Ноер викендов се враќа на голот на Баерн

 Голманот Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен откако закрепна од проблемите со тетивата, соопшти баварскиот клуб.

Ноер изминатите денови тренираше индивидуално, а според најавите во германскиот печат, тој ќе биде подготвен да застане на голот на Баерн на саботниот натпревар од Бундеслигата против шампионот Баер Леверкузен.

Ветеранот ја заработи повредата за време на победата на „црвените“ од 9-2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб минатата недела и го пропушти бундеслигашкиот дуел против Вердер (5-0) на крајот од минатата недела. /МИА

Папата за сексуалната злоупотреба: Црквата се справува цврсто и одлучно

Папата Франциск се најде под притисок на белгискиот крал и премиер да преземе поконкретни акции во врска со сексуалната злоупотреба од страна на католичките свештеници, прашање кое доминира во неговата посета на Белгија.

Кралот Филип и премиерот Александар Де Кро на тој проблем предупредија на невообичаено отворен начин за патувањата на папата во странство, кои секогаш се внимателно организирани настани.

Кралот му рекол на папата дека на Црквата и требало „многу долго време“ за да почне да се справува со скандалите. Де Кро додаде дека „треба уште многу да се направи“ и дека „зборовите не се доволни“.

– Мора да се повлечат конкретни потези, рече премиерот.

Во фокусот на посетата на папата Франциск на Белгија треба да биде 600-годишнина од постоењето на двата католички универзитети. Но, телевизиските документарни серии и парламентарната истрага го привлекоа вниманието на тоа како Црквата се справува со педофилските скандали.

Според црковните податоци, од 2012 година во Белгија се пријавени 700 такви случаи.

На состанокот со политичарите во кралската палата во Брисел, папата Франциск ги уверил дека Католичката црква го решава тој проблем.

Папата не зборуваше за конкретни случаи во Белгија, но рече дека однесувањето на свештеникот е спротивно на црковното учење.

- Мислам на трагичните случаи на злоупотреба деца, зло со кое Црквата цврсто и одлучно се справува... спроведувајќи превентивни програми низ светот, рече папата.

Тој додаде дека Црквата мора да се „засрами и да бара прошка“ за злоупотребата на малолетниците, што тој го нарече злосторство.

Во март, папата Франциск го екскомуницира поранешниот бискуп од Бриж, Роџер Вангелува, кој поднесе оставка во 2010 година, откако призна дека сексуално злоставувал внук и уште едно момче во 2011 година.

Папата денеска во Амбасадата на Ватикан треба да се сретне со 15 жртви на свештеничко насилство./МИА

Демант на објавен лажен оглас за продажба на Канал 5 ТВ

Во денешниот број на весникот “Слободен Печат” се појави лажен оглас за продажба на нашата телевизија…

Во огласот , кој за жал не беше проверен од колегите од “Слободен Печат” , одредено лице со лажно претставување како сопственик на Канал 5 ТВ , ја доведе во заблуда јавноста и ни направи сериозна штета.

Поради овој непромислен потег на тоа лице, нашата компанија ќе поднесе кривична пријава до ЈО Скопје со цел спречување на евентуални дополнителни кривично правни настани.

Во Скопје, 27.09.2024

Канал 5 Телевизија

Невреме во Флорида: Маж во кајак се вози низ дневната соба (ВИДЕО)

Ураганот Хелена, од четврта категорија, еден од најсилните во овој век, ја погоди Флорида, а засега се знае дека има шестмина загинати.

Со оглед на тоа што водата навлегла во многу домови и ги остави жителите без место за живеење, некои граѓани мораа да бидат снаодливи.

Имено, жител на Флорида за Си-Ен-Ен изјави дека сметал дека невремето нема да биде сериозно. Така барем му изгледало на почетокот...

„Бурата започна прилично бавно, но бидејќи живеам во близина на вода, одеднаш почна да се крева и водата влегуваше“, рече Хелер.

Тој на социјалните мрежи сподели видео на кое се движи низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија и мебел.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming - Once Monsters

"Тоа беше мојот план ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба", додаде тој.

Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но дека ова е најголемата досега.

Подоцна, тој дури се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој издржал многу бури во текот на својот живот.

@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE ♬ original sound - Matthew Heller
притисни ентер