Наоми Осака му се враќа на професионалниот тенис

Четирикатната грен – слем шампионка Наоми Осака, која не се натпреварува од септември лани, објави денеска оти се надева на враќање на тениските терени на следното издание на Австралија Опен 2024.

Во интервју за американската телевизија ЕСПН, 25-годишната Јапонка Осака, одговори потврдно на прашањето за можен настап на грен – слем турнирот во Мелбурн во јануари. Осака рече дека 16-месечната пауза во неа „повторно го разгорела огнот“, додавајќи оти планира да биде активна во тенисот во текот на целата 2024 година.

Осака привремено се повлече од тенисот, бидејќи во јануари минатата година роди девојче.

Јапонската тенисерка на маргините на УС Опен кој влегува во самата завршница на терените во Њујорк учествуваше на форум за ментално здравје на спортистите, заедно со американскиот пливач Мајкл Фелпс.

И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека и утре ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а наместа во западните и јужните делови пообилни со над 30 l/m.

На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег и дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со појава на магла по одделни котлини.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Ефремов со осуда за нападите

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Ефремов со осуда за нападите кон полициските службеници.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Мартин Ефремов реагира на како што вели „јавниот линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика од каде доаѓа“.

- Секој полициски службеник ако згрешил треба да одговара, но за тоа во Министерството за внатрешни работи постои дисцплинска постапка преку која се утврдува одговорноста на полициските службеници. Ваквиот јавен линч на полициските службеници од страна на политичарите без разлика дали доаѓа од министерот или заменик министерот исто така е пречекорување на нивните овластувања и ставање над законите, колективните договори и постапките, посочува Ефремов.

Полициските службеници, вели тој, се тие што не заслужуваат секојдневно да бидат вмешувани во разни политички конотации за своето постапување или не постапување.

-Вие сте тие што треба да бидете политичкиот штит на нападите кои доаѓаат кон нас и да не дозволувате политиката да се меша во полицијата. Полициските службеници сакаат да слушнат кога ќе добијат повисоки плати во процент како вашиот, кога ќе бидат набавени нова униформа и возила согласно правилниците и до кога ќе бидат последни во државата за привилегии, а први за осуда и критика, пишува Ефремов.

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила два патни правца

Поради врнежи од снег забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, иако коловозите се влажни поради зимските услови. Од 12:20 часот има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар и магистралниот пат Гостивар-Кичево поради врнежи од снег.

АМСМ информира дека е нормализиран сообраќајот на излез од Гостивар кон Стража и дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај е умерен и без задржувања на граничните премин. Умерен е и на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Особено внимателно управување со возилата се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Граѓаните најавуваат дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15 ноември.

притисни ентер