Отворен нов парк со мини плоштад во Драчево

Отворен нов парк со мини плоштад во Драчево именуван по националниот херој на Унгарија Шандор Петефи

Градоначалникoт Орце Ѓорѓиевски, амбасадoрот на Унгарија во Република Македонија, н. Е., Андраш Клеин и претставникот на Националниот Совет на Унгарците во Војводина Ерика Кабок, денеска ја открија бистата на Шандор Петефи и со тоа го ставија во функција новиот парк во населбата Драчево. Изграден во соработка со Амбасадата на Унгарија и Здружението на Унгарците во Македонија, „Теледом”, паркот со мини плоштад се протега на површина од околу 1000 квадратни метри.

-Денес, во соработка со амбасадата на Унгарија и Здружението на Унгарците во Македонија, “Теледом”, отвораме нов парк, изграден на површина од околу 1000 квадратни метри. Во срцето на овој парк се наоѓа бистата на Шандор Петефи, истакнат историски лик и значаен симбол во создавањето на унгарската држава. Со поставувањето на ова обележје, не само што го разубавуваме нашиот град, туку и даваме можност на нашите граѓани да се запознаат со богатата унгарска историја и култура. Верувам дека ова обележје ќе ги инспирира нашите жители и ќе го разбуди нивниот интерес за унгарската култура, што ќе придонесе за уште поблиски односи меѓу двата народи. Новиот парк се простира на просторот кој некогаш беше депонија. Сега е трансформиран во место каде нашите граѓани можат да се рекреираат, да се дружат и да се релаксираат. Новата урбана опрема, хортикултурното уредување, пешачките патеки и осветлувањето придонесуваат за создавање на пријатна околина за нашите граѓани, а посебно важнен е придонесот за зачувување на животната средина, со што истакнуваме и еден важен еколошки момент. Посебно сакам да го истакнам пријателството и соработката меѓу нашата општина и Унгарија. Преку многубројни проекти и активности, амбасадата на Унгарија и здружението на Унгарците во Македонија се покажаа како верни и посветени партнери. Дозволете ми да изразам длабока благодарност до нив за нивната континуирана поддршка и соработка. Општина Кисела Вода има одлични релации со Унгарија и се надевам дека овие врски ќе продолжат да се развиваат и во иднина. Веќе имаме реализирано многу заеднички проекти и иницијативи, но нашата визија за иднината е исполнета со нови идеи и предизвици за кои, се надевам, ќе ги реализираме заедно, истакна во своето обраќање градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

На настанот кој го отворија Игор и Ана Дурловски со изведба на македонската и унгарската химна, збор зеде и заменик државниот секретар за национална политика на Унгарија д-р Силаѓи Петер. Тој ја ја поздрави соработката со Општина Кисела Вода и истакна дека поставувањето биста на нивниот херој Шандор Петефи ја вбројува оваа локална самоуправа во семејството на пријатели на Унгарија. Во име на донаторот на бистата, Националниот Совет на Унгарците во Војводина говореше Ерика Кабок, како и претседателот на Здружението на Унгарци на Македонија – Теледом, Јожеф Шутуш. Присутни беа и државниот секретар во Министерството за Образование на Република Србија Анико Јерас, градоначалникот на општина Игал од Унгарија, Санто Имре Ласло, делегација од општината Сента, Република Србија и делегација на организацијата Маѓар Со од Бања Лука.

Свеченоста со своите изведби ја затворија оркестарот Јухас и играорците на Дуна Танода, како и ансамблот „Китка” од Драчево. Тие вечерва, со почеток во 18 часот, ќе одржат голем концерт во Домот на култура во Драчево.

Дневен хороскоп за 12. септември 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 12. септември 2024 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол.

Кариера

Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува.

Кариера

Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност.

Здравје и совет

Толерирајте ги недостатоците на другите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците.

Кариера

Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа.

Здравје и совет

Надевајте се на подобро.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом.

Кариера

На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни.

Кариера

Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо.

Кариера

Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете.

Здравје и совет

Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна.

Кариера

Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа.

Здравје и совет

Размислете за својата дисциплина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус.

Кариера

Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин.

Здравје и совет

Победувате со издржливост.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси.

Кариера

Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување.

Здравје и совет

Прво размислете , па потоа зборувајте.

Љубомир Цуцуловски во „Само интервју“

Дами и господа вечерва во првото Само Интервју за оваа сезона ќе гостува професорот Љубомир Цуцуловски.

Што се случува во гостиварско Галате- изолиран инцидент или дел од сценарио за сеење на етничка и верска нетрпеливост? Колку се сериозни најавите од Мицкоски за можна дестабилизација есенва? Дали Охридскиот договор е завршен проект или отворено прашање?

Власта не се откажува од ЕУ, ама бара нов Договор... Колку се реални надежите дека во Софија ќе дојде пофлексибилна влада... Што ново ќе донесе промената на кадрите во историската комисија?

Пред избори се ветуваше жестока битка со криминалот и корупцијата – ќе остане ли само на најави и прес-конферецнии или некој ќе заврши и во Идризово.. колку владата ги оправда очекувањата на граѓаните за промени и реформи ?

Во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Љубомир Цуцуловски, вечерва веднаш по вестите во 18 часот...

Џенифер Лопез почна да ги реди поранешните партнери?

 „Ако не ѝ успее со Родригез, Марк Антони нека се подготви, тој е на ред“!

Алекс е среќен што поранешната свршеница ја дочека карма.

Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, наводно се радува на неуспехот на нејзиниот брак со Бен Афлек, верувајќи дека судбината и донела „карма“ за минатите настани. Извори блиски до поранешниот бејзбол играч тврдат дека Родригез ужива додека се распаѓа врската на неговата поранешна свршеница и актерот.

Џенифер и Алекс беа во врска четири години, од 2017 до 2021 година, а беа свршени последните две години. Двојката планираше венчавка, но таа беше одложена двапати поради пандемијата. Сепак, врската не го издржа притисокот, па во април 2021 година официјално објавија дека се разделуваат, наведувајќи дека се подобри како пријатели.

Меѓутоа, според некои извори, работите не биле толку пријателски како што двајцата ги прикажувале во јавноста.

- Да се ​​види како Џенифер добива дел од кармата е прилично слатко, иако Алекс не би го признал тоа јавно. Неговите пријатели знаат дека тој чекал работите помеѓу неа и Бен да се смират - открива изворот за „In Touch Weekly“.

По раскинувањето со Родригез, Лопез бргу ѝ се врати на својата поранешна љубов, Афлек, со кого се венчаше само една година подоцна. Од друга страна, Родригез по раскинувањето извесно време се држеше подалеку од очите на јавноста, кога беше во прашање неговиот љубовен живот. Неодамна, во јануари 2022 година, тој беше виден со фитнес инфлуенсерката Кетрин Паџет, а моментално е во врска со основачот на брендот „JacFit“, Жаклин Кордеиро, со која е во врска од октомври 2022 година.

– Сега е многу среќен во оваа врска, но сепак чувствува задоволство поради ситуацијата во која се нашла неговата поранешна свршеница – вели изворот.

Еден од блиските пријатели на поранешниот бејзбол играч тврди дека Родригез смета дека „избегнал куршум“ со тоа што не се оженил за поп-ѕвездата.

- Тој сè уште кон неа чувствува доста горчина и чувствува дека има право на тоа. Иако е среќен во сегашната врска, тој не пропушта прилика да ужива во „излегувањето на возот од контрола“ кога станува збор за Џенифер и Бен, додава изворот.

Во екот на гласините за разводот на пејачката и актерот, како и за наводно среќната врска на Родригез, на Инстаграм се појавија фотографии од Џенифер и Алекс, рака под рака.

– Според гласините, пејачката од Бронкс и Доминиканецот наводно се обидуваат да ја обноват нивната врска откако Џеј Ло раскина со актерот Бен Афлек, пишуваат американските медиуми во описот на фотографиите. Иако многу нејзини обожаватели истакнаа дека станува збор за стари фотографии, кога Лопез и Родригез сè уште биле пар.

Фановите ѝ порачуваат само една работа.

- И Марк Ентони треба да се подготви, ако ова со Родригез повторно не успее, тој е на ред!

Пејачката и поранешниот бејзбол играч сè уште не се изјасниле по овој повод.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер