Новак Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид со еден од најголемите ѕвезди во Кина (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра рекреативен меч на Кинескиот ѕид, а противник му беше Ванг Џибо.

Имено, тој е многу популарен во Кина, а покрај глумата и музиката, голема страст има и за трките со мотоцикли, објави Телеграф.

Ѓоковиќ вчера пристигна во Кина, каде ќе игра на Мастерсот во Шангај кој почнува следната недела.

Локалните медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ бил дел од настапот на Кинескиот ѕид како дел од промоцијата на брендот „Лакост“, чиј заштитно лице е тој.

Во текот на денот Ѓоковиќ им се обрати на навивачите во Кина.

- Во Кина сум по пет години, ми недостига. Многу, многу ми е жал што не се видовме на аеродром, ме однесоа на некои блиски излези, но се надевам дека ќе видам многу од вас или во Пекинг или во Шангај. Многу сум возбуден што сум овде во Кина, пред сѐ поради вас кои ми пруживте неверојатна љубов сите овие години - изјави Ѓоковиќ.

Мастерсот во Шангај ќе се игра од 2 до 13 октомври.

Сообраќајот во западниот дел од државата по влажни коловози

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на државните патишта во западниот дел од државата се одвива претежно по влажни коловози, а во источниот дел по суви коловози. 

Внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност за појава од одрони.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, снег паѓа во Крушево, а слаб снег провејува во Петровец и Тетово, додека засилен ветер дува во Штип. Од ноќва се очекува умерен, а долж Повардарието засиелн северен ветер кој ќе надминува и брзина од 70 километри на час.

Пол позиција за Расел во Лас Вегас, Верстапен останува прв на табелата

Британскиот возач Џорџ Расел по четврти пат во кариерата ќе започне трка во Формула 1 од пол-позицијата, откако беше најбрз во квалификациите за неделната трка за Големата награда на Лас Вегас, ноќна трка по улиците на градот.

Расел го извозе кругот со својот Мерцедес за 1:32.212 минути, 98 илјадитинки побрзо од Карлос Саинц во Ферари. Зад нив од вториот стартен ред ќе стартуваат Пјер Гасли (Алпин) и второто Ферари со Шарл Леклер на волан, а од третиот последните двајца преостанати кандидати за титулата - Макс Верстапен (Ред Бул Рејсинг Хонда) и Ландо Норис (Мекларен Мерцедес).

Впрочем, Норис е само тоа на хартија, бидејќи на последните три трки од сезоната би требало повеќе од чудо да го престигне водечкиот Верстапен. Холанѓанецот има 62 поени предност, што значи дека во Лас Вегас му е доволно да биде пред Норис, па дури и да освои два бода помалку од него, за да ја обезбеди четвртата шампионска титула.

Трката започнува утре во 7 часот по средноевропско време, а доколку Верстапен ја освои титулата таму, формалноста ќе биде одложена за една недела, кога ќе вози во Мексико, или во најлош случај за уште една недела и последната трка од сезоната во Бразил.

СДСМ: Најостро го осудуваме палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

СДСМ најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски. 

Бараме МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.

Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого.

Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.

Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер