Осум лица се повредени во терористички напад на Западниот брег, напаѓачот е ликвидиран

Осум лица се повредени во близина на населбата Ариел на Западниот Брег во терористички напад на автобус, од кои тројца патници се тешко повредени.

Брзата помош „Маген Дејвид Адом“ (МДА) соопшти дека четворица патници се здобиле со полесни повреди во нападот, главно од парчиња стакло што се распрснале за време на пукањето, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија го уби терористот Самир Мухамед Ахмад Хусеин (46), кој отворил оган на автобусот, а сликите од местото на нападот покажуваат дека напаѓачот бил вооружен со автоматска пушка.

Одговорноста за нападот ја презеде Хамас, тврдејќи дека Хусеин, од селото Еинабус, недалеку од Наблус, бил член на нивните бригади Ал Касам.

ТикТок ќе им забрани на малолетниците да користат филтри во видеата

Тинејџерите се соочуваат со широк спектар на нови ограничувања за нивната употреба на филтри за убавина на TikTok.

Во следните недели платформата ќе им забрани на лицата под 18 години да користат филтри кои ги менуваат цртите на лицето, односно ги зголемуваат очите, устата или ја измазнуваат кожата, пишува The Guardian.

Нема да бидат забранети филтрите што, на пример, додаваат уши од зајаци или кучешки нос. Компанијата со милијарди корисници ги објави промените за време на безбедносниот форум во нејзиното европско седиште во Даблин.

Постои голема загриженост дека филтрите за убавина резултирале со притисок врз тинејџерите, особено кај девојчињата, да изгледаат совршено на социјалните мрежи, што често има психолошки последици за нив. Некои млади луѓе опишаа дека по користењето на филтерот нивното вистинско лице станало грдо.

TikTok, исто така, објави дека ги заострува своите правила за корисниците на возраст под 13 години, што може да значи дека на илјадници деца на таа возраст ќе им биде забрането да ја користат платформата. До крајот на годината, тие ќе тестираат систем кој ќе се обиде да открие луѓе кои мамат за ограничувања за возраста на TikTok.

@mariee.sarahh

TIKTOK PLEASE FIX THIS‼️‼️

♬ original sound - sarah

Клои Сетер, шефот на јавната политика за безбедност на децата на TikTok, рече: „Се надеваме дека ова ќе ни даде можност да ги откриеме и отстраниме таквите корисници побрзо и поефикасно“.

Луѓето кои биле погрешно блокирани ќе можат да поднесат жалба. „Очигледно може да биде иритирачки за некои млади луѓе“, рече Сетер, но додаде дека платформата ќе ја стави безбедноста на прво место.

Фудбалер на Баерн е фатен како вози пијан во Ламборџини од 216.000 евра

Фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис, денеска во раните утрински часови бил запрен од полицијата во Минхен.

Левиот бек на германскиот тим бил фатен како вози пијан. Дејвис го возел своето Lamborghini Urus, вредно 216.000 евра, а полицијата по алкотестирањето утврдила дека возел со 0,6 промили алкохол во крвта, пренесува Bild.

Канаѓанецот бил фатен околу два часот по полноќ, а по алкотестот морало да го земе лице од доверба. Дејвис за овој прекршок се соочува само со прекршочна казна бидејќи во Германија е кривично дело возење со повеќе од 0,8 промили алкохол во крвта. Дејвис ќе мора да плати казна од 500 евра. Билд наведува дека и покрај инцидентот, Дејвис утрово најнормално тренирал со тимот. Баерн се уште не ја коментирал целата ситуација.

Да потсетиме, Дејвис е на излезната врата од германскиот клуб. Инсајдер на Билд, Кристијан Фалк, наведува дека Баерн му понудил продолжување на договорот, додека Дејвис ги договорил условите со Реал Мадрид. Агентот на Канаѓанецот се уште е во преговори со Манчестер Јунајтед и некои други клубови кои би можеле да му понудат подобри услови.

Заменик министерот за внатрешни Исени, ќе го казни полицаецот, кој вчера фрлил албанско знаме

Ќе има дисциплинска постапка против службеникот на МВР кој го фрлаше знамето на Албанците. 

Секој службеник на МВР има обврска да ги почитува законите и симболите на сите заедници во Македонија. Непочитувањето на тие обврски ќе биде санкционирано без исклучок.

Законите ќе се применуваат подеднакво за сите, а институциите ќе бидат гарант за почитување на меѓусебната толеранција и правата на сите заедници.

Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Нема да дозволам ваквото однесување, особено кога доаѓа од вработен во Министерството за внатрешни работи, да остане несанкционирано.

Како заменик министер за внатрешни работи, јас недвосмислено го осудувам секое сквернавење или неуважување на државните и националните симболи на Македонија, без разлика дали станува збор за знамињата на Македонците, Албанците или на која било друга заедница.

Вчера сите заедно го осудивме чинот на сквернавење на државното знаме на Македонија, потврдувајќи ја нашата посветеност на соживотот и меѓусебното почитување. Денес исто така го осудувам и потврдувам дека ќе има одговорност за службеник на Министерството за внатрешни работи кој постапил на навредлив и неприфатлив начин кон знамето кое е национален симбол на Албанците, знаме кое е законски регулирано за употреба согласно важечките правни норми во нашата држава, објави на ФБ заминик министерот за внатрешни работи , Астрит Исени.

притисни ентер