Обвинение за сторител на семејно насилство и негов помагач

Поднесено обвинение против 46-годишен скопјанец за кривично дело „тешка телесна повреда“.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 46-годишен скопјанец за кривично дело „тешка телесна повреда“, како и против едно 34-годишно лице за кое во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека со умисла му помагало на првообвинетиот да го стори семејното насилство.

На 29 мај, во својот дом на улицата „Партение Зографски“, како што соопштуваат од Јавното обвинителство, обвинетиот тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка, така што без особен повод и причина, физички ја нападнал и почнал да ја удира со шлаканици во пределот на лицето и главата и со клоци во пределот на екстремитетите, во пределот на бедрата и кај градниот кош под градите.

- Вториот обвинет во тоа време бил присутен во домот на обвинетиот, но не презел ништо да ја заштити жртвата, туку напротив му давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Во домот била присутна и мајката на првообвинетиот, која се обидела да ја одбрани жената од физичкиот напад, но вториот обвинет ја запрел, обраќајќи ѝ се со зборовите „остани настрана, сами нека го решат проблемот, тоа е нивнa личнa работа”. Допонително, второобвинетиот во моментите на физичкиот напад го бодрел сторителот со зборовите „ако треба заедно со мене ќе ја издржиме казната”, се наведува во соопштението од ЈО.

Од многубројните удари, оштетената се здобила со тешки телесни повреди - набиеници, подливи и мултифрагментарна скршеница на носните коски.

- За првообвинетиот, за кого претходно беше определена мерка притвор, јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи притворската мерка. Предлог за определување мерка притвор беше поднесен и за вториот обвинет, но Судот не го прифати предлогот на обвинителот и не определи мерки, па по приемот на решението надлежниот јавен обвинител ќе вложи жалба на ваквата судска одлука, се додава во соопштението.

Врховен ја уважи жалбата на таткото на Вања, излегува од притвор

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ја уважи. 

Врховниот суд ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

Првите шест француски воени авиони Рафал слетаа во Загреб (ВИДЕО)

Две години и пет месеци откако Министерството за одбрана на Република Хрватска потпиша договор со Франција за купување на ескадрила користени повеќенаменски борбени авиони Рафал, првите шест авиони од типот Ф3-Р слетаа на аеродромот Плесо.

Така започна конечната реализација на зделката вредна 1,2 милијарди евра, што Загреб требаше да ги одвои за 12 авиони, опрема, резервни делови и обука на пилоти.

Летот од Бордо до Загреб траел еден час и 40 минути, а четири едноседи и два двоседи влегоа во хрватскиот воздушен простор над северниот дел на Јадранот.

„Рафал е авион со два мотори што има напредни сензори, напредни електронски системи... Тој е еден од ретките авиони што може да се наполни со гориво во воздухот, односно од други авиони. Има супер крстарење, може да оди со брзина од 1,4 мах без согорување на дополнително гориво, што го зголемува неговиот домет, а ја намалува потрошувачката на гориво И обично ќе најдете во литературата дека не е повеќенаменски авион, туку омни-наменски“, објасни Давор Третињак, раководител на Секторот за оружје и опрема на Министерството за одбрана.

„Добивме авион кој е „менувач на игри“, кој тотално ја менува играта во секој поглед. Со Rafale стануваме респектабилна сила во заштитата на воздушниот простор и им даваме можност на сите други да видат што имаме. Ништо не криеме, но јасно знаеме дека моментално сме во ваква ситуација со Rafale, со неговите способности, со луѓе кои се едуцирани да ја користат таа платформа на сили во регионот и како НАТО сојузник сме за почит“, рече бригадир Станко Хржењак од Одделот за воздухопловна безбедност на ХРЗ.

Идентитетот на луѓето кои биле во Франција на обука за пилотирање на Рафал е тајна.

Свеченоста за прием на првата група авиони се одржа во касарната „Полковник Марко Живковиќ“ во Плесо кај Загреб, каде ќе бидат сместени авионите долги 15,3 метри, со распон на крилата 10,9 метри и висок 5,34 метри. Целиот настан во организација на Министерството за одбрана беше директно емитуван на четвртата програма на ХРТ.

Во комплексот со вкупна површина од околу 20.000 метри квадратни, наменски се изградени нови згради за симулатори и ескадрила, хангар за одржување, згради за одржување на мотори, магацин за резервни делови и хангар за сместување на авиони. Вредноста на целиот комплекс се проценува на околу 37 милиони евра, пишува хрватскиот портал Index.hr.

По заменикот на Шојгу, Русите го уапсија и олигархот Александар Фомин

Ко-основачот на градежната компанија „Олимпсистрој“, Александар Фомин, е уапсен под сомнение дека го поткупил Тимур Иванов, поранешниот заменик на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.

На Фомин му е одреден притвор до 23 јуни, објавија локалните медиуми, пренесе АП.

Според истрагата, Фомин на Иванов и на другите лица инволвирани во корупција им давал услуги „во форма на ослободување од обврската да платат за стоки, работи и услуги поврзани со поправка или реконструкција на зграда“.

Судот во Басман во Москва претходно му одреди притвор и на Иванов до 23 јуни поради примање поткуп при склучување договор за Министерството за одбрана.

Во случајот бил вклучен и Сергеј Бородин, кој исто така е приведен.

Тие се обвинети за примање поткуп во исклучително голема сума.

Во Министерството за одбрана, Иванов ја надгледувал изградбата и ремонтот на ресорните објекти и бил одговорен за организирање на управувањето со имотот на министерството, а, според судот, се здружил со Бородин и трети лица за примање мито при склучување договори за министерството.

притисни ентер