Навивач на Мајорка осуден за расистички навреди кон Винисиус

Судот во Палма де Мајорка осуди навивач на шпанскиот прволигаш Мајорка кој на натпревар во февруари минатата година на расна основа го навреди фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус.

Навивачот првично беше осуден на една година затвор, но подоцна беше помилуван затоа што испратил писмо со извинување до бразилскиот фудбалер. Истиот навивач беше обвинет и од Виљареал, бидејќи цел на расни навреди беше и Самуел Чуквуезе, тогашен играч на овој шпански прволигаш.

Навивачот на Мајорка е веќе третото лице осудено во Шпанија во изминатите неколку месеци за расизам. Тој доби забрана за настап на фудбалските стадиони во следните три години, а веќе беше вклучен во програмата за еднаквост и борба против дискриминацијата.

Приведени дебрани кај кои е пронајдена марихуана

 Полициските службеници од Одделението за внатрешни работи привеле две момчиња од Дебар,  откако кај нив пронашле марихуана.

- Вчеравечер во 19 часот лишени од слобода се А.Ц.(19)и Ј.К.(19), двајцата од Дебар. При преглед на патничко моторно возило „Пежо“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувале, извршен на пресекот на улиците „Јусуф Грвала“ и “Мојси Големи“ во Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонска кеса со опојна дрога марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Дополнително, при преглед кај А.Ц. пронајдена и одземена е пакување со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. /МИА

Прес-конференција на претседателот на Владата Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија

Прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиска држава

Пет лица уапсени поради ритуално жртвување дете „за доброто на училиштето“ во индиската држава Утар Прадеш.

Седумгодишно момче е убиено во државата Утар Прадеш во северна Индија за време на ритуално принесување жртва за да му „донесе среќа на своето училиште“, поради што се уапсени пет лица, меѓу кои таткото на момчето и директорот на училиштето во кое тоа одело.

Телото на момчето било пронајдено во угостителскиот објект каде што живеело во Хатрас, во близина на Таџ Махал на северот од земјата, изјави полицискиот службеник Брам Синг, јави денеска француската телевизија БФМ.

Покрај таткото на момчето и директорот на училиштето, уапсени се и тројца наставници. Како што соопшти полицијата, сите уапсени го признале делото и се во притвор.

„Момчето требаше да биде запалено на клада како дел од ритуалот, но е убиено пред да заврши ритуалот“, прецизира локалната полиција.

Директорот на училиштето е осомничен и дека имал намера да го изврши истиот ритуал врз друго дете. Индискиот Национален завод за статистика на криминални дела забележа 103 ритуални убиства во земјата од 2014 до 2021 година.

притисни ентер