Надал ја донесе првата деловна одлука по заминувањето во пензија

Само неколку дена откако официјално ја заврши кариерата и се пензионираше, Рафаел Надал ја донесе првата деловна одлука и најави нова локација за изградба на својот хотел.

Надал не мораше долго да чека за да направи големи чекори по повлекувањето од тенисот, бидејќи неговиот синџир хотели „ZEL Born“ најави нова локација за еден од неговите хотели во Доминиканската Република.

Рафа го основа овој синџир хотели минатата година, заедно со Габриел Ескарер, директор на Melia Hotels International, а нивната визија беше инспирирана од традиционалните медитерански куќи и нивната култура на живот на отворено.

- Новиот луксузен хотел ЗЕЛ Пунта Кана ќе биде лоциран на плажата Кортесито, на прекрасниот брег на Бавара, кој е идилична дестинација за секој патник кој сака да ужива во песочните плажи и кристално чистото море. Хотелот кој располага со 190 соби е трет по ред по отворањето на ЗЕЛ Мајорка лани и ЗЕЛ Коста Брава на почетокот на летово - се вели во соопштението.

Иако официјално не потврди, се добива впечаток дека Надал ќе се занимава со хотелиерство по неговото повлекување од играњето. Да потсетиме, тој неодамна беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп на стартот од Дејвис купот, а на првиот чекор испадна и самата Шпанија.

Се огласи Ѓоковиќ по веста дека Енди Мареј му е нов тренер: Време е за нашиот последен чин

Веста дека Новак Ѓоковиќ си најде нов тренер и дека во 2025 година ќе го тренира Енди Мареј, еден од неговите најголеми ривали, се појави како од ведро небо, како што и самиот потврди преку социјалните мрежи.

Новак Ѓоковиќ објави видео клип во кој има компилација од нивните дуели, додека самиот Мареј беше дел од „големата четворка“, односно во еден период успеа да се прикраде и да ја заземе првата позиција на АТП листата покрај Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Енди Мареј постигна голем успех, а сега ќе го тренира Новак Ѓоковиќ.

Еве зошто српскиот тенисер објави видео во кое го претставува „својот нов тренер“.

- Од момчиња игравме еден против друг, 25 години бевме големи ривали, се форсиравме надвор од нашите граници. Имавме некои од најголемите битки во нашиот спорт. Нè нарекоа менувачи на игри, преземачи на ризик и создавачи на историјата. Мислев дека нашата приказна е завршена, но ќе има последен чин. Време е еден од моите најголеми ривали да застане во мојот агол, тренерот Енди Мари е добредојден – изјави Новак Ѓоковиќ.

Руте идната недела ќе ги посети Анкара и Атина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се очекува на 25 ноември да ја посети Анкара, а на 26 ноември Атина.

Руте во Анкара ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и министерот за одбрана Јашар Ѓулер. Тој ќе разговара и со претставници на турската одбранбена индустрија, ќе ги посети капацитетите на турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ и ќе положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Аниткабир во Анкара.

На 26 ноември Руте ќе ја посети Атина, каде ќе се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за одбрана Никос Дендиас, според соопштение од НАТО.

Хамас: Израелска заложничка загина во нападот на ИДФ, уште една е во критична состојба

Вооруженото крило на Хамас соопшти дека израелска заложничка загинала во северниот дел на Газа, откако областа била нападната од израелските одбранбени сили.

„По обновувањето на контактот со борците на отпорот одговорни за заштита на израелските затвореници, потврдено е дека израелска затвореничка е убиена од силното израелско бомбардирање во северниот дел на Газа“, изјави портпаролот на Хамас.

Портпаролот на бригадата Ал Касам, Абу Обаида додаде: „Уште една заложничка е критично“.

Тој рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговата влада и воените лидери „ја сносат целосната одговорност за животите на заложниците“.

„Тие се оние кои инсистираат да им ги нанесат нивните страдања и смрт“, додаде тој.

ИДФ допрва треба да ги коментира овие тврдења.

Инаку, се верува дека во Газа се уште има 101 израелски заложник, кои Нетанјаху вети дека ќе ги лоцира.

притисни ентер