Неделен хороскоп за 5.-12. август 2024 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 5.-12. август 2024 година.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе ви изгледа како жубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално , зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили , а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето.

Кариера

Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак , ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно.

Здравје и совет

Релаксацијата е најважна.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста , иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо . Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов.

Кариера

Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност , па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се.

Здравје и совет

Одете таму каде што се чувствувате добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Полека влегувате во динамична фаза , кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт , што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате , но ќе бидете задоволни.

Кариера

Ви се отвора врата за соработка , што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани , но тоа е минливо.

Здравје и совет

Верувајте во подобро утре без оглед на се`.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами , ќе ја бараат личноста од соништата.

Кариера

Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност , а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете.

Здравје и совет

Релаксирајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами , би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето.

Кариера

Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија , кои им се допаѓаат.И тоа е некаков пат , но треба да се дојде до себеси ис војата специфичност. Позанимавајте се таквата цел.

Здравје и совет

Полнете ги батериите со релаксација.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома.

Кариера

На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера.Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа , а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите , а и колегите.

Здравје и совет

Недостигот на енергија надополнете го со добар план.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои имаат семејство , ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно .Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период , кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи.

Кариера

Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Конечно ќе дојде до подобрување во врските , иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост , но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре.

Кариера

Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот , па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили.

Здравје и совет

Побарајте хармонија во нештата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случај , послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата , ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа , ќе работат неделава колку за да одработат.

Здравје и совет

Ќе го анализирате своето минато.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително , а се друго ќе наведува на незадоволство , расправии и кавги. Затоа разговарајте , но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди.

Кариера

Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа . Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки , а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри.

Здравје и совет

Не можете без патувања , па ниту сега.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Радост поради луѓето кои ги сакате , пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени ,имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни.

Кариера

Не сакате да се занимавате со се и сешто , но заостанатата работа ќе мора да ја довршите.Станува збор за ситници , за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро.

Здравје и совет

Погледајте добар филм , најдобро комедија.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има нешто помалку привлечност , но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата , а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами , би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања.

Кариера

Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите.

Здравје и совет

Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт.

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер