразитите, меѓутоа, факт е дека хемикалиите можат да бидат токсични за многу други организми, на пример, птиците и корисните инсекти.

Како што пренесува Експрес, Лора Харнет од една компанија за еко-чистење, споделила едноставен совет за борба против штетниците без изложување на растенијата на штетни хемикалии. Иако повеќето домаќинки по употребата или кога расчистуваат, многу кујнски производи ги фрлаат во ѓубре, Лора Харнет предупредува дека со нив мора да се внимава бидејќи некои од нив се јаки пестициди.

- Следниот пат, кога ќе користите чили во готвењето, не фрлајте ги семките што не ги користите. Едноставно, во шише со распскувач наполнете вода и ставете ги семките од лутата пиперка, или остатокот од чилито, и оставете ги да откиснат 24 часа. Така ќе направите јак пестицид што ќе ги заштити билките од бубачки и мушички без да користите штетни хемикалии – истакнала Харнет.

Чилито се покажало како добар природен пестицид бидејќи содржи капсаицин (супстанца што ја дава лутината на пиперките, а со својата миризба ги одбива инсектите). Овој домашен пестицид може да се користи на лисјата на погодените билки без страв дека ќе ги оштети. Чилито во прав може да се користи и како пестицид така што со него ќе се попрска околу коренот на растението. Ова ќе ги избрка мравките, црвите и полжавите од вашето растение.

Како алтернатива, стручњаците од областа на градинарството посочуваат дека чилито може да се сади покрај други растенија, така исто ќе ги одврати штетниците. Покрај овој домашен пестицид може да се додаде и лук како антибактериски елемент, што дава дополнителна корист.

Производите од лута пиперка исто така се покажаа како ефикасни во одбивањето на верверичките, кои честопати ги копаат растенија и јадат од хранилката за птици. Тие имаат ниска толеранција на капсаицинот, па ќе им биде непријатно додека бараат извори на храна.

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

притисни ентер