Надал откри кога ќе се пензионира: Многу години поминаа, секој ден исто прашање (ВИДЕО)

Како што одминува времето, сѐ повеќе се зборува за потенцијалното пензионирање на Рафаел Надал од тенисот, но сега Шпанецот, речиси уморен од сите тие гласини, ја демантираше секоја натамошна приказна.

Легендарниот Рафа истакнува дека не е ни блиску до пензија, дека неговиот ум работи на сосема поинаков начин и ќе мора да остане таков за да се обиде да игра тенис на високо ниво.

- Го разбирам тоа. На крајот на краиштата, поминаа многу години, имав многу физички проблеми, особено последните... Низ мојата кариера, но особено последните две години. Тоа е нормално прашање. Она што се случува е дека на крајот доаѓа момент кога не можам да живеам секој ден размислувајќи за повлекување, бидејќи ако го направам тоа, престанувам навистина да се трудам. Затоа, она што го правев сето ова време е дека си дадов време, си дадов шанса повторно да уживам во играњето тенис по година и пол надвор од теренот. И тоа го правам сега, се трудам да уживам во секојдневниот живот. Секогаш го кажувам истото, на крајот, дозволете ми да донесам одлука кога ќе бидам сигурен и тогаш ќе ви кажам. Се трудам секој ден да ги правам работите што е можно подобро. Пред некој ден му реков на еден новинар на Олимпијадата, немој да ме спомнуваш секој ден за пензија на секоја прес-конференција или на секое интервју. На крајот, ако не почнам да верувам секој ден, тогаш морам да се повлечам - изјавил Надал, навестувајќи дека ќе се пензионира кога веќе ќе нема мотивација.

Рафа ја започна својата професионална кариера во 2001 година, а и 23 години подоцна се уште е актуелен и активен во светот на тенисот.

Мецола бара забрзана испорака на ракетите „Таурус“ од Германија за Украина

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола ја повика Германија брзо да започне со испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ за Украина, објави денеска „Тагешау“.

Таа рече дека за тоа има широка поддршка во Европскиот парламент, како и дека Украина не може да чека вечно, со оглед на засилените напади од Русија.

На прашањето дали по САД и земјите од ЕУ треба да дозволат употреба на ракети со долг дострел против цели во Русија и дали Германија ќе мора да го испорача ракетниот систем „Таурус“, Мецола на новинарите им одговори потврдно, наведувајќи дека тоа е ставот на ЕП.

„Да, тоа е и ставот на Европскиот парламент. Има широка поддршка за ова барање“, рече Мецола.

Таа наведе дека Украина „не може да продолжи да чека вечно“, бидејќи избори се одржуваат во западната земја, односно во Германија, додека „во Украина секој ден гинат луѓе во војната“.

Јонсон: Шведска ќе го финансира производството на украински дронови со голем дострел

Шведска наскоро ќе објави распределба на „значајни“ инвестиции за развој и масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала во Украина.

Шведска наскоро ќе објави распределба на „значајни“ инвестиции за развој и масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала во Украина, изјави шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Рустем Умеров.

Тој истакна дека помошта на Шведска за Украина е планирана за 2025-2026 година околу 25 милијарди шведски круни (2,2 милијарди евра).

„Подготвени сме да направиме повеќе доколку е потребно. Денеска, исто така, објавуваме дека ја продлабочуваме соработката и шведската влада е подготвена да обезбеди значителни средства за масовно производство на ракети со долг дострел и беспилотни летала“, рече Џонсон.

Тој истакна дека тоа ќе биде направено според „данскиот модел“, односно со насочување средства кон украинскиот одбранбено-индустриски комплекс (ОДЦ).

„Шведска е подготвена да соработува со партнерите и сојузниците за понатамошен развој и проширување на можностите на Украина со долг дострел. Украина мора да има се што ѝ е потребно за одбрана“, нагласи шведскиот министер за одбрана.

Тој, исто така, потсети дека Шведска не постави никакви ограничувања за употреба на шведско оружје за Украина.

„Украина го остварува своето право на самоодбрана во согласност со нормите на меѓународното право. Поддршката на Украина не е ескалација“, нагласи Џонсон, пренесува Suspilne.

Украинскиот министер за одбрана по средбата изјави дека ова е уште еден чекор кон зајакнување на украинската одбрана.

„Ова е уште еден чекор кон зајакнување на одбранбената способност на Украина, што ја покажува довербата на нашите партнери во нашиот воено-индустриски потенцијал“, објави Умеров на Фејсбук по средбата со неговиот шведски колега.

Министрите за одбрана разговараа и за плановите за финансирање на помошта за Украина за 2025 година.

Умеров нагласи дека двете земји работат на тоа оваа поддршка да биде уште поголема и да се задоволат реалните потреби на украинските бранители.

„Посебен фокус е на опремување на нашите бригади. Ги финализираме договорите со нашите нордиски партнери“, истакна украинскиот министер.

Златан Ибрахимовиќ и сопругата изгубија на суд – не можат од станот да избркаат несакан цимер

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и неговата сопруга Хелена Сегер го загубија случајот против маж кој живее во зграда во нивна сопственост.

Повеќе од две години се чекаше пресуда за овој случај кој ја потресе цела Шведска, а малкумина очекуваа дека Судот ќе пресуди во корист на споменатиот човек, објави Мондо.

Пресудата беше прочитана во четвртокот и во неа е наведено дека закупецот чие име не се споменува во медиумите, има право да престојува во споменатата зграда бидејќи му бил прекршен претходниот договор со агенцијата за недвижности. И не само тоа, Златан Ибрахимовиќ освен што треба да продолжи да го „трпи“ несаканиот станар во зградата, треба да му платат и судски трошоци од околу 30 илјади евра, што на крајот ќе биде најмалоот нешто за нивните проблеми.

Судот остави можност брачната двојка Златан Ибрахимовиќ - Хелена Сегер да поднесе жалба на оваа пресуда, а нема сомнеж дека тоа ќе го сторат, а рокот е 13 декември.

Во 2022 година, брачната двојка купила зграда во Естермалм, луксузен кварт во Стокхолм, за околу 11 милиони евра, но оттогаш тие практично не можат да се вселат во неа - или да направат нешто со неа поради споменатиот станар. Тие го откажале договорот со фирмата за недвижности со која претходниот сопственик имал договор за закуп, но еден станар одбил и не сакал да се исели. Наместо тоа, ги тужел Хелена Сегер и Златан Ибрахимовиќ, сметајќи дека има право да остане да живее во зградата, а сето тоа поради законот во Шведска кој бил променет во 2022 година и кој донел некои нови поволности за станарите.

На крајот, станарот добил право да остане во таа зграда и да ужива речиси идентични права како сопственикот, што Ибрахимовиќ и неговата сопруга сметаат дека е бесмислено.

Тие водеа преговори, неуспешно, и не помогна тоа што Хелена Сегер пред судот објасни дека планира да ја реновира целата зграда (вила) и дека собите во кои престојувал неименуваниот човек - сега нивен цимер - сакале да ги претворат во канцеларии. Очигледно може да заборават на тоа.

Златан и Хелена на споменатиот станар дури му понудиле и замена за стан, што тој го одбил со оглед дека не е „еднаков на оној во кој моментално престојува“, што особено ги изнервирало и истакнале дека тој сигурно не бил легално пријавен на таа адреса. Затоа биле сигурни дека ќе победат на суд, но веќе две години минуваат низ проблеми бидејќи се работи за сериозна инвестиција за која се надеваа дека веќе ќе почне да се исплатува.

„Нема што повеќе да се каже на таа тема. Одговорот ќе го добиеме следната недела. Па вие новинарите знаете повеќе од мене, изгледа ќе дознаете сѐ пред мене. Но ќе дојде за една недела, па да ја почекаме пресудата“, рече неодамна за шведски „Спортбладет“Златан Ибрахимовиќ и додаде дека ќе ја почитува одлуката каква и да е.

Вети дека после тоа ќе дојде изјава, па ќе видиме дали ќе ја слушнеме веднаш - или по жалбата.

притисни ентер